Најголема еуфорија за освоено злато на Игрите: Италијанец не можеше да запре (ВИДЕО) - Канал 5

Најголема еуфорија за освоено злато на Игрите: Италијанец не можеше да запре (ВИДЕО)

Мутаз Еса Баршим (30) од Катар и Италијанецот Џанмарко Тамбери (29) ја освоија олимписката титула во скок во височина на Олимпијадата во Токио. И двајцата скокнаа 2,37 метри од првиот обид.

Најголема еуфорија за освоено злато на Игрите: Италијанец не можеше да запре (ВИДЕО)

Како што скокаа по сите височини пред првиот обид, а потоа и двајцата трипати ја срушија шипката на 2,39 метри, можеа да продолжат да скокаат по злато на помали височини или да се договорат дека и двајцата ќе го добијат најскапоцениот медал. Тие брзо се согласија дека нема да скокаат понатаму, туку дека двајцата ќе го земат златото.

За двократниот светски шампион (Лондон 2017, Доха 2019), ова му е трет олимписки медал на Баршим, по бронзениот медал во Лондон 2012 година и сребрениот медал во Рио де Жанеиро во 2016 година, додека Тамбери стигна до првиот медал од големите натпреварувања во неговата кариера.

Бронзата ја освои Белорусинот Максим Медасекау. Тој, исто така, скокна 2,37 од првиот обид, но имаше несреќи на помала височина.

Откако Италијанецот дозна дека го зел златото, настана лудница. Додека Баршим мирно го прославуваше првото место со својот тим, Италијанецот го зафати еуфорија.

Плачеше, скокна, се фрли на патеката, ги прегрна сите по ред. Од Баршим до Португалецот Мамоне. Кога Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс сензационално освои злато на 100 метри, Тамбери, исто така, влета во неговите раце со италијанското знаме и го бакна и прегрна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг

Експлозивни дронови пронајдени во близина на аеродромот во Лајпциг покажуваат дека Германија е под закана, изјави канцеларот Фридрих Мерц откако беше објавено дека бил откриен уште еден ваков уред.

Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг

„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на аеродромот во Лајпциг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век

„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.

Мицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век

Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Во повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер