Судирот помеѓу напаѓачите и полицијата траел два часа.
Припадниците на ИД поставиле бомби покрај патот со со цел да ја спречат полицијата да стигне до станицата, при што се уништени три полициски возила.
Засега никој не презел одговорноста за нападот, но ИД е активна во таа ирачка област.
Терористички напад имаше и врз контролен пункт во Мосул, но се уште нема информации дали има загинати војници.