Најмалку 19 загинати во израелски воздушен напад на истокот на Либан - Канал 5

Најмалку 19 загинати во израелски воздушен напад на истокот на Либан

Вкупно 19 лица загинаа денеска во воздушни напади на Израел во пошироката област на древниот град Балбек во источен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Најмалку 19 загинати во израелски воздушен напад на истокот на Либан

11 од нив загинале во нападот на селото Мазрет Беит Салиби, соопшти Министерството. Уште осум лица загинале во друг воздушен напад во областа, на населбата Беднаџел, се додава.

Според Министерството, меѓу загинатите има осум жени. Претходно денеска израелската армија го нападна Балбек, повикувајќи на рана евакуација, изјавија очевидци.

Драма во БиХ: Бикови влетаа во публиката за време на масовна манифестација (ВИДЕО)

Борбата со бикови во селото Бијело Поље во близина на Какањ, кое собира голем број гледачи во централна Босна, речиси заврши трагично кога вратата од арената остана отворена за време на борбата.

Драма во БиХ: Бикови влетаа во публиката за време на масовна манифестација (ВИДЕО)

Борбата со бикови во селото Бијело Поље во близина на Какањ, кое собира голем број гледачи во централна Босна, речиси заврши трагично кога вратата од арената остана отворена за време на борбата, што им овозможи на два бика да избегаат во публиката, објави Индекс.

Според достапните информации, никој од публиката не е повреден, но настанот предизвика паника и повторно ја отвори дебатата за безбедноста и етиката на ваквите настани.

Борбите со бикови, имаат долга историја во Босна и Херцеговина и се сметаат за дел од културното наследство, особено во руралните области каде што зачувувањето на обичаите и идентитетот е исклучително важно.

Вакви натпревари се одржуваат со векови, а најпознати се Чевљанската и Грмачката корида, кои собираат до 60.000 гледачи, додека се проценува дека на најпознатите настани учествуваат до 100.000 луѓе од целиот регион и од странство. Слично е и во Бијело Поље, каде што борбите привлекуваат илјадници посетители.

YouTube video

Бикијади се одржуваат и во Хрватска

Борбата со бикови не е специфична за Босна и Херцеговина.

Традиционално, тие се најпознати во Шпанија, Португалија и јужна Франција, каде што често се крвави и завршуваат со смрт на животното, додека во Босна и Херцеговина и Хрватска, биковите се борат едни со други без учество на луѓе, а целта е да се принуди противникот да се повлече, а не до смрт.

Во Хрватска, натпреварите најчесто се одржуваат во Далматинска Загора, на пример во Шестановац, Радошиќ, Дичм и Огорје, а настаните се легални благодарение на исклучок во Законот за заштита на животните, кој дозволува „традиционални натпревари со бикови“.

Посетеноста на некои хрватски бикијади достигнува од неколку стотици до неколку илјади гледачи.

Критика кон здруженијата за заштита на животните

Борбите со бикови во регионот редовно се критикувани од здруженијата за заштита на животните, кои предупредуваат на стрес, физичка исцрпеност и можни повреди на животните, како и опасност за гледачите, што е потврдено со инцидентот во Бијело Поље.

Иако во БиХ и Хрватска се тврди дека борбите не се толку крвави како во Шпанија, противниците истакнуваат дека животните се изложени на непотребно насилство и стрес, а организаторите честопати ги оправдуваат настаните со традиција и културна вредност.

Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.

Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во с.Ракитница,демирхисарско . Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Нилски коњ нападна туристи во зоолошка градина во Кина (ВИДЕО)

Видео од неверојатен „напад“ врз туристи во кинеска зоолошка градина стана вирално на социјалните мрежи, но тоа не е изненадувачки бидејќи секако е нешто што не се случува често.

Нилски коњ нападна туристи во зоолошка градина во Кина (ВИДЕО)

Имено, нилскиот коњ излезе од водата веднаш до оградата на зоолошката зад која беше собрана маса туристи, а потоа полека почна да се свртува кон водата.

Луѓето, вклучувајќи ги и малите деца, немаа поим што ќе се случи, и се случи нешто што ги натера сите да се разделат што подалеку можеа.

Нилскиот коњ решил да испушти гасови, насочувајќи ги директно кон насобраните туристи.

„Нилскиот коњ Цумеи ги напаѓа туристите во зоолошка градина во Кина - дува директно во нивните лица 15 секунди. Чуварот се обиде да ги предупреди, но беше предоцна“, се вели во описот.

Недолго откако видеото беше објавено, стана популарно, а коментарите под него изгледаа како еден вид натпревар во тоа кој има најдобро чувство за хумор.

притисни ентер