Најмалку 2.000 луѓе се затрупани во свлечиште во Папуа Нова Гвинеј (ВИДЕО) - Канал 5

Најмалку 2.000 луѓе се затрупани во свлечиште во Папуа Нова Гвинеј (ВИДЕО)

Очајни луѓе копаат низ урнатините за да најдат преживеани и да извлечат тела додека Папуа Нова Гвинеја продолжува да се бори со лизгање на земјиштето во кое се проценува дека загинале најмалку 670 луѓе.

Најмалку 2.000 луѓе се затрупани во свлечиште во Папуа Нова Гвинеј (ВИДЕО)

Повеќе од 2.000 луѓе се затрупани во лизгање на земјиштето во населба на северот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти денеска Националниот центар за природни катастрофи на Папуа Нова Гвинеја.

„Свлечиштето затрупа повеќе од 2.000 луѓе, доведе до големо уништување на згради и предизвика големи шокови во економијата на земјата“, се наведува во писмото испратено од Центарот до Обединетите нации.

Падот на планината во петокот рано наутро за време на силен дожд збриша раздвижено село во провинцијата Енга, при што штетата се протега речиси еден километар, објавија набљудувачите.

Досега се извлечени помалку од десет тела, а напорите се отежнати поради урнатините длабоки 10 метри на некои места и недостатокот на соодветна опрема.

Локалните медиуми објавија дека еден пар бил извлечен жив од урнатините, бидејќи нивниот дом, на работ на погодената област, не бил целосно затрупан.

Персоналот за итни случаи распореден во регионот има приоритет на евакуацијата на луѓето од областите каде што условите остануваат небезбедни, изјавија официјални лица за Би-Би-Си.

Австралија е еден од најблиските соседи на Папуа Нова Гвинеја и долго време ѝ нуди безбедност и поддршка.

Отпадоците од лизгање на земјиштето, кои вклучуваат големи камења, дрвја и поместена почва, во некои области се длабоки и до 10 метри.

YouTube video

Повеќе од 150 куќи се затрупани, а околу 1.250 луѓе се раселени.

Свлечиштето го блокира пристапот до автопатот, поради што до областа може да се стигне само со хеликоптер.

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Џејмс Марапе изјави дека во потрагата по преживеани и пружање помош учествуваат припадници на итните служби, војската и комуналните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер