Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и Германија
1Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и Германија
3Заврши првата рунда преговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби- состанокот траеше четири часа, продолжува утре
Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
2Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
БалканНајмалку 12 загинати и 50 повредени во верижни судири на автопат во БугаријаКатастрофални последици од двете верижни сообраќајки на автопатот „Тракија“ во Бугарија што рано утринава се случија кај местото Зимница во југоисточниот дел на Бугарија. Вкупно 86 возила учествувале во судирите, а билансот е 12 загинати и 50 повредени лица. Увидот и истрагата на местото, допрва треба да ги утврдат причините за несреќата, но една од причини за трагедијата која се посочува е густата магла, поради која видливоста на автопатот во одреден момент се намалила на само десет метри. Деталите од трагедијата ги соопштија претставници на бугарското МВР на брифинг на местото на несреќата. Според нив, во правец кон Бургас учествувале 63 возила, додека во спротивната насока се судриле 23 возила. -Вкупно во верижната сообраќајна несреќа во двете сообраќајни ленти учествувале 86 возила – од кои 63 на коловозната лента во правец кон Бургас и 23 во насока кон Софија. Утврдени се вкупно 50 повредени лица, кои се распределени во три области – 28 во Сливен, 16 во Јамбол и 6 во Бургас. Утврдени се 10 загинати лица на самото место, а едно лице починало подоцна во болничка установа на територијата на Сливен,- изјави – Љубомир Николов – В.д главен секретар на МВР. Страшни сцени, искршени автомобили и камиони, повредени луѓе заробени во возилата. Вака очевидците ја опишуваат драмата на автопатот. Според нивните сведоштва, густата магла дополнително ја отежнувала видливоста, а возачите во последен момент ги забележувале возилата пред себе. Судирите се случувале еден по друг, без можност дел од учесниците во сообраќајот навреме да реагираат. -Глетката беше ужасна. Помогнав колку можев, качивме неколку луѓе во амбулантните возила. Ја видов густата магла, јас возев доста бавно, успеав да запрам на време и го избегнав автобусот. Според мене возеа доста бргу. Ако јас возев со 60 км/час тие ме претекнуваа. -Самиот ужас беше во автобусот внатре затоа што паѓаше од горе од прозорците, сите се скршија, паќаше стакло. Ние бевме еден преку друг, кој паднал кој се удрил, кој приклешетен и не може да излезе. И кога излеговме надвор почнавме да се оддалеќуваме од автобусот да не се запали. -Не удри и не исфрли кон банкината, ја закачивме и таа кола и додека сите излеговме за неколку секунди сите коли се удрија во нас. Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта. Веста за трагедијата бугарскиот премиер Румен Радев го затекна за време на средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави ангажирање дополнителни ресурси за транспорт на повредените. -Веднаш по слетувањето наредив министерот Демерџиев да замине со владиниот авион за Бургас, за да може да ги транспортира повредените до болниците во Софија. Резултатот во моментов е 11 загинати и 48 ранети. Остануваме целосно подготвени за евакуација на ранети од Сливен, Јамбол и Бургас во болницата во Софија,- изјави – Румен Радев. Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и ГерманијаПовеќе од 200.000 луѓе го користеле WiFi4WB - (WiFi за Западен Балкан) бесплатниот интернет низ Република Македонија од почетокот на имплементацијата на иницијативата, што ја покажува големата побарувачка за бесплатен јавен интернет пристап.Овој значаен резултат беше одбележан денеска во Скопје, каде што претставници на Европската Унија, Германија и Владата на Република Македонија се собраа по повод завршувањето на поставувањето на WiFi бесплатниот интернет во сите 64 општини кои учествуваат во иницијативата. Преку WiFi4WB, бесплатен јавен Wi-Fi е достапен на јавни површини избрани од општините, вклучувајќи плоштади, паркови, културни центри, библиотеки и други локации што ги користат локалните заедници. Иницијативата има за цел да го направи пристапот до интернет подостапен и да овозможи повеќе луѓе да ги искористат можностите што ги нуди дигитализацијата, независно од тоа каде живеат. WiFi4WB е дел од EU4Digital, регионална програма која ја поддржува дигиталната трансформација и поврзаноста низ Западен Балкан. Иницијативата е кофинансирана од Европската Унија и Германската Влада, а ја спроведува Германското Друштво за Интернационална Соработка - ГИЗ, во соработка со националните институции, општините и Македонски Телеком. Осврнувајќи се на ова достигнување, Михаел Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Македонија, изјави: „Дигитализацијата е еден од главните приоритети на ЕУ. Инвестираме многу во оваа област, вклучително и во нашите партнерски земји како Македонија. Надоградувајќи се на најдобрите практики и искуство од ЕУ, овој проект им нуди на граѓаните еднакви можности во дигиталната сфера преку обезбедување бесплатен Wi-Fi пристап на јавни места, од кој имаат корист и жителите и посетителите. Тоа е опиплив пример за тоа како поддршката од ЕУ се преведува во конкретни, секојдневни придобивки за луѓето и заедниците низ целата земја.“ Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија во Република Македонија, ја истакна посветеноста на Германија на дигиталната инклузија и регионалната соработка: „Сигурниот пристап до интернет повеќе не е само прашање на погодност. Тој е од суштинско значење за пристап до образование, јавни услуги, информации и вработување, како и за целосно учество во брзорастечкото дигитално општество. Сепак, пристапот до овие можности не е секогаш еднаков. Географијата и локалната инфраструктура сè уште можат да одредат колку лесно луѓето се поврзуваат со дигиталниот свет. Токму ова е јазот што преку овој проект се обидовме да го решиме.“ Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, ја нагласи важноста на достапната поврзаност за дигиталниот развој на земјата: „Вистинскиот успех на дигиталната трансформација не се мери во кабинетите, туку на улиците, во парковите и во секојдневието на нашите граѓани. Денес, со бесплатен и брз интернет на 72 јавни локации во 64 општини и над 204 илјади корисници, покажуваме дека дигитализацијата не е само стратегија на хартија, туку реална придобивка за граѓаните.” Министерот во продолжение истакна и дека поврзаноста повеќе не е луксуз, туку предуслов за еднакви можности, модерни јавни услуги и општество во кое никој нема да биде оставен настрана од дигиталниот напредок. Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком, ја истакна вредноста на јавната интернет-поврзаност за локалните заедници: „Улогата на Македонски Телеком во овој проект е да обезбеди врвна поврзаност, бидејќи дигиталната инклузија има вистинска вредност само кога е поддржана од највисоките стандарди. Горди сме што ја споделуваме визијата за модерно, поврзано и инклузивно општество со нашите партнери и, како партнер за имплементација на WiFi4WB, придонесуваме за нејзино остварување. Остануваме посветени на градење дигитално општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да учествува.“ Низ Западен Балкан, WiFi4WB обезбедува околу 500 бесплатни јавни Wi-Fi мрежи за заедниците во регионот. Инспирирана од програмата на ЕУ WiFi4EU, преку која се поврзани повеќе од 7.000 заедници низ Европа, иницијативата придонесува за посилна регионална дигитална поврзаност и поголемо усогласување со европските дигитални стандарди. Завршувањето на поставувањето на WiFi бесплатните јавни мрежи во Република Македонија претставува важен чекор кон поповрзано и дигитално поинклузивно општество, при што фокусот сега се насочува кон обезбедување континуирани придобивки за заедниците од воспоставената инфраструктура.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУтре е Ден на жалост во Бугарија- снимките со дрон го покажуваат ужасот на верижниот судар (ВИДЕО)На автопатот Тракија во Бугарија се случи трагедија, во која, според последните информации, загинаа 12 лица, додека 50 лица се повредени.Поради магла и несоодветна брзина на возење, се случија неколку верижни судири, во кои учествуваа 86 возила. Властите воведоа делумна вонредна состојба што ги опфаќа општините Јамбол, Тунџа и Стралџа. Одлуката е донесена поради вонредни околности и големата материјална штета предизвикана од тешката сообраќајна несреќа. Исто така, беше одлучено 12 ноември да се прогласи за Ден на жалост во Бугарија. Премиерот Румен Радев најави дека ќе го посети местото на трагедијата на автопатот кон Бургас, додека властите апелираа до доброволни дарители на крв да им помогнат на повредените. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се објавени снимки од дрон, кои го покажуваат ужасниот обем на трагедијата во Бугарија. Drone footage reveals the horrifying scale of the tragedy on Bulgaria’s Trakia Motorway. Over 50 vehicles, including cars and trucks, were involved in the massive pile-up, leaving at least 12 people dead and dozens injured. One of Bulgaria’s deadliest road disasters. 😭 https://t.co/NfyVJyGotH — една българка (@transbulgaria) November 10, 2026 Според сведоците, причина за трагедијата била големата брзина. Како што изјави еден од нив, видливоста била само еден до два метра. „Најголемиот ужас беше во автобусот. Бевме еден врз друг. Кога излеговме, почнавме да се оддалечуваме од автобусот за да не се запали“, рече жена од автобусот полн со луѓе кои одеа на одмор.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши првата рунда преговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби- состанокот траеше четири часа, продолжува утре Трилатералните преговори меѓу Украина, САД и Русија за завршување на војната во Украина завршија во Абу Даби, а разговорите ќе продолжат утре наутро, 11 ноември, соопшти украинската служба за надворешно разузнавање.„Денешните разговори штотуку завршија. Ќе продолжат утре наутро“, се вели во соопштението. Досега не се објавени информации за резултатите од првиот ден од разговорите, објавува „Укринформ“. Средбата зад затворени врати траеше речиси четири часа, објавува РИА Новости, повикувајќи се на извор запознаен со разговорите. Средбата започна во 12:12 часот по локално време и се одржа со една кратка пауза. На почетокот од разговорите, шефот на руската делегација, Владимир Медински, изрази надеж дека разговорите ќе овозможат напредок кон мирно решавање на конфликтот во Украина. Специјалниот претставник на американскиот претседател, Џаред Кушнер, објави дека разговорите нема да се фокусираат само на завршување на конфликтот, туку и на идната безбедносна архитектура на Европа. Руската делегација ја предводи Медински, додека американската страна, покрај Кушнер, ја претставуваат специјалниот пратеник Стив Виткоф и врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа Алексис Гринкевич. Украинската делегација ја предводи шефот на Службата за надворешно разузнавање Рустем Умеров, а во неа се и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Буданов, лидерот на парламентарната група на партијата „Слуга на народот“ Давид Арахамија, заменик-шефот на претседателската администрација Сергеј Кислица и заменик-шефот на Главната дирекција за разузнавање на украинското Министерство за одбрана Вадим Скибицки. Меѓу клучните приоритети на преговорите се прекин на непријателствата, сигурни безбедносни гаранции за повоениот период, економската обнова и развој на Украина, како и хуманитарните прашања. САД посредуваат во работните преговори меѓу Украина и Русија, кои се одржуваат на 10 и 11 ноември во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Според претходните најави, клучните теми на разговорите вклучуваат прекин на непријателствата, безбедносни гаранции за Украина по војната, економска обнова на земјата и хуманитарни прашања. Претходни разговори во сличен формат беа одржани на почетокот на февруари. Пред трилатералниот состанок во Абу Даби, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со специјалните претставници на американскиот претседател Стив Виткоф и Џаред Кушнер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter