Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?
1Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?
2Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
СветНајмалку 17 загинати и десетици повредени во руски напад врз Киев, меѓу жртвите и децаНајмалку 17 луѓе, меѓу кои и четири деца загинаа во еден од најжестоките руски воздушни напади врз Киев.. Сирени за воздушен напад оддекнаа во Киев околу три часот изминатата ноќ најавувајќи ги руските дронови и ракети кои како огнени топки завршуваа во станбени згради. Најновиот напад на Москва врз Киев зема најмалку 15 човечки животи, вклучувајќи четири деца на возраст од 2 до 17 години, а неколку десетици се повредени, соопштија украинските властите, пренесуваат светките медиуми. Дел од повредените Украинци сведочат за тоа како ја поминале ноќта откако ги чуле ракетите кои паѓеле од небо и велат дека не им е јасно како останале живи под урнати ѕидови, прозорци и мебел. „Беше како флеш пред очи, а потоа се почна да се руши. Не разбирам како се уште сме живи, целиот мебел кој беше приклештен до ѕидовите падна врз нас. Но, преживеавме.“ „Во три часот ноќта јас спиев со кучето до мене. Првиот повратен удар од ракетите ги распрсна прозорците, а вториот ги откорна вратите, по него истрчав надвор на улица.“ Некои, по нападот, со куфери и милениците в раце ги напуштаа живеалиштата. „Си велам, ова не е првпат Русија да ми го сруши домот. Првиот пат беше во Донецк, потоа во Харков, а сега и тука.“ Според официјалните информации од Киев оштетени се над 20 локации низ градот и околината, освен станбени згради, деловни објекти и трговски центар лоциран во центарот. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека нападот бил извршен со дронови и балистички, крстосувачки и хиперсонични ракети „Кинжал“. „Путин единствено ја разбира моќта на силата. Ние Украинците мора да бидеме силни, а нашата сила „лежи“ во нашата сплотеност, со нашите европски и американски партнери. Заедно можеме да се спротивставиме на оваа инвазија. Ова значи модерно оружје, тешки санкции и притисок од интернационалната заедница за крај на овој хорор.“ Додека, со тешка механизација се уште трага по преживеани под урнатините украинскиот претседател Володимир Зеленски, реагирајќи на нападот, преку социјалните мрежи посочи дека „Кремљ наместо преговарачката маса избра балистички ракети “ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп прави дипломатски напори да се стави крај на војната. Во меѓувреме, осуда за нападот пристигна од највисоките функционери на Европската унија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави заострување на санкциите кон Русија. „Огорченa сум од нападот врз Киев, кој ја погоди и нашата канцеларија во ЕУ. Ова беше најсмртоносниот напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град од јули. Ова покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, убивајќи цивили - мажи, жени и деца, па дури и насочувајќи се кон Европската Унија. Затоа вршиме максимален притисок врз Русија. Тоа значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе излеземе со нашиот 19-ти пакет строги санкции.“ И комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос смета дека нападот е јасен сигнал дека Русија го отфрла мирот, а Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласи дека Европа нема да се заплаши од рускиот терор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Други спортовиМакедонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во ПолскаУште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена! Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска, запишувајќи значаен резултат за Македонија.Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“, со што се вброи меѓу најдобрите натпреварувачи во својата категорија на светско ниво. Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме, остварувајќи резултат што претставува успех не само за неа, туку и за македонската танцова сцена. Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот. Бронзениот медал на Анастасија Палчевска претставува повод за гордост и инспирација за новите генерации млади танчери во Македонија. Со овој успех, македонскиот танц добива уште едно значајно меѓународно признание, а Анастасија Палчевска уште еднаш покажува дека талентот, трудот и посветеноста се вистинскиот пат до светскиот врв.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаМанасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор.Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде. Дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однесе на јахтата на Заев на Егејското море или отиде на рехабилитација во Дубаи? По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите. Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам АлиевПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес. Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање. Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22