ЖивотНајдоброто место за живеење во оваа земја на ЕУ, платата е 5.000 евра....Најдоброто место за живеење во оваа земја на ЕУ, платата е 5.000 евра, објавен е список на држави во Европа во кој најдобро се живее, сите се изненадени од земјата на последното место.Списанието „Travel“ објави листа која ги содржи земјите од Европа во кои луѓето живеат најдобро и најдолго. Луксембург е на врвот на листата, а Австрија и Данска се на второто и третото место. Листата содржи земји со најдобар баланс помеѓу работата и животот. Магазинот направи рејтинг врз основа на неколку фактори, како што се просечниот број на работни часови неделно, должината на одморот, квалитетот на спиењето, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа и задоволство. Луксембург е на прво место, благодарение на високиот животен стандард. Една од причините за тоа е системот кој ги наградува постарите вработени со дополнителни денови за одмор, работниците над 55 години имаат просечно 36 дена платен годишен одмор. Воедно и просечната плата во Луксембург е околу 5.000 евра, а повеќе од 65 отсто од жителите имаат сопствен автомобил. И покрај малата популација од околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа, пренесува медиумите На второто и третото место се Австрија и Данска, кои на своите вработени им нудат минимум 25 дена платен одмор годишно. Интересен е податокот е дека на листата се и Соединете американски држави. Посебно што САД се на крајот на листата, на 87. место, бидејќи немаат законска регулатива за годишните одмори и постои големо незадоволство кај луѓето таму.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураБалетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков на 19 септември во НОБНа 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков.На 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Балетот „Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со секоја сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир МаалоОпштина Центар изведува градежни активности за поставување на нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков" и „Кеј 13 Ноември" во Маџир Маало. Со овој зафат се прошируваат капацитетите на водоснабдувањето и одведувањето на фекалните води. Вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри. Станува збор за целосно нова инфраструктура која ќе овозможи поефикасно и постабилно водоснабдување на околу 200 жители на населбата, како и подобро одведување на отпадните води. „Ја подобруваме инфраструктурата во интерес на граѓаните. Со овој проект жителите на Маџир Маало добиваат современо и сигурно водоснабдување и трајно решение за одведување на фекалните води", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со инвестициите во комуналната инфраструктура, со цел сите жители да имаат подобри и поквалитетни услови за живеење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаУгината риба во реката ТрескаОд СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните мрежи пријавија угинување на риба во реката Треска кај Кичево и побараа итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот.Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста за загадување или друга интервенција што би можела да го загрози живиот свет во реката. Оттаму бараат веднаш да се земат примероци од водата и од угинатата рибаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter