3Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните
Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
1Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
ЖивотНајкратката граница во светот, е долга само 85 метриДодека некои земји делат граници долги илјадници километри, постојат и такви што се долги само неколку десетици метри. Со должина од само 85 метри, границата помеѓу Шпанија и Мароко се смета за најкратка меѓународна граница во светот. Иако двете земји се одделени од Средоземното Море и се наоѓаат на два различни континента - Европа и Африка - мала шпанска територија покрај брегот на Мароко создала необична граница што со децении го привлекува вниманието на јавноста и географите ширум светот. Сè започнало во 20 век. На почетокот на 1900-тите, Шпанија контролирала мал дел од северно Мароко. Кога конечно решија да се откажат од оваа територија, неколку делови сè уште останаа во шпанска посед, регионите Сеута и Мелиља. Но, Шпанија задржа и неколку помали парчиња земја покрај брегот на Мароко, вклучувајќи една мала карпа - Пењон де Велез де ла Гомера, која е населена со само неколку десетици шпански војници, стационирани 24 часа на ден, седум дена во неделата. Патишта што го поврзуваат ова парче земја со остатокот од Мароко не постојат, па затоа сите залихи што им се потребни на Шпанците мора да се достават со хеликоптер. Пењон де Велез де ла Гомера, утврдена шпанска карпа Пењон де Велез де ла Гомера стана доста познат со текот на годините бидејќи оваа граница се протега само 85 метри, што ја прави најкратката граница во светот, како што пишува Wionews.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСрамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон! Американскиот претседател ја искористил врската со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, според информациите од Гардијан и од него побарал помош за поништување на доделен црвен картон. Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун! Според информациите од британските медиуми, Доналд Трамп, претседателот на САД, направил сè што можел за да ја спречи суспензијата на Фоларин Балогун. Гардијан добил информации дека Доналд Трамп ја искористил својата врска со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА. Тој ја повикал организацијата-три пати за четири дена, инсистирајќи одлуката да се промени, напорот на американскиот претседател вродил со плод и дошло до промена на одлуката сега таа се води како вродило со плод како „условен црвен картон “. - Ви благодарам ФИФА, го направивте она што беше исправно и ја поништивте големата неправда - напиша Трамп преку социјалните мрежи.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО бара мерки на претпазливост за тројцата насилници 15 дена по крвавиот напад врз детето во ЧентоСкопското обвинителство соопшти дека побарало мерки на претпазливост за тројцата осомничени за нападот врз 14-годишното момче во скопската населба Ченто.Според првичните сознанија, како што соопштија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото. Со предложените мерки им се забранува да го напуштат живеалиштето, да не се доближуваат до местото на настанот, ниту да контактираат со детото и неговите родители... -Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази, велат од основно јавно обвинителство Скопје. Иако настанот се случил на 22 јуни, МВР поднесе кривични пријави за против тројцата осомничени дури по 11 дена, откако мајката на детето јавно реагираше дека случајот се води како насилство, а не како потешко дело обид за убиство, и покрај седумте убоди од нож што му биле нанесени. Мотивите за нападот, се уште не се познати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаЗелен хуман град: Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани .Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани со тоа што ќе достави негативно мислење за обнова на А - интегрираната дозвола на ТИТАН - Усје поради големото загадување што го предизвикува фабриката во согласност со член 100 став (1) од Законот за животната средина. Дополнителна тежина на ова прашање дава фактот што Советот на Град Скопје на својата 5 седница на 25 декември 2025 година едногласно ја усвои иницијативата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за дислокација на Цементарница „Усје“ и сите други индустриски загадувачи со заклучок: „Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ“ Поради сериозноста на состојбата со загадувањето во Скопје, како и засегнатоста на сите скопјани со овој повеќедеценики проблем, побаравме одговорот на прашањето да добиеме во најкус можен рок без да се чека истекот на деловнички утврдениот рок, со цел навремено да ги информираме граѓаните. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да престане да се бори со сите расположливи средства за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина од опасните, животозагрозувачки последици на загадувачката индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook