Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
КултураНајдобрите европски музичари и годинава на „Охридско лето“И годинава продолжи практиката, концертот на оваа вечер да го одржат најдобрите уметници од земјите на ЕУ.Белгиско-грчкото дуо составено од виолинистот Ное Инуи и пијанистот Василис Варваресос синоќа во црквата „Света Софија“ оставија силни импресии кај публиката на фестивалот „Охридско лето“ настапувајќи во рамките на традиционалната Вечер на Европската унија. И годинава продолжи практиката, концертот на оваа вечер да го одржат најдобрите уметници од земјите на ЕУ. Меѓу присутните во публиката беше и амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар кој рече дека Вечерта на ЕУ е посебно доживување на фестивалот „Охридско лето“. -Многу сме среќни што сме дел од овој прекрасен фестивал, Ви посакувам најискрени честитки за 60-годишнината и за долгата традиција. Досега на Вечерта на Европската унија имаме донесено многу уметници и секоја година сум пресреќен кога присуствувам на овој настан. Ова беше навистина прекрасна вечер и мислам дека сите уживавме во неа. Се надеваме дека заеднички ќе продолжиме и во иднина, изјави евроамбасадорот Жбогар кој го проследи концертот заедно со неговиот колега, амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, како и со градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Уметниците на подиумот во катедралната црква „Света Софија“ ноќта што долго ќе се памети ја започнаа со маестрална изведба на Бетовеновата Соната за виолина бр.7, продолжија со импресивна изведба на Свитата од музиката за Шекспировата драма „Многу врева за ништо“ од Корнголд, а завршија со преубавата Соната за виолина и пијано од Франк. -Прекрасно е , црквата е преубава и има неверојатна акустика, градот е прекрасен. И иако е многу тешка ситуацијата со ковид-19, сепак, вечерва имаше многу позитивна енергија на концертот Прекрасно си поминавме, а верувам и публиката, изјави грчкиот пијанист Василис Варваресос. -Луѓето кои беа присутни на концертот многу уживаа и беа максимално инволвирани и е нешто што многу ме радува. Енергијата беше многу силна, се надоврза белгискиот виолинист Ное Инуи. Инаку двајцата уметници кои со своето музицирање ја збогатија програмата на „Охридско лето“,често настапуваат заедно. Ное Инуи свири на виолина изработена од Томазо Балестриери во 1764 година. Студира на конзерваториумите во Брисел, Париз, Карлсруе и Дизелдорф што му овозможува да ги запознае различните виолински „школи“- француско-белгиската, германската и руската преку дидактичките стилови на педагозите Галамијан и Столјарски. Василис Варваресос дипломира, магистрира и докторира на престижната школа за музика „Џулијард“ во Њујорк. Неодамна кон неговите академски титули ја придодава и дипломата Уметник изведувач од Конзерваториумот за музика и танц во Париз. Неговиот последен албум „В за Валс“ е посветен на познатите дела инспирирани од танцот од Лист, Скрјабин, Шуман и Равел, а неодамна за издавачката куќа Навис класикс сними аудио-записи со виолинистот Ное Инуи и баритонот Димитрис Тилиакос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook