1Змија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багаж
ТехнологијаНајголемата ракета полета во вселената- на лансирањето Маск во друштво со Трамп (ВИДЕО)Компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск го лансираше шестиот пробен лет на вселенското летало Starship од Тексас.На лансирањето присуствуваше поранешниот и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. НАСА планира да го користи Starship за испраќање луѓе на Месечината како дел од својата програма Artemis, објави Ројтерс. – Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не само во вселената, туку и од земјата – напиша Трамп на својата социјална мрежа и му посака среќа на Маск за време на лансирањето на ракетата. Ракетниот систем висок околу 122 метри, во кој астронаутите треба да слетаат на Месечината и да го пренесат екипажот на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на Spacex во Тексас. Ракетниот засилувач, наречен Super Heavy, не бил задржан како за време на петтиот пробен лет, туку паднал во Мексиканскиот залив. Ракетата Starship падна во Индискиот Океан по околу час и половина лет околу Земјата. Watch Starship's sixth flight test → https://t.co/oIFc3u9laE https://t.co/acpdO2brbP — SpaceX (@SpaceX) November 16, 2024 Трамп претходно најави дека ќе го назначи Маск на чело на новоформираниот Оддел за владина ефикасност во новата администрација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСѐ повеќе деца во САД користат таблети за слабеење, повеќето имаат тешка гојазност Бројот на рецепти за лекови за слабеење GLP-1 во Соединетите Американски Држави за деца под 12 години се зголемил за повеќе од 300 пати од 2019 година. Според истражувањето, лекарите затоа бараат нови и ефикасни начини за лекување на дебелината кај најмладите пациенти. Студијата опфатила повеќе од 3,5 милиони дебели, недијабетични деца на возраст од осум до 11 години, а податоците покажуваат дека уделот на рецепти за лекови за слабеење GLP-1 скокнал од 0,03 проценти во 2019 година на 9,3 проценти до јуни оваа година, пишува Ројтерс. Терапија за тешки форми на дебелина Иако овие лекови не се официјално одобрени за деца под 12 години, клиничките упатства во некои случаи дозволуваат нивна употреба за лекување на дебелина уште на осумгодишна возраст. Студијата покажа дека дури 94 проценти од децата на кои им биле препишани лекови GLP-1 имале тешка форма на гојазност. Покрај тоа, околу 65 проценти од нив имале барем една придружна болест, како што се висок холестерол, висок крвен притисок или апнеја при спиење. Брзо проширување на примената Во текот на набљудуваниот период, вкупно 20.282 деца примиле лекови GLP-1. Најчесто им се препишувал Wegovy од Novo Nordisk, а лекарите издале и рецепти за Saxenda од истиот производител и Zepbound од Eli Lilly. Иако вкупниот број на деца под 12 години на терапија со GLP-1 е сè уште мал, истражувањата покажуваат дека неговата употреба брзо се шири, истакна водачот на истражувањето и експерт за третман на дебелина, д-р Бабак Оранди од NYU Langone Health. Оранди додаде дека е потребно долгорочно следење за да се потврди дали овие лекови се безбедни и ефикасни на долг рок. Разлики во достапноста на третманот Студијата, објавена во списанието Pediatrics, исто така укажува на растечки нееднаквости во достапноста на третманот. Децата од побогатите заедници имале 55 проценти поголема веројатност да добијат рецепт за овие лекови. „Лекарите и креаторите на здравствени политики имаат одговорност да обезбедат овие вредни, а понекогаш и скапи лекови да им бидат достапни на оние кои немаат приватно здравствено осигурување или не можат да си дозволат патувања во специјализирани педијатриски клиники“, рече Алан Маси, коавтор на студијата и вонреден професор по хирургија на Медицинскиот факултет Гросман на Универзитетот Њујорк. Истражувачите ја користеа базата на податоци „Епик Космос“ за анализата. Тоа е национална база на податоци за електронски здравствени картони што содржи податоци за повеќе од 300 милиони пациенти во САД.Тагови: гојазност СЛАБЕЕЊЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗмија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багажЗа време на летот од островот Лампедуза во јужна Италија до Палермо на Сицилија, од рачниот багаж се појавила змија додека авионот почнал да се спушта, предизвикувајќи паника кај патниците.Капетанот на авионот веднаш реагирал и ги известил аеродромските власти и полицијата, а по слетувањето на аеродромот „Фалконе е Борселино“ во Палермо, во авионот се качиле карабињери од аеродромската станица и членови на одделот CITES, кои ја фатиле и обезбедиле змијата, објавува порталот TGcom24. Според првичните наоди, станува збор за вид Macroprotodon cucullatus, познат како „змија со качулка“, мал влекач карактеристичен за фауната на Лампедуза. Името „змија со качулка“ (или лажна мазна змија) го добила поради карактеристичната темна дамка на задниот дел од главата што наликува на качулка. Карабињерите истражуваат како змијата се качила во авионот и кој ја донел и транспортирал. Животното е предадено на херпетолог на Универзитетот во Палермо, кој ќе ја провери неговата здравствена состојба, по што треба да се врати во неговото природно живеалиште. Лампедуза е единственото место во Европа каде што е регистрирана популација од овој вид. „Змијата со качулка“, која обично расте помеѓу 50 и 70 сантиметри, се храни со гуштери и други помали змии. Таа е отровна, но нејзиниот отров се смета за речиси безопасен за луѓето. Првенствено живее во областите на Северна Африка, како што се Тунис и Либија, а Лампедуза е единственото место во Италија и цела Европа каде што живее овој вид. Островот Лампедуза геолошки припаѓа на африканската континентална плоча, поради што ја дели флората и фауната со овој континент.Тагови: змија сицилија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
БалканЈотова му се пожали на Фицо од Македонија и побара поддршкаБугарската претседателка побара поткрепа од словачкиот премиер „за Скопје да ја следи европската политика за пристапување“.Бугарската претседателка Илијана Јотова и словачкиот премиер Роберт Фицо на денешната средба во Софија го разгледале и проширувањето на Европската унија, при што шефицата на бугарската држава му се пожалила од Македонија и побарала поддршка од гостинот. „Знаете дека имаме некои проблеми со Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Бараме ваша поддршка за Скопје да ја следи европската политика за пристапување. Четири години не видовме напредок во спроведувањето на обврските преземени од Македонија во 2022 година“, изјави Јотова. „Двајцата беа категорични дека процесот на пристапување мора да биде според правилата и врз основа на достигнувањата на земјите-кандидати за членство“, стои во соопштението од кабинетот на претседателката на Бугарија.Тагови: Јотова Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter