ЗдравјеНајголема грешка што ја прават луѓето кога земаат витамин Д и магнезиум Прекумерната доза на овие суплементи предизвикува проблеми исто како и недостатокот од нив... На социјалните мрежи има многу дискусии за тоа дали магнезиумот и витаминот Д треба да се земаат заедно. И двата суплемента се важни за одржување на здравјето на телото, бидејќи го поддржуваат физичкото и менталното здравје, ги штитат коските, ги ублажуваат тешките симптоми на анксиозност и депресија. Придобивките од магнезиумот Магнезиумот е минерал и електролит кој е од големо значење за нашето тело и хемиските процеси во него. Му помага на нервниот систем, ги одржува мускулите здрави и ја контролира гликозата во крвта. Земањето магнезиум може да помогне при различни состојби како што се: анксиозност, астма, аритмија, запек и главоболки, но и несоница, синдром на нервозно дебело црево, немирни нозе и ПМС. Придобивките од витаминот Д Витаминот Д му помага на нашиот имунолошки систем и е од суштинско значење во изградбата на коските, функционирањето на невроните, а го подобрува и расположението. Доволното внесување на овој витамин може да спречи развој на сериозни болести. Дозирање на магнезиум Според порталот verywllwealth.com. не треба да се земаат повеќе од 350 mg магнезиум дневно во форма на суплемент. Во спротивно, може да доведе до дијареа и грчеви, а земањето превисока доза може да предизвика откажување на бубрезите. Дозирање на витамин Д Што се однесува до витаминот Д од сите извори и храната и додатоците, 100 mg се оптимални за сите постари лица од 9 години. Земањето прекумерна доза од овој витамин може да предизвика гадење, повраќање, конфузија и камења во бубрезите. Симптоми за недостаток на магнезиум - дијабетес - губење на апетит - гадење - замор - слабост - трнење - грчеви и мускулни контракции Недостаток на витамин Д Недостатокот на овој витамин може да предизвика слаби коски и други симптоми. Луѓето кои се најмногу изложени на ризикот од недостаток на витамин Д се постарите лица и доенчињата, но и оние кои повеќе се движат на отворено, како и луѓето со потемен тен и дебелите лица. Недостатокот на витамин Д не се манифестира никако, но доколку постои сериозен недостаток од овој витамин, тоа се рефлектира како болки во коските, фрактури на коските, депресија, често паѓање и проблеми со одењето или рамнотежата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook