ЖивотНајголемата нуклеарна централа во светот затворена во Јапонија еден ден по рестартирањето Рестартирањето на најголемата нуклеарна централа во светот беше прекинато вчера, само еден ден откако беше рестартирана по речиси 14 години. Операторот на централата, „Токио електрик пауер компани“ (Тепко), изјави дека не знае кога ќе биде решен проблемот во централата Кашивазаки-Карива во префектурата Ниигата, објавува „Гардијан“. Централата Кашивазаки-Карива е надвор од употреба од катастрофата во Фукушима во 2011 година, а процесот на рестартирање започна завчера откако доби конечно одобрение од нуклеарниот регулатор. Сепак, Тепко вчера објави дека „се огласил аларм од системот за следење за време на процедурите за стартување на реакторот“, што предизвика прекин на операциите. „Не очекуваме ова да се реши за еден или два дена. Во моментов не е можно да се каже колку време ќе трае“, изјави на прес-конференција менаџерот на локацијата, Такејуки Инагаки. „Засега, целосно ќе се фокусираме на обидот да ја идентификуваме причината за тоа што се случило“, додаде тој. Портпаролот Такаши Кобајаши објасни дека „откако стана јасно оти ќе биде потребно време, тие одлучија повторно да ги вметнат контролните прачки како што беше планирано“, додавајќи дека реакторот „е стабилен и нема радиоактивно влијание однадвор“. Контролните прачки се уреди што се користат за контрола на нуклеарната верижна реакција во јадрото на реакторот. Нивното вадење ја забрзува реакцијата, додека нивното вметнување ја забавува или целосно ја запира. Кашивазаки-Карива е најголемата нуклеарна централа во светот според потенцијалниот капацитет, иако само еден од нејзините седум реактори сега е рестартиран. Централата беше затворена во 2011 година кога Јапонија се откажа од нуклеарната енергија по силниот земјотрес и цунамито што предизвикаа топење на три реактори во електраната Фукушима. Јапонија, земја сиромашна со ресурси, сега се обидува да ја оживее атомската енергија за да ја намали својата зависност од фосилни горива.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter