Најмалиот автомобил на светот е повторно во продажба, има и опција „направи сам“ (ВИДЕО) - Канал 5

Најмалиот автомобил на светот е повторно во продажба, има и опција „направи сам“ (ВИДЕО)

Се нуди во неколку верзии, вклучувајќи ја и опцијата сами да го склопите.

Најмалиот автомобил на светот е повторно во продажба, има и опција „направи сам“ (ВИДЕО)

Peel P50 е екстремен микроавтомобил со кој се запознала пошироката јавност кога се појави во една епизода на „стариот“ Top Gear. Џереми Кларксон остана маѓепсан од малиот автомобил со кој се возеше до просториите на Би-Би-Си.

YouTube video

Само 137 cm долг и 99 cm широк, автомобилот нема конкуренција по димензии. Потекнат како идеја за најмало можно моторизирано возило што може да носи едно лице и една торба, не беше маркетиншки успех. Беа произведени само 47 примероци, а се вели дека само 30 преживеале до денес.

На почетокот на минатата деценија, проектот на овој мал автомобил беше оживеан, а компанијата почна да нуди рачно изработени копии. Pendine Motors нуди три модели, класичниот P50 (означен како P.50), кабриолет со ограничена серија и навистина специјалниот Trident.

Сепак, само оригиналниот P50 се нуди и како комплет автомобил со мотор од 2 kW и батерија која обезбедува автономија од 80 km. Доколку ве интересира ваква понуда „направи сам“, знајте дека цената во тој случај започнува од 10.379 фунти, односно 11.700 евра. Не е малку, но дефинитивно е интересна идеја.

За склопување на возилото потребни се основни алатки и не повеќе од 50 часа работа. Доколку сакате готов автомобил, цената е значително повисока, на ниво од околу 15.700 евра.

YouTube video

Има и Turbo верзија со помоќен погон од 5,76 kW што ја зголемува максималната брзина од 50 на 80 km/h. Во понудата се и верзии со бензински мотор со зафатнина од 49 до 125 кубика.

Оригиналната верзија е придвижувана од 1-цилиндричен мотор од 50cc на DKW. Моторот е поврзан со 3-брзински менувач, но немало рикверц, така што единствениот начин да се сврти автомобилот бил да се излезе, да се подигне задниот дел и да се сврти. Сите копии биле наменети за жителите на островот Ман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер