Најдоцна утре нови протоколи за хотелите и угостителите

Рестораните, не до крајот на годинава, туку многу порано ќе може да организираат свадби, смета министерот за економија, Крешник Бектеши.

Сепак, според него, крајниот збор и за овој сегмент од работата на угостителските објекти, ќе го има Комисијата за заразни болести.

Бектеши денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, информира дека до крајот на денов или најдоцна утре се очекуваат нови протоколи за работата на хотелиерите и угостителите.

Хотелиерите, напомена министерот, не се затворени со одлука на Владата, но многу е важно и за гостите и за странските туристи да работат согласно протоколите од Комисијата за заразни болести.

– Оваа тема вчера беше дискутирана на владина седница. Го задолживме министерот за здравство да и предложи на Комисијата нови протоколи. Очекуваме денеска или најдоцна утре да имаме такви предлози кои секако би ги усвоиле, имајќи предвид дека хотелите не се затворени со владина одлука. За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година, туку многу порано би можеле и тие да работат, рече Бектеши.

Тој вчера, како што додаде, имал состанок и со хотелиерите.

– Министерството во соработка со хотелиерите и нивната Комора достави предлог-протоколи до Комисијата за заразни болести и главно тие се речиси истите усвоени од Европската комисија, а согласно нашите податоци веќе и некои тур-оператори ги бараат тие протоколи за да продолжат од средината на јули до крајот на летната сезона да ја нудат земјава како туристичка дестинација. Во текот на денешниот ден или најдоцна утре очекуваме протоколите да бидат разгледани од Комисијата и да бидат предложени до Кризиниот штаб и Владата за да бидат усвоени. Се работи за речиси истите протоколи според кои веруваме дека можат да работат и нашите хотелиери. Согласно препорките на СЗО се знаат главните мерки што треба да ги почитуваме сите, вклучувајќи ги угостителските и хотелски објекти: држење дистанца, дезинфекција…, нагласи Бектеши.

Засега, дополни тој, нема проценка за штетите на хотелиерите од епидемијата.

В петок, според министерот, граѓаните со низок доход ќе бидат информирани дека ќе се стави во функција платформата на која хотелиерите ќе ги понудат своите услуги за користењето на ваучерите вредни 6.000 денари. – И граѓаните што ќе добијат платежни картички од 9.000 денари, неврабоени и граѓани кои добиваат социјална помош, ќе може да ги користат во туристичките агенции и хотелите, рече Бектеши./МИА

Пендаровски: На 8 мај имајте ги предвид иднината на вашите деца и младите

„Оставете ги партиските поделби, оставете ги етничките поделби, размислувајте како родител, размислувајте како поединец, размислувајте како приватник, размислувајте како човек. “

„Дали би му дале верба на некого кој вели дека сите договори кои ни донесоа мир и не вратија во заедницата на цивилизирани нации и држави, треба да ги смениме, да им направиме ревизија и да донесеме нешто што никој жив не знае што може да биде и со какви ефекти ќе биде“, им порача на тетовчани вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Во оваа насока тој посочи дека наместо државата да се враќа во мрачното минато, во периодот од 2006-та до 2017-та година, треба да се фокусираме на економијата, бидејќи од тоа зависи дали децата ќе ни останат покрај нас или ќе бараат подобра иднина надвор од татковината.

„Невозможно е најголемиот дел од македонските граѓани да не ја препознае рационалноста на ова што го зборувам. Ме прашувате за било кој договор, јас имам одговор - тој договор е добар, овој договор е добар, ова е добро, ова е лошо. Тие немаат одговор. Три пати ги прашуваш, вели ќе направам тим од експерти, па со помош на странски експерти, па Совет на Европа, Венецијанска Комисија и по некое време, после неколку месеци...Кога бирате претседател, премиер, министер – тој мора од првиот ден да делува и да носи одлуки, а не допрва да собира експерти. Ти ако не знаеш сега што треба да направиш во однос на Рамковниот договор, Преспанскиот договор, Европската преговарачка рамка, ако допрва бараш помош од стручни експерти од странство и од дома, немој да се пријавуваш за претседател“, додаде Пендаровски.

Повикувајќи ги граѓаните на Тетово на 8 мај да го заокружат бројот 1, Пендаровски потенцираше дека на денот на гласањето треба да ги имаат предвид интересите на нивните деца и внуци, нивните лични и интересите на семејството,соопштуваат од неговиот тим.

Спасовски: Милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце.

„Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат, Македонија треба да гласа ЗА прогрес, за број 1 на 8 мај! Во с. Драгоманце и Младо Нагоричане знаат дека

може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на поголеми плати и пензии.

Ние од СДСМ и коалицијата нудиме милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство, поголем грант од 10.000 евра за жени земјоделки, 100% зголемување на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години!

Сите знаеме како изгледа владеењето на режимот, затоа не се откажуваме од иднината! На 8 мај за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Дадо Топиќ откри како го добил името Адолф

Познатиот музичар Дадо Топиќ во интервју откри како го добил името Адолф.

„Најдобриот пријател на татко ми, кого исто така го паметам како еден од најдобрите и најквалитетните луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. Тој беше стоматолог по професија, а татко ми, кого Адолф во животот со своите добри дела го задолжи, вети многу пред моето раѓање дека ако има син ќе го крсти детето по него“, рекол своевремено Дадо и изјавил дека овој Адолф му бил и кум на крштевката, пренесува 24сата.хр. .

Топиќ откри и кога го добил прекарот Дадо.

„Прекарот Дадо го добив дури во средно училиште, кога почнаа да се натрупуваат проблемите околу моето име, па со него сум заглавен до ден-денес“, изјавил Дадо.

притисни ентер