Најголемите мистерии на планетата земја: 11 светски чуда за кои се уште нема објаснување

И покрај најсовршената технологија, многу светски чуда претставуваат вистинска енигма за човечкиот род. Светот е полн со чуда, за многу од нив научниците понудиле разумни објаснувања, но за дел од нив се уште не може да се најде вистинско обаснување без оглед на тоа колку време е вложено во анализа.

1. Кинескиот мозаик на линии

Едни сметаат дека ова е таен воен полигон додека други мислат дека станува збор за порака од посетителите од вселената.

Jedni smatraju da je ovo tajni vojni poligon dok drugi misle da se radi o poruci posetiocima iz svemira

Овие чудно поставени линии се наоѓаат на координатите 40°27'28.56″N, 93°23'34.42″E. Не постојат многу информации за овие чудни, но сепак убави линии врежани во пустината во провинцијата Гансу Шенг во Кина.

2. Камената кукла

Пронајдена во јули 1889 година во Напма, во Ајдахо, оваа мала камена кукла го здогледа светлото на денот при ископување на бунар и потоа го предизвика интересот на научниците ширум светот. Без сомнеж, направена е од човечка рака, пронајдена е на длабочина од 100 метри со што може да се пресмета дека е настаната многу пред овде за прв пат да се појави човек.


3. Камен календар

metara visoko kamenje dovučeno je ovde pre 6.000 godina

Во египетскиот дел на пустината Сахара лежат најстарите познати астрономски наместени камења во светот – Набта. Илјада години пред Стоунхенџ луѓето поставиле камења во форма на круг на брегот на езеро кое уште одамна е пресушено. Камењата високи три метри биле донесени на локацијата уште пред 6.000 години. Иако денес ова подрачје на Египет е пустина без врнежи, некогаш тука живееле одамна изумрени бизони.

Ископувањата покажуваат дека овој регион некогаш бил многу населен. Прашањето за што служеле овие камења се уште нема одговор. Додека некои сметаат дека служеле како календар, други сметаат дека овде биле принесувани жртви на боговите.

4. Древен вселенски брод

Не станува збор за летало, туку за цртеж во пештера кој датира 5 илјади години пред Христа, а се наоѓа во Јапонија.

5. Силата на пирамидите

U njihove zidove ugrađen je mineral mica, a najbliži kamenolom u kojem se nalazi ovaj mineral je u Brazilu

Во нивните ѕидови е вграден минералот мика, а најблискиот каменолом во кој се наоѓа овој минерал е во Бразил.
Овие пирамиди се наоѓаат во Теотијуакан, во Мексико. Во нивните ѕидови е вграден минерал познат под називот мика, Она што зачудува е фактот дека најблискиот каменолом во кој се наоѓа овој минерал е во Бразил, илјадници километри оддалечен од пирамидите. Прашањето кое се поставува е зошто древните градители минале толкав пат за да го вградат овој минерал во ѕидовите на пирамидите. Дали со помош на овој минерал апсорбирале некоја одамна заборавена енергија за да го сочуваат овој град ?!

6. Фосилизираниот џин

Овој џин е пронајден во Ирска во 1895 година. Висок е 3,6 метри. Откриен е при минирањето на блиските планини. Освен неговата величина, зачудува и фактот што на секое стапало и на рацете има по шест прсти.


7. Потопените пирамиди

На кубанскиот брег на неколку места има потопени пирамиди. Ги пронашле американски археолози и веднаш разгласиле дека ја пронашле Атлантида. Не постојат никакви пишани записи за кој град би можело да станува збор, па остануваат само претпоставки....

8. Џиновите од Невада

Постои легенда за 4 метри високите црвенокоси луѓе кои живееле во Невада. Легендата за тие луѓе ја пренесуваат индиските племиња. Подоцнежните ископувања на подрачјето на невада резултирале со ископување на големи човечки черепи и два скелета. Еден со висина од 2,8 метри, а другиот со 3,5 метри.


9. Мостот на кучешка смрт

Lokalni vlasnici pasa izbegavaju ovo mesto jer psi u njegovoj blizini postaju čudni

Ова е мост од кој кучињата вршат самоубиство. Се наоѓа во Шкотска, изграден е во 1859 година и станал познат по тоа што многу кучиња скокнале од него без никаква причина. Локалните сопственици на кучиња го избегнуваат ова место затоа што кучињата во негова близина стануваат чудни и вијат, а тие кои ќе избегаат од ременот скокаат од него во 50 метри длабоката бездна.

10 Алуминиумскиот тег

Можеби се чини дека постои објаснување за алуминиумскиот тег, но фактот дека е изграден од чист алуминиум и е стар околу 500 години, говори дека нешто чудно е поврзано околу него. Имено, алуминиумот никогаш во природата не доаѓа како чист метал, туку во мешавина со други метали. Ако се земе предвид дека алуминиумот е откриен дури во 1808 година, а неговото производство почнало во 1885 година, овој тег станува се почуден.


11. Чинијата Лоладоф

Оваа чинија е стара 12 илјади години. Изработена е од камен и пронајдена е во Непал. На чинијата е претставен вселенски брод во форма на диск, но и фигура која потсетува на човеколик посетител од вселената.

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница. /МИА

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

-Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади

Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан  додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал.

Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град Исфахан.

Израел претходно предупреди дека ќе возврати откако Иран истрела стотици проектили и беспилотни летала врз Израел во текот на минатиот викенд. Повеќето од нив беа пресретнати.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека се регистрирани „три експлозии“ во близина на воената воздухопловна база Шекари во северозападниот дел на провинцијата Исфахан, додека портпаролот на иранската вселенска агенција Хосеин Далиријан изјави дека „неколку“ беспилотни летала биле „успешно соборени“.

„Засега нема извештаи за ракетен напад“, објави Далиријан на социјалната мрежа Х.

Нуклеарните постројки во Исфахан се пријавени како „целосно безбедни“, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на „сигурни извори“.

Американските телевизии Еј-Би-Си Њуз и Си-Би-Ес Њуз објавија дека нападите биле извршени од Израел, цитирајќи американски официјални претставници.

Засега нема коментар од Белата куќа или од Пентагон.

Израелската војска објави дека - „Во моментов немаме коментар“.

Иран - клучниот поддржувач на палестинската милитантна група Хамас и либанскиот Хезболах - го започна нападот како одмазда за нападот на 1 април врз неговиот конзулат во Дамаск, за кој нашироко беше обвинет Израел.

Според локална активистичка група, имало и експлозии во јужна Сирија.

„Имаше удари врз радарска позиција на сириската армија“, рече Рајан Мааруф, кој ја води антивладината веб-страница „Suwayda24“ која покрива вести од провинцијата Свеида на југ.

„Иранската воздушна одбрана е активирана на небото на неколку провинции во земјата“, соопшти официјалната новинска агенција на Техеран ИРНА.

Новинската агенција Мехр објави дека „летовите за Техеран, Исфахан и Шираз и аеродромите на запад, северозапад и југозапад се прекинати“.

По налетот на иранските проектили, израелските власти не кажаа кога и каде ќе возвратат, но премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата земја го задржува правото да се заштити.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вчера даде темна слика за ситуацијата на Блискиот Исток, предупредувајќи дека зголемените тензии околу војната во Газа и нападот на Иран врз Израел може да прераснат во „регионален конфликт од целосен размер“.

„Блискиот исток е на раб на пропаст. Последните денови се забележува опасна ескалација -- со зборови и со дела“, рече Гутереш пред Советот за безбедност.

„Една погрешна пресметка, една погрешна комуникација, една грешка, би можеле да доведат до незамислив регионален конфликт од целосен обем кој би бил катастрофален за сите инволвирани“, рече тој, повикувајќи ги сите страни на „максимална воздржаност“. /МИА

притисни ентер