3Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
СветНајмалку 20 загинати, од кои петмина новинари во израелски напад на болница во Газа- стигна осуда од целиот светИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изрази жалење за нападот врз болницата Насер во Кан Јунис во Појасот Газа, во кој загинаа 20 лица, вклучувајќи пет новинари.„Израел длабоко жали за трагичната несреќа што се случи денес во болницата Насер во Газа. Израел ја цени работата на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили“, рече Нетанјаху. Следат осуди Дражавите го осудуваат израелскиот напад врз болницата Насер во Газа, во кој беа убиени новинари, здравствени работници и цивили, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е среќен поради тоа“ и дека е потребно да се „заврши кошмарот“, објави Франс 24. . Денеска Израел ја нападна болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа. Меѓу загинатите се пет новинари кои работеа за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други медиумски куќи. Трамп изрази незадоволство од израелскиот напад врз болница во Газа во кој загинаа најмалку 20 лица, велејќи дека не бил однапред информиран за нападот. Трамп: Па, не сум среќен „Па, не сум среќен поради тоа. Не сакам да го гледам. Во исто време, мора да го завршиме тој... кошмар“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Израелската војска призна дека го нападнала подрачјето на болницата Насер и рече дека началникот на Генералштабот наредил истрага. Во соопштението, Израелските одбранбени сили (ИДФ) изразија жалење за штетата предизвикана на „независни лица“ и рекоа дека тие не ги таргетирале новинарите. Макрон: Неприфатливо Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека израелските напади врз болница во Газа се „неприфатливи“, а германското Министерство за надворешни работи повика на истрага за нападот во објава на X и рече дека е шокирано од убиствата на неколку новинари, членови на службите за итни случаи и цивили. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, остро го осуди израелскиот напад врз болница во Газа и повика на брза и непристрасна истрага. Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) се придружи на осудата на нападите и го повика Израел да престане да ги таргетира здравствените установи. „Прекинете го огнот сега“ „Додека луѓето во Газа гладуваат, нивниот веќе ограничен пристап до здравствена заштита е дополнително осакатен од повторените напади“, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на X. „Не можеме доволно гласно да го кажеме: СТОП на нападите врз здравствената заштита. Прекини го огнот сега!“, се вели во соопштението. Тој рече дека 50 лица се ранети во нападите, вклучувајќи и сериозно болни пациенти кои веќе примале нега.Тагови: Газа новинари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапредСо најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење. Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор. Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси. Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година. Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook