Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан - Канал 5

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан

 Најмалку 11 луѓе загинаа синоќа во пожар што избувна во трговски центар во пакистанскиот град Карачи. Околу 60 луѓе се водат како исчезнати во огнот што го зафати објектот со повеќе катови.

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан

Противпожарната служба соопшти дека гаснењето на огнот во трговскиот центар, со повеќе од 1.200 продавници, било отежнато поради густиот чад.

Синоќа се урнаа поголеми делови од трговскиот центар, а останатата конструкција е нестабилна. Пожарот избувнал на приземје и за кратко време огнот го зафатил целиот објект.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политичка криза во Украина, на удар и претседателот Зеленски

Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето.

Политичка криза во Украина, на удар и претседателот Зеленски

Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето – што претставува најголем внатрешен предизвик за украинскиот претседател Володимир Зеленски од 2022 година наваму.

Триесет и петгодишниот Фјодоров беше долгогодишен сојузник на Зеленски сè до неговата неочекувана оставка од Министерството за одбрана во јули – само шест месеци по неговото назначување и ветувањето за спроведување темелни реформи.

„Демократијата не смее да биде заложник на Русија. Мораме да најдеме правен, безбеден и реален механизам што ќе ѝ овозможи на Украина да го обнови целосниот демократски процес, дури и во услови на долготрајна војна“, изјави Фјодоров.

Во она што изгледаше како отворен предизвик упатен кон Зеленски, Федоров изјави дека Украина се соочува со „системска криза на управувањето“. „Стариот систем пречесто живее според сопствени правила. Тој се штити себеси. Се плаши од промени“, рече тој.

Законот во Украина забранува одржување избори за време на воена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на случаи на ебола во Конго надмина 5.000

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго сега надмина 5.000, според владините податоци објавени во синоќа.

Бројот на случаи на ебола во Конго надмина 5.000

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго сега надмина 5.000, според владините податоци објавени во синоќа, додека здравствените власти предупредуваат дека напорите за сузбивање на болеста не успеваат да го запрат нејзиното ширење.

Седумнаесеттата епидемија на ебола во Конго стана најголема во историјата на земјата според бројот на случаи кон крајот на јули, а бројот на жртви за време на викендот достигна 2.378, соопшти Институтот за јавно здравје, надминувајќи ја претходната најтешка епидемија од периодот 2018–2020 година.

Според најновиот извештај за состојбата, Институтот досега има регистрирано 5.021 случај, што ја прави оваа епидемија втора најтешка во светот – надмината единствено од епидемијата во Западна Африка во периодот 2014–2016 година – како во однос на бројот на заразени, така и во однос на бројот на смртни случаи. Актуелната епидемија е предизвикана од сојот „Бундибуџо“ (Bundibugyo) на вирусот ебола, за кој не постојат одобрени вакцини или третмани.

Болеста брзо се шири откако на 15 мај беше прогласена епидемијата, бидејќи слабата здравствена инфраструктура, отпорот од локалното население, нестабилноста и протестите на здравствените работници вклучени во напорите за справување со ситуацијата ги попречуваат обидите за откривање и сузбивање на инфекцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција на плантажа со лозје пронајдено изгореното тело на исчезнатата „ТикТокерка“

Работник на нива открил делумно изгорено тело на жена во лозје во јужна Франција, а семејството на исчезнатата инфлуенсерка Соња Белини (29) е убедено дека станува збор за неа. 

Во Франција на плантажа со лозје пронајдено изгореното тело на исчезнатата „ТикТокерка“

Белини, која потекнувала од областа Ним, исчезнала пред девет дена, а јавното обвинителство потврди дека е покрената истрага за убиство, пренесува „Билд“.

Работникот го пронашол телото меѓу редовите со винова лоза во департманот Гар. Надлежните испратиле 40 жандарми на местото на настанот, а истражителите во Сен-Жил – град лоциран на околу дваесет километри од Ним – вршат детална форензичка анализа на локацијата.

Официјална потврда за идентитетот на жртвата ќе биде можна дури откако ќе заврши ДНК-анализата.

Соња Белини имаше околу 260.000 следбеници на TikTok. Таа требаше да го прослави својот 30-ти роденден во септември, а според медиумските извештаи, нејзиното семејство веќе ја имаше организирано прославата. Таа престана да објавува содржини на својот канал во текот на 2025 година.

Таа беше позната по таканаречените видеа со „лип-синк“ (lip-sync) – кратки снимки во кои корисниците ги движат усните синхронизирано со постоечка аудио-снимка, најчесто музика или дијалог од филм.

Овој формат се здоби со популарност преку апликации како TikTok и претставува еден од најчестите видови содржини на социјалните мрежи.

Сè уште не е познато како починала 29-годишната жена. Јавното обвинителство засега не соопштува детали за можни осомничени лица или за мотивот. Нејзината сестра, Миа, за весникот „Миди Либр“ (Midi Libre) изјавила дека Соња имала закажана средба вечерта кога исчезнала. Таа рекла дека нејзината сестра требало да се сретне со маж со кој претходно била во врска. Во меѓувреме, семејството се соочува со гласини и напади на социјалните мрежи, каде што кружат тврдења дека Соња работела како придружничка (ескорт). Поради тоа, тие стапиле во контакт со „ТикТок“ за да побараат отстранување на таквите објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер