МетеоНајладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степениКако што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во последните 24 часа, најмногу врнежи има во Крушево и на Попова Шапка – по 6 литри на метар квадратен. Најниската минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка и во Демир Капија со -3 степени. Следат Берово со -2, во Маврови Анови и Лазарополе нула степени, во Крушево, Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, а 3 степени во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Прилеп, Тетово, Велес, Битола и Претор. Највисока минимална температура од 6 степени е регистрирана во Гевгелија. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во последните 24 часа, најмногу врнежи има во Крушево и на Попова Шапка – по 6 литри на метар квадратен. По нив следат Тетово, Пожаране и Маврови Анови со 5 литри, Охрид со 4, Лазарополе и Прилеп со 3, а најмалку врнежи се забележани на Скопје – Зајчев Рид, каде се измерени 1 литар на метар квадратен. Највисока снежна покривка и утрово има на Попова Шапка, каде висината на снегот изнесува 55 сантиметри. Според најавите на УХМР, денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои најпрво ќе започнат во јужните делови од земјата, а потоа ќе се прошируваат насекаде. Со продор на постуден воздух, на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Можно е појава на магла во одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималната температура ќе се движи од 5 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСДСМ: По Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево со небездбена вода -ВМРО-ОКГ ја труе МакедонијаДодека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење.Гостивар. Валандово. Болницата во Лешок. Сега и во Крушево водата е бактериолошки неисправна. За само неколку денови имаме четири града, со загадена вода за пиење. Ова е најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Прашањето е колку градови уште пијат неисправна вода? Институциите повеќе не ја извршуваат ниту својата најосновна обврска – да ги заштитат животот и здравјето на граѓаните. Здравствениот систем е оштетен, институциите се нефункционални, а власта на Христијан Мицкоски нема ниту капацитет ниту одговорност да се справи со сериозните закани по јавното здравје. Директор на Фондот за здравствено осигурување е човек чие образование е тренер, минстер за полиција го праќа да објаснува за хлорира вода, министерот за здравство ги навредува лекарите затоа што ја изнесоа вистината. Ова е огледалот на целиот системски колапс. Последица на нестручност и незнаење. Оваа организирана криминална група ВМРО за две години успеа да направи економски колапс и целосна изолација на земјата. Сега, изгледа, сакаат и физички да ја отрујат. За труењето на народот одговорност мора да има, политичка и кривична. Министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов треба да поднесат оставки веднаш! 1.СДСМ бара итно објавување на сите анализи за квалитетот на водата! 2.Целосна истрага за непостапувањето на надлежните институции и 3.Одговорност од сите што знаеле, молчеле и го загрозиле здравјето на граѓаните. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалГвардиола бара плата од 20 мил. евра на клупата на ИталијаСпоред дел од италијанските медиуми, еден од најтрофејните тренери во Европа во историјата, славниот Пеп Гвардиола бара нето-плата од 20 милиони евра по сезона од Италијанската фудбалска федерација за да ја преземе италијанската репрезентација.Според весникот *La Gazzetta dello Sport*, оваа сума веројатно би ги вклучувала и платите на дел од членовите на неговиот стручен штаб. Шпанскиот тренер во својата кариера која трае 17 сезони бил на чело на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, правејќи пауза од само една година. Досега, во текот на својата тренерска кариера, тој заработил над 320 милиони евра бруто-плата, без да се сметаат бонусите за освоените трофеи. вардиола го презеде својот прв сениорски тим во 2008 година, преминувајќи од резервниот тим на Барселона во првиот тим. Во текот на првите две сезони, тој заработувал годишна нето-плата од 1,5 милиони евра. Бидејќи уште во таа прва сезона освоил шест трофеи, неговата реална заработка – зголемена со бонусите – веројатно била значително повисока. Со првото продолжување на договорот во 2010 година, неговата плата се зголеми на околу осум милиони евра нето, а една година подоцна – на 10 милиони. За време на четирите години во Барселона, тој заработи приближно 21 милион евра нето, односно околу 44 милиони евра бруто. По заминувањето од Барселона, Гвардиола помина една сезона без тренерски ангажман. Во летото 2013 година, тој го презеде Баерн Минхен и потпиша тригодишен договор. Баварскиот клуб му плаќаше 17 милиони евра бруто по сезона, што значи дека тој заработи вкупно 51 милион евра за време на трите години поминати во Германија. Најголемата заработка ја направи со трансферот во Манчестер Сити во 2016 година. Според првичниот договор, тој заработувал 19 милиони евра бруто по сезона. Подоцна, тој го продолжуваше договорот во 2018, 2020 и 2022 година, при што неговата годишна плата констатно се зголемуваше и достигна околу 23 милиони евра бруто. По новото продолжување на договорот во 2024 година, таа сума се искачи на 25 милиони евра. За време на десетте години на чело на Манчестер Сити, тој заработил приближно 226 милиони евра во бруто-плати. Вкупната заработка на Гвардиола од основните плати се проценува на над 320 милиони евра (бруто): 44 милиони евра во Барселона 51 милион евра во Баерн 226 милиони евра во Манчестер Сити. Во оваа сума не се вклучени бонусите за бројните освоени трофеи, што значи дека неговата реална заработка е многу поголема. Доколку ја прифати работата како селектор на италијанската репрезентација под наведените услови, тој би останал меѓу најплатените тренери во светот.Тагови: Пеп Гвардиола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНикол Кидман видена со овој бизнисмен по разводот„Случајна средба“ во Италија, холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман видена со овој бизнисмен по разводотХоливудската дива Никол Кидман беше забележана во друштво на инвеститорот Мајкл Рајнштајн, само неколку месеци откако го заврши бракот со Кит Урбан. Холивудската актерка, 59 годишната Никол Кидман го привлече вниманието на јавноста откако беше забележана во Италија со Мајкл Рајнштајн, инвеститор во приватни капитални фондови, само неколку месеци по нејзиниот развод од музичарот Кит Урбан. За време на викендот, актерката беше фотографирана пред хотел во Портофино, каде што разговарала со Рајнштајн. На фотографиите објавени од „Page Six“, Кидман е прикажана во елегантен комплет од свила во крем боја, составен од топ и здолниште, додека бизнисменот бил облечен лежерно – во сина кошула, шорцеви и очила за сонце. Двајцата изгледале опуштено и насмеано за време на разговорот, а Рајнштајн дури и се навалил кон хотелскиот прозорец низ кој разговарал со актерката додека си заминувал. Иако фотографиите привлекоа значително внимание, природата на односот меѓу Кидман и Рајнштајн останува непозната, а претставниците на актерката не ја коментираа нивната средба. Мајкл Рајнштајн е основач на глобалната компанија за приватен капитал „Реџент“ (Regent), која ја основал во 2013 година и во која ја извршува функцијата претседател и главен директор за инвестиции. Тој е и коосновач на американската телевизиска мрежа USN. Никол Кидман моментално е слободна по разводот од Урбан. Двојката беше заедно речиси две децении, а официјално се разведе во јануари.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter