Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
1Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
СветНајмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во ЕгипетСветски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за утре во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа, соопшти претседателството на Египет.Состанокот се одржува откако претходно оваа недела беше постигнат прекин на огнот и договор за ослободување на заложници меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, во рамките на мировниот план на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп и египетскиот претседател Абдел-Фатах ел-Сиси ќе копретседаваат со состанокот, кој официјално е насловен како „Мировен самит во Шарм ел-Шеик“, стои во соопштението на претседателството објавено доцна синоќа. Самитот има за цел да ја заврши војната во Појасот Газа и да ги засили напорите за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток, се наведува во соопштението. Имињата на присутните официјално не се објавени. Францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, веќе го потврдија своето присуство, пренесе ДПА. Британскиот премиер Кир Стармер исто така ќе присуствува, објави британската новинска агенција ПА, повикувајќи се на владини извори. Германскиот канцелар Фридрих Мерц добил покана да учествува, според владини извори. Некои медиуми јавија дека на самитот ќе присуствуваат и турскиот претседател, премиерите на Шпанија и Пакистан, како и бахреинскиот монарх. Трамп веќе изрази интерес да отпатува во Египет на церемонијата на потпишување на мировниот договор за Газа, по неговата посета на Израел. Прекинот на огнот – кој го означува првиот чекор во планот за целосен крај на двегодишната разорна војна меѓу Израел и Хамас – стапи во сила во петокот. Договорот предвидува ослободување на сите преостанати заложници во Појасот Газа и повлекување на израелските сили до меѓусебно договорена линија во крајбрежната територија. Тагови: Египет Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаГермански политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите. Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба. Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција. Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица. Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини. Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. „Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена! Билјана пријавила насилство и смртни закани, девојка од 17 години бегала од насилникот и живеела во страв! И сега пред нас се болни и тешки прашања на кои надлежните мора да дадат одговори. Што работат институциите кога една девојка ќе пријави дека некој ѝ се заканува животот?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП само во последната година два пати го достави предлогот за електронска нараквица за сторителите на семејно насилство во Собранието. Наместо како досега, без соодветен надзор, на насилниците со електронската нараквица ќе им се контролира движењето и навремено ќе ги известува жртвата и надлежните служби доколку тоа е различно од судската наредба. „Со одбивањето на нараквицата на совест имате уште една жена! Најстрога казна за злосторниците е задолжителна. Но и таа не е доволна. Казната мора да ги стигне и оние кои можеа да го спречат ова злосторство, но свесно и со умисла, одлучија дека глупави изговори се доволни за одбивање на предлогот за електронската нараквица. Казна за соучесништво мора да има и за тие кои не постапувале! Без тоа, правдата нема да биде задоволена”, децидна е претседателката Зајкова. ЛДП бара целосно расчистување на грозоморниот случај во Богданци, проверка на постапувањето на надлежните институции и одговорност доколку се утврдат пропусти. Уште колку Ивани, Росици и Билјани треба да ни се случат за конечно институциите да почнат да функционираат и да ги заштитат оние на кои заштитата им е најпотребна! Доста е од декларативна заштита на жените! Доста е со изразување сочувства по трагедиите! На жените не им требаат празни ветувања, потребни се држава и институции кои ќе ги заштитат пред да биде предоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter