ЗабаваНАЈГОЛЕМАТА ЏЕКПОТ ДОБИВКА НА СИТЕ ВРЕМИЊАВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН ДО 36 МИЛИОНИ ДЕНАРИВидеолотарија Касинос Австрија од први декември активира нова добивка, НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР со дефиниран опсег на добивката од 24 до 36 милиони денари или околу 600.000 евра. Ова е најголемата џекпот добивка на сите времиња кај нас. Почнува најубавиот месец во годината. Месецот во кој сите си замислуваме убави желби. Видеолотарија Касинос Австрија овој месец, со цел да одговори на задоволството на нашите верни играчи на видеолотариските терминали, одлучи да внесе дополнителна добивка. Од денес 01.12.2022, Видеолотарија Касинос Австрија ја активира дополнителната џекпот добивка- НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР. Овој џекпот има дефиниран опсег на добивка од 24 до 36 милиони денари или околу 600.000 евра, што ја прави најголема џекпот добивка на сите времиња кај нас. НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР е џекпот добивка од времен карактер, која може да се постигне само еднаш. Потребниот влог за постигнување на оваа добивка е идентичен, како и за досегашниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, односно 40 денари по спин на видеолотариските терминали. Празничната магија во текот на месец декември, покрај фантастичниот НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР, ќе ја дополниме и со МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ добивките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар Новиот министер за здравство Сашо Клековски попладнево ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани во последните два дена со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. По извршениот надзор било утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение поставена била пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАстрономски цени за финалето на Светското првенство, се бараат и повеќе од 60.000 евра за билет!Интересот за финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ги подигна цените на билетите до неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.Побарувачката за билети е огромна уште од завршувањето на полуфиналните натпревари, а цените на пазарот растат секојдневно. Според податоците од платформата за продажба и препродажба на билети, моментално најевтиниот достапен билет чини околу 7.400 евра, за место во горните редови на стадионот. За оние што сакаат најдобар поглед на теренот, цената достигнува и до 61.000 евра – сума што се бара за места веднаш до теренот, во најатрактивните сектори. Пред само неколку дена, најевтините билети можеа да се најдат за околу 2.000 евра, но поради огромниот интерес, цената оттогаш е повеќекратно зголемена. Билетите сè уште можат да се купат преку официјалниот систем на ФИФА, со претходна регистрација на веб-страницата на организаторот, а ФИФА нуди и официјална платформа за безбедна препродажба и размена на билети. Покрај стандардните седишта, во понудата се вклучени и луксузни ВИП-пакети. Најпрестижните зони „Pitchside Lounge“ и „Trophy Lounge“ се веќе распродадени, додека понудата „Champions Club“, која вклучува седишта веднаш до теренот, е сè уште достапна по цена од околу 20.000 долари.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!На социјалните мрежи повторно се појавија закани за физичко насилство кон новинарот Александар Видиновски, овој пат со повик за „газење“ под видео објавено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.„Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил корисно, што снимал ѓубре?! Да не земал да исчисти? За џаболебари кои немаат што да направат во животот, само газење.“ Ова е содржината на последната закана јавно објавена на социјалните мрежи. „Газењето“ се препорачува под видео објавено на профилот на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Во последниот период зачестија заканите кон новинарот, а за овој и за сличните случаи поднесена е пријава до МВР. Досега неколку пати реагираа и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook