Молк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенција
2Молк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенција
КултураНајдоброто од светот на анимацијата на 4. „Анимакс Скопје Фест“Вкупно 52 филмови од 17 земји ќе бидат прикажани во официјалната програма на 4. издание на Меѓународниот фестивал на анимираниот филм „Анимакс Скопје Фест“, што од 4 до 6 декември ќе се одржи во Скопје. Според директорот на фестивалот Кузман Кузмановски, станува збор за најдобрите и најнови филмови од светот на анимацијата, бидејќи поголем дел од нив се носители на престижни награди и се победници на реномирани фестивали во светот. Селекцијата е извршена од досега рекордни 326 пристигнати анимации од разни делови од светот. - Таа е нагорната линија на која ние се радуваме и веќе сме позиционирани и забележани во светот на анимацијата, бидејќи ни стигнаа филмови од Куба, од егзотични земји, од цел свет. Франција оваа година е најзастапена со девет филмови, Шпанија, Русија, Британија и САД, рече Кузмановски. Тој нагласи дека годинава за главните награди-златна, сребрена и бронзена тула, ќе одлучува четиричлено жири во кое ќе има двајца застапници од Македонија - Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија и Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на МРТ, како и гостите Андреј Рубетској светски афирмиран аниматор од Русија и Дорис Бауер коосновач на Автсрискиот филмски фестивалски форум. Селектор на фестивалската програма Благоја Куновски Доре, изразувајќи задоволство од пријавените над 300 филма на фестивалот, подвлече дека тоа охраврува бидејќи покажува дека „Анимакс Скопје Фест“ си избори место на мапата на анимирани светски фестивали. - Бројката на пристигнати филмови покажува дека имамем силна конкурнција. Практично една шестина е влезена од сите пријавени филмови. Секоја вечер ќе бидат прикажани по 15-16 филмови или околу 100-тина минути фестивалска програма. Тоа се филмови од сите континенти, а во селекцијата немаше сентименталност. Влегоа оние кои што навистина заслужуваат, така што од една од водечките светски анимации каква што е Франција, од девет пријавени филмови дури шест влегоа во официјална конкуренција, потоа Полска, која е светски позната во анимацијата е застапена со шест филма. Со по четири влегоа Италија, Шпанија, Германија, а има и кинматографии како американската, британската застапени со по три филма, рече Куновски. Фестивалот отвора со филмот „The Wait Of May“ (Чекајќи го мај) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, кој е многу наградуван и автор на постерот за овогодишното издание на Venice Film Fest. На првата вечер на фестивалот ќе се претстави и македонскиот аниматор Иван Ивановски со филмот „Конзо“. Втората вечер ќе ја отвори францускиот „Kiki of Montparnasse“ (Кики од Монтпарнас ), а третата италијанскиот „Beauty“ (Убавина)“, а дел од програмата ќе биде и „Man On The Chair“ (Човек на столчето), овогодишен победник на Интернационалниот фестивал за анимиран филм „Annecy“ во Франција“. Традиционално, членовите на жирито од странство и оваа година ќе се претстават со работилници. Австријкаа Бауер, ќе одржи работилница на 5. декември, во Кинотека на Македонија со почеток во 12 часот, на која ќе говори на тема „Филмските фестивали – поттик и потреба“. Во сабота, пак, гостинот од Русија, Рубетској, кој е режисер на познатиот цртан филм „Белка и Стрелка“, (Space Dog Family) ќе одржи работилница за деца на возраст од 8 до 12 години, под наслов „Трикови на анимирање“. Работилницата ќе се одржи во 13 часот во Кинотека на Македонија. За Златната тула за најдобар филм за деца ќе гласаат дечињата во текот на трите фестивалски денови од вкупно осум анимирани филмови за деца влезени во официјалната конкуренција. Наградите ќе бидат доделени на затворањето на фестивалот во сабота, 6ти декември. Новина на овогодишното издание на фестивалот е соработката со Европската филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности - ЕСТА, кој што ќе додели две стипендии од по 3.000 евра. За стипендијата може да се пријават сите ученици од четврта година средно образование и лица со завршено средно образование кои поседуваат основно познавање за цртање. Заинтересираните треба да ги испратат своите лични податоци (име и презиме, возраст и контакт телефон) заедно со цртежи во било која техника и на било која тема на мејлот на фестивалот: [email protected] или [email protected]најдоцна до 4-ти декември. Како што нагласи Кузмановски, од пристигнатите апликации ќе се направи избор на шест апликанти кои ќе учествуваат на работилница за традиционална 2D анимација во сабота, 6ти декември, во просториите на Универзитетот, а предавач на работилницата ќе биде Гоце Господиновски од ЕСРА“. Тој најави дека по завршување на фестивалот ќе биде објавен отворен повик за македонските аниматори за едноминутна анимација, исто така, во соработка со ЕСРА, а деталите ќе бидат објавени дополнително. Најдобрата анимација ќе биде наградена со стипендија во вредност од 3.000 евра. Официјалната програма во трите фестивалски денови ќе почнува во 20 часот,а билетите ќе чинат 50 денари и ќе може да се набават на влезот на Кинотека на Македонија. Детската програма во четврток и во петок ќе ја следат деца организирани од основните училишта, додека проекцијата во сабота ќе почне во 12 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани. Организаторите на фестивалот, порачуваат дека билетите треба да се чуваат и по проекциите затоа што се бесплатен влез за клубот Midnight за датумот назначен на картата. „Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик Македонскиот јазик е официјален во државата и тоа треба да се почитува и за правосудниот испит порача премиерот Христијан Мицкоски, откако студентите Албанци вчера упатија ултиматум целиот испит да се полага на албански. Мицкоски во целост застана зад предлогот што минстерто за правда Шасивари... дециден е дека дека писмениот дел од испитот треба да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, додека усмениот дел според него треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик на правосудниот систем во Македонија и согласно препораката на Венецијанската комисија. - Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три јазици различни од македонскиот, и за нас како Влада логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование додека во усмениот дел каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, тоа значи право и кога зборуваме за правото и правосудниот систем имаме принцип на „франка лингва“ односно еден јазик. Во Македонија тој јазик е македонскиот, изјави Мицкоски. Шасивари најави дека за предлогот сега ќе се побара мислење од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Но, веќе е извесно дека ДУИ ќе биде и против овој закон.. Тие денеска преку соопштение го обвинија министерот дека со својот пристап кон полагањето на правосудниот испит на албански јазик создава нови проблеми наместо да понуди решение. -ДУИ оценува дека уставните права не можат да зависат од волјата на министерот, од резултатите на средбите или од толкувањата на подзаконските акти. Подзаконските акти треба да служат за спроведување на Уставот и законите, а не за нивно заменување или ограничување на правото што тие го гарантираат. Албанскиот јазик на правосудниот испит не е прашање на компромис, туку прашање на еднаквост и почитување на уставниот поредок, реагираат од партијата на Ахмети. Албанските студенти по средбата со министерот се прогласија за победници, но изразија незадоволство од понуденото според нив делумно решение и порачаа дека се подготвени повторно да излезат на улица доколку не им се исполни нивното барање во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМолк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенцијаМолк од бугарското МНР по реакциите од македонското Министерство за надворешни за провокативните и навредливи изјави на бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков, но и на тамошниот министер за внатрешни работи Демерџиев за случајот со Ива Михаилова. Изјавата на Радуков дека би бил изнанден ако македонските власти не знаеле за заминувањето на Михаилова од Македонија, од македонското МНР ја оценија и како дирктнно мешање во внатрешните работи на земјава, а тоа јасно му било укажано и на вршителот на должност во бугарската амбасада кој вчера беше повикан на разговор во МНР. Премиерот Мицкоски одби да ги коментира ваквите изјави на Демерџиев и Радуков, иако потенцираше дека имал што да им одговори. Ваквата реторика од бугарската страна, според аналитичарите ќе продолжи па дури и ќе се заоаструва бидејќи официјална Софија го политизира случајот со Михилова. Според Петар Арсовски можно и прогласување на бугарскиот амбасадор за персона нон-грата во земјава согласно Виенската конвенција за дипломатски односи. „Не очекувам деескалација на таа реторика брзо и очекувам дека ќе биде тешко да се оствари нормален разговор по димпломатски канали со Софија во догледно време, односно се додека не спласне овој случај. Во основа на македонското МНР мустојат на располагање повеќе мерки од формална протесна нота до подигање на протесна нота на ниво на МНР со МНР, до посериозни импликации за вршителот на должност, ако се смета дека тој ги пречекорил дипломатските протоколи согласно Виенската конвенција дури и до прогласување за персона нон-грата. Повеќе од тоа не може да се оди бидејќи сепак тоа е реторички, а не дипломатски инцидент“– Петар Арсовски, политички аналитичар. Бугарската министерка за наворешни Петрова Чамова пак не ја спомена реакцијата од Македонското МНР, а во однос на евроинтеграциите на земјава порача дека била потреба поголема политика воља од македонска страна. Инаку бугарскиот министер за внатреши Демерџиев во поткаст за тамошните медиуми посочи дека не планираат ниту да ја бараат, ниту да ја испорчаат Михаилова во замјава, додека бугарскиот амбасадор Радуков изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија, но порача дека го разбирал нејзиот очај поради ниската доверба во македонските институци. Токму вакава изјава е оценета како мешање во внатрешните работи на земјава од страна на македонското МНР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаПо децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во ПрилепПо децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција.Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, има за цел да обезбеди современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот. Спортската сала се наоѓа на улицата „Цане Кузмановски“, во урбано подрачје со добра сообраќајна поврзаност со останатиот дел од градот. Изградена е во 1978 година, а во 1993 година била зафатена од пожар, по што била обновена и реконструирана неколку години подоцна. Денес објектот е во незадоволителна состојба и не се користи во целост за намената за која е изграден, поради што е предвидена негова целосна реконструкција. Салата е наменета за одржување спортски и рекреативни активности во повеќе спортови, меѓу кои ракомет, куглање, одбојка, кик-бокс, борење и мал фудбал. Според проектната документација, просторот за игра е димензиониран според ракометно игралиште со должина од 40 метри и ширина од 20,33 метри, додека висината до највисоката точка изнесува 13,90 метри. Предвиден е заштитен појас од два метра зад головите и по 1,20 метри по должина на страничните линии на салата. По реконструкцијата, спортскиот објект ќе располага со 1.959 седишта за публика, распоредени во 15 реда од двете страни на теренот. Покрај посебните влезови за публика, професионални спортисти и корисници на рекреативните содржини, предвидени се и соодветни пристапи за лицата со попреченост. Проектот не опфаќа само архитектонска реконструкција, туку и зафати во електричните инсталации, водоводот и канализацијата, како и во термотехничките системи. За објектот веќе е изработена техничка документација за основен проект за реконструкција и санација, со намена Б6 – спорт и рекреација. Предвидената вредност на реконструкцијата изнесува 180 милиони денари со вклучен ДДВ. Средствата се планирани да се исплаќаат во три фази: два милиона денари во 2026 година, 89 милиони денари во 2027 година и уште 89 милиони денари во 2028 година. Со обновувањето на салата „Македонија“, Прилеп треба да добие репрезентативен спортски објект што ќе создаде подобри услови за развој на спортот, за тренинзи и натпревари, но и за секојдневна рекреација. Инвестицијата претставува повеќе од обновување на спортската инфраструктура. Таа е вложување во здравјето и правилниот развој на младите генерации, како и во создавањето услови за идните спортски таленти да ги развиваат своите способности и да градат спортски кариери во современ и соодветно опремен објект. Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50