Најголемата музичка ѕвезда збесна: Таа е во филмот само поради вишокот килограми! - Канал 5

Најголемата музичка ѕвезда збесна: Таа е во филмот само поради вишокот килограми!

Изгледа дека британската пејачка Адел не е задоволна со изборот на актерката која ќе ја толкува улогата на Адел во биографскиот филм.

Најголемата музичка ѕвезда збесна: Таа е во филмот само поради вишокот килограми!
Во моментов се планира да се сними филм за животот на Адел, но таа не реагираше добро кога слушна дека најверојатно главната улога ќе ја добие австралиската комичарка Ребел Вилсон.

„Тие прво мора да ја добијат мојата дозвола! Слушнав дека ја планираат Ребел Вилсон. Ќе видиме дали шпекулациите се точни“ – изјави Адел.

Пејачката е бесна бидејќи Ребел ја избрале само затоа што има вишок на килограми.

„Ако некој има вишок килограми не значи дека е создаден да ме глуми во филм“ – додаде Адел.

Според пишувањето на „Дејли Стар“ близок пријател на актерката изјавил: „Ребел отсекогаш сакала сериозна улога за да може да се докаже. Ова ќе биде извонредна прилика бидејќи Адел е легенда“.

Изворот додаде дека Ребел не е толку добра пејачка, иако умее пристојно да отпее, но дека постојат разни студиски програми кои можат да го средат нејзиниот вокал и да направат да звучи како британската пејачка.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со положување свежо цвеќе и оддавање почит, го одбележавме овој значаен датум од македонската историја.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Со гордост и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и делата на сите оние кои се бореле за слободата, самостојноста и иднината на македонскиот народ.

Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Нека ни е вечна Македонија!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM.

Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“.

Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер.

Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат.

„Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук.

Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер