Најголем дел од претставките на граѓаните до народниот правобранител за судството - Канал 5

Најголем дел од претставките на граѓаните до народниот правобранител за судството

Најмногу претставки од граѓаните  до народниот правобранител има во однос на работата на правосудството. Во текот на изминатата година граѓаните најмногу се пожалиле за кршење на нивните човекови права во делот на личните документи.

Најголем дел од претставките на граѓаните до народниот правобранител за судството

Народниот правобранител Насер Зибери оцени дека сите институции не реагираат подеднакво исто на препораките кои ги дава правобранителот и дека не е задоволен од тоа како ги спроведуваат општите препораки.

-Во целина правосудството е проблематична сфера и има најмногу прекршувања и претставки на граѓаните. Тука голем простор зафаќаат претставките во однос на работата на извршителите и секако проблематични се прашањата врзани со потрошувачките права.Во делот на спроведување на посебните препораки кои се врзани за претставките сме задоволни, органите соодветно реагираат, се разбира не сите во исто време и со ист квалитет, но кога се работи за општите препораки кои произлегуваат од годишниот извештај и спроведување на мерките кои ги утврдува собранието за спроведување на истите сме целосно незадоволни,- Насер Зибери.

Заменик министерот за правда, Ален Деребан во своето обраќање потенцираше дека законите сами по себе не се доволни и дека е потребна политичка волја. Според него, граѓанскиот сектор има клучна улога во процесот на заштитата на човековите права и испрати порака дека министерството за правда е спремно да ги слушне и примени препораките од страна на правобранителот.

-Законите мора да бидат алатка за заштита, а не бариера.Од министерството за правда не очекувајте молк, туку гласност. Гласност за секој еден граѓанин кој не може да ги оствари своите права. Затоа сме тука да ги слушнеме препораките, да ги примениме и да го следиме нивното влијание,- - Ален Деребан.

Како што заклучи и претставникот на Развојната програма на Обединетите нации во Македонија, Армен Григоријан, извештајот на правобранителот во однос на претставките ги отсликува потребите на граѓаните за заштита на нивните права, но претставува и повик за дејствување.

YouTube video

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Шпанскиот фудбалски стратег Марти Сифуентес е нов тренер на Лестер објави синоќа тимот од Чемпионшип лигата.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Лестер се раздели со поранешниот тренер Руд ван Нистелрој минатиот месец откако клубот испадна од Премиер лигата.

На негово место седнува 43-годишниот Шпанец кој изминатите две години беше на клупата на Квинс Парк Ренџерс.

Во својата тренерска кариера Сифуентес ги предводеше и норвешки Сандефјорд, дански АаБ и шведски Хамарби, како и тимови од шпанските пониски лиги.

Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија...

 Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите.

Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна беа вообичаени кај туристите. Отсега, имено, на посетителите веќе нема да им биде дозволено да одат боси, ни само во костим за капење или пак, без кошула, ниту да седат на плоштадот во таква облека. Консумирањето алкохол на јавни места, исто така, е забрането, освен во ресторани, барови и посебни зони, пренесува „Дејли мејл“. Просењето, лежењето или седењето на плочници, ѕидови и во парковите, како и одржувањето излети на јавна површина, исто така, се забранети.

Правилата, потпишани од градоначалникот Матео Вијакава, важат преку целата летна сезона до 30 септември. Прекршителите ќе плаќаат казни во износ од 26 до 510 евра.

Целта на овие мерки, според Општината, е да се зачуваат „мирот и тишината“ во градот, којшто има само 400 жители, но прима до 100.000 туристи во шпицот на сезоната. Ова не е прв обид - минатата година, Портофино забрани запирање заради подолго набљудување на популарни места - за да спречи толпи и несоодветно однесување.

Сличен е случајот и во Албуфеира, позната дестинација за забави на југот од Португалија. Градскиот совет неодамна воведе Кодекс на однесување што вклучува строги забрани за јавна голотија, секс на отворено, прекумерна бучава, јавно уринирање и пиење алкохол на улиците. Мерките беа воведени по низа несакани настани, каков што е минатогодишното вирално видео на осум британски туристи кои танцуваат целосно голи во кафуле во средиштето на Албуфеира сред бел ден. Градоначалникот Хозе Карлос Роло изјави дека правилата имаат за цел „да поттикнува хармонија“ меѓу тамошното население и туристите и „да го поправи оштетениот имиџ“ на градот.

За најсериозните прекршоци - како што е целосно соблекување или сексуален чин на јавно место - казните се движат од 500 до 1.770 евра. За делумна голотија, мокрење на јавно место или оставање количка од супермаркет на несоодветно место, казните се движат од 300 до 1.500 евра.

Европа станува построга кон туристите

Портофино и Албуфеира не се изолирани случаи. И други европски дестинации ги заоструваат своите правила: Говорејќи за Италија, Рим, на пр. го забрани капењето во фонтани; во Венеција, излетите на мостови и кај спомениците се строго забранети, а на островот Капри, на туристите не им е дозволено да носат „бучни“ сандали.

Со сѐ поголемиот број туристи, се зголемува притисок врз околните заедници, па и правилата на однесување на одмор ќе станат построги, а трошоците за нивно непочитување - поскапи.

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

 Проектилите за противвоздушните одбранбени системи „Патриот“, наменети за Украина, веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

– Веќе се испраќаат, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање во воената база Џојнт Бејс Ендрјус во Мериленд. - Тие се испорачуваат од Германија, а потоа Германија ги надоместува резервите. Во сите случаи, САД се целосно обештетени, додаде тој.

Изјавата доаѓа во период на засилени руски напади врз украинските градови, поради што Киев бара дополнителни системи за воздушна одбрана, особено од САД. Портпарол на германската влада во понеделникот соопшти дека европските сојузници разговараат за испорака на повеќе од три системи „Патриот“ за Украина.

Трамп појасни дека овие испораки се дел од нов аранжман според кој членките на НАТО и ЕУ купуваат американско оружје, дел го испраќаат во Украина, а потоа ги обновуваат залихите со поддршка од Вашингтон. – Секогаш си ги добиваме парите назад, целосно. Во некои случаи, земјите-членки на ЕУ директно ни го враќаат износот, нагласи Трамп.

Новите пратки оружје пристигнуваат само два дена откако Трамп ѝ постави ултиматум на Москва, предупредувајќи дека САД ќе воведат „строги“ царини ако Русија не се согласи на мировен договор во рок од 50 дена.

Кремљ претходно ги нарече предложените царини „сериозни“, со оценка дека Москва ќе има потреба од време за да ја анализира пораката од Вашингтон.

Американскиот претседател исто така изјави дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин откако САД на 14 јули воведоа нови санкции против Русија.

притисни ентер