Најлошите говори на Оскарите: Вљубена сум во мојот брат - Канал 5

Најлошите говори на Оскарите: Вљубена сум во мојот брат

Вечерва се одржува 93-та церемонија на доделување на престижниот Оскар.

Најлошите говори на Оскарите: Вљубена сум во мојот брат

Иако многу луѓе во филмската индустрија сонуваат еден ден да освојат Оскар, има примери на номинирани кои не се подготвени да зборуваат на сцената ако тоа им се случи.

Меѓу нив е и познатата актерка Анџелина Џоли. Кога пред 21 година доби Оскар за најдобра споредна улога во драмата „Прекината младина“, тогаш нејзиниот брат Џејмс, со кого е многу блиска, беше со неа на доделувањето на наградите. Анџелина предизвика зачуденост кога рече дека е навистина среќна што добила Оскар и дека е многу заљубена во нејзиниот брат.

YouTube video

Во 1985 година, Сали Филд го освои Оскарот за најдобра актерка во „Места во срцето“.

„Ме сакате, навистина ме сакате“, рече таа тогаш, затоа што пет години претходно имаше добиено Оскар во истата категорија. Иако јавноста смета дека Сали е една од актерките кои држат најлоши говори, сето тоа и беше смешно, па ја повтори истата реченица во една реклама.

YouTube video

А, Шон Пен имаше лоша шега на Оскарите. Кога ја доби наградата за главна улога во филмот Мистична река, се пошегува за исчезнатото ирачко оружје за масовно уништување. Публиката само замолкна.

Метју Меконахи доби Оскар во 2014 година за најдобра главна машка улога во филмот Добри дилери во Далас. На почетокот на говорот, тој му се заблагодари на Бога, а потоа зборуваше за херојот, односно за личноста што ја бркаше. Излезе дека зборувал за себе.

Музичарот Сем Смит освои Оскар пред пет години во категоријата најдобра оригинална песна Writing’s on the Wall од филмот Spectre. Потоа се збуни во говорот.

"Прочитав една статија пред неколку месеци во која Сер Ијан Мекелен рече дека никој човек кој се декларирал за геј не добил Оскар. Ако тоа е вистина, па дури и да не е така, сакам да и го посветам ова на ЛГБТ заедницата ширум светот “, рече Сем. Но, во таа категорија имаше хомосексуални пејачи кои освоија Оскар , а Сер Иан Мекелен зборуваше за категоријата за најдобри актери.

YouTube video

Актерката Ен Хатавеј освои статуетка во 2021 година за најдобра споредна улога во мјузиклот Сиромашен човек. Во својот говор, таа зборуваше за слабеењето и истакна дека плачела додека го гледала мјузиклот. Јавноста тогаш ја обвини дека премногу го вежбала својот говор и оставила впечаток на неискреност.

Роберто Бенини доби Оскар во 1999 година за најдобра главна машка улога во „Животот е убав“ и од неговиот говор можеше да се заклучи дека тој не знаеше англиски доволно добро.

„Би сакал да бидам на Јупитер и да киднапирам сè и да лежам на небото, водејќи љубов со сите“, рече тогаш Роберто и ја воодушеви публиката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

МЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер