Најдобриот боксер меѓу Јукјуберите остана без противник, веднаш закажа реванш

Томи Фјури, полубратот на светскиот шампион Тајсон Фјури, ја откажа борбата со Јутјуберот Џејк Пол поради болест. Двајцата требаше да се борат на 18 декември.

Пол ја објавил веста за откажувањето на Фјури на социјалните мрежи и веднаш изјавил кој ќе се вклучи наместо Британецот. Станува збор за Тајрон Вудли, поранешен шампион на УФЦ.

Двајцата веќе се степале претходно оваа година и Пол славел со одлуката на судиите. Сега Пол рече дека ќе му даде на Вудли дополнителни 500.000 долари заработка доколку го нокаутира. Пол се уште е непоразен во професионалниот бокс, избоксувал четири борби и славел во сите четири.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Полските пратеници почнаа дебата за реформирање на Уставниот трибунал, откако претходната влада ги смени функциите на институцијата.

Критичарите на минатите реформи тврдат дека тие ја поткопале независноста на судството. Новите реформи се услов кој го постави ЕУ да добие милијарди евра од европските фондови.

Брисел одлучи да ги ослободи блокираните средства, иако владата на проевропскиот премиер Доналд Туск не ги заврши потребните реформи.

Уставниот трибунал беше клучна тема по прашањето за судската власт за претходната Влада на партијата „Право и правда“. Функцијата на овој суд е да одлучува за законитоста на донесените закони. /МИА

притисни ентер