Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“
1Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ЖивотНајмалата чанта на светот е продадена за астрономска сума, помала е од зрно сол (ФОТО)Поседувањето на одредено парче од добро познат и скап бренд за некои е вистинско уживање.За некои работи треба да се чека со години, откако ќе се нарача, па кога ќе стигнат, на среќата ѝ нема крај. Така, престижниот бренд Луј Витон направи промена меѓу своите производи. Имено, тие направиле чанта, и тоа не било каква - туку микроскопска, односно помала од зрно сол. И нема да верувате дека чини незамисливи 63.000 долари, пишува „Market Realist“. Она што е уште поинтересно е што доаѓа „во пакет“ со микроскоп (?!) кој има дигитален дисплеј за да може да се види што поседува. Нејзините димензии се 657 x 222 x 700 микрони, или помалку од 0,7 сантиметри, а создадена е од уметнички колектив од Бруклин, MSCHF, кој инаку е познат по своите извонредни контроверзни дизајни. За да ви даде претстава за нејзините димензии, торбичката е доволно мала за да се вклопи низ окце на иглата низ која минува конец. Затоа е потребен микроскоп за да се види. Интересно е што на чантата има монограм со потпис „LV“. Има флуоресцентно зелена боја, со малку проѕирна текстура, која е избрана со цел да биде повидлива. MSCHF е познат по неколку контроверзни дизајни, вклучувајќи чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода, колонска вода што мириса на популарно моторно масло.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на телевизиските мрежи Си-Eн-Eн и Ем-Ес Нау и на порталот Политико.Трамп на „Трут соушл“ објави дека веднаш им го забранува на овие медиуми пристапот до Белата куќа поради нивното континуирано ширење лажни вести. -Медиумите не смеат постојано да пишуваат лаги кога известуваат за претседателот на САД, за администрацијата на Трамп или за Соединетите американски држави. Ова ќе следи и за други медиуми што шират лажни вести, напиша Трамп, чија одлука отвора нов спор меѓу неговата администрацијата и медиумите, покренувајќи прашања во врска со заштитата на слободата на печатот, загарантирана со првиот амандман на уставот на САД. Откако се врати во Белата куќа, Трамп презеде и правни дејствија против други медиумски организации, вклучувајќи ги „Њујорк Тајмс“, „Вол Стрит“ и „Би-Би-Си“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјатаНова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој.Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката. До вчера дата-центрите беа иднина без последици. Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон. Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија. Се разбира. Физиката не е кампања. Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа "јаде" струја. Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима. Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не. Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата“ технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште "пожедно" на киловати електрична енергија. Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен. Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата. А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија. Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија. Дата-центарот е нова станица на истата мрежа. Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера. Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција. Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата. Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели - кој прашува на темата е од 19 век. СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон. Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата. СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПредупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовностПолска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина. Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Како што е соопштено, преземени се мерки за заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што се граничат со зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, а системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на готовност. Одлуката на Варшава уследи неколку дена откако руско беспилотно летало се урна на само четири километри од полската граница, погодувајќи бензинска пумпа на територијата на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter