Најголемите глупости на Канје Вест: Јас сум Господ, унапредена верзија на Микеланџело, подобар од Мајкл Џексон ....

Што ли не изнакажа Канје Вест оваа година! Дека се смета за Господ, ист како Стив Џобс, а на сите со кои се споредува треба да им е чест бидејќи тој е и унапредена верзија на Микеланџело!

Еве дел од неговите изјави кои го покажуваат огромното его на раперот.

1. Мојата Ким е повлијателна од Мишел Обама. На кој му е гајле што носи Мишел? Таа не ги објавува своите фотографии во костим за капење на Инстаграм како мојата Ким и затоа Ким е најинтригантната жема на светот.

2. Ако Мајкл Џордан може да си дозволи да им вика на судиите на натпревар можам и јас, Канје Вест, Мајкл Џордан во светот на музиката,можам да си дозволам да им викам на луѓето бидејќи знам дека тие грешат а јас сум во право!

3. Бог ме избра низ мене да му се обраќа на светот. Јас го спојувам Бог со човештвото!

4. Денес сум човек каков што сум затоа што не сум. По моето скромно мислење, тоа е една прилично пророчка мисла.Сигурен сум дека и Ганди би рекол нешто во овој стил!

5. Кога велам дека сум Бог луѓето се чудат и прашуваат што се замислувам. Па само што ви реков - јас сум Бог, значи мислам дека сум Бог. Што не е јасно?

Доволно. Се е јасно.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

притисни ентер