ЖивотНајголемото интернационално оро во општина ИлинденНајголемото интернационално оро во општина Илинден во рамки на 10 меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа 10-тиот меѓународен фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче со поддршка од Општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство. Фестивалот започна со прекрасно дефиле каде сите учесници тргнувајќи од пред ПОУ „Гоце Делчев“ придружувани со зурли и тапани се движеа по главната улица во Илинден, кон кружниот тек, каде се играше најголемото интернационално оро во Илинден, се до Домот на култура ,,Илинден”, каде настапија културно уметнучките друштва од Украина, Романија, Молдавија, Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“ и ансамбл „Ѓорче Петров“. На фестивалот меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на учесниците им додели плакети за придонес во културата и културните вредности, но и убаво сеќавање од фестивалот. Градоначалникот истакна дека Општина Илинден секогаш дава огромна поддршка на културните настани, а од минатата година во агендата на културни случувања е и овој меѓународен фолклорен фестивал. Фестивалот има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци. Општина ИлинденКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвионска несреќа во Австрија: Има мртви и повредениДве лица загинаа, а две се тешко повредени кога се урна мал авион во градот Гаминг во најголемата австриска покраина, Долна Австрија, објавија локалните медиуми.Во несреќата загинаа 47-годишен пилот и една жена, додека 15-годишно девојче и 41-годишен маж се тешко повредени, објави Кроне. Голем број пожарникари, персонал на брза помош, полиција и други служби за итни случаи реагираа на местото на настанот. Се известува дека причина за падот на авионот е технички дефект. Пајпер ПА-28 се урна во шумска област, на околу 100 метри од населбата Нојхаус. Во авионот имало четири лица, сите од округот Амштетен. Непристапниот терен ја отежнал спасувачката операција, а пожарникарите морале да користат моторни пили за да си го пробијат патот до малиот авион и да преминат поток. Тие морале сами да ја носат тешката опрема за спасување по теренот. Во исто време, бидејќи во областа нема сигнал за мобилни телефони, спасувачите морале да комуницираат преку радио. На местото на несреќата беа 90 пожарникари, како и членови на планинската спасувачка служба, брзата помош и полицијата. Тие го пронајдоа леталото целосно уништено, а тешко повредените беа евакуирани од местото на несреќата со помош на опрема за спасување и специјално јаже, и беа пренесени со хеликоптер во болниците во Линц и Амштетен. Местото на несреќата е заградено, а на местото на несреќата пристигна Комисијата за истрага на воздушни несреќи. Според првичните извештаи, причината можеби била технички дефект, а очевидци наводно слушнале необични звуци од моторот. Обвинителството нареди обдукција на телото на пилотот, објави Кроне. Фото: ВИ илустрацијаТагови: авион австрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: возачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностУтре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Времето денес претпладне беше сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа имаша појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Дуваше слаб до умерен западен и северозападен ветер. До крајот на денот ќе има услови за нестабилност. Во вечерните часови се очекува стабилизација на времето. Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени. Утре и во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter