Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
1Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
ЗабаваНајдобрата скијачка на светот наеднаш ја прекина веридбата Една од најдобрите скијачи на сите времиња, Линдзи Вон и ѕвездата на НХЛ П.К. Субан ја прекинаа врската и ја раскинаа свршувачката.Двојката се запознала пред околу три години и дека се во врска објавија во 2018. Веридбата ја потврдија минатиот август. „Во последните три години ПК и јас доживеавме неверојатни моменти заедно“, напиша Вон на Инстаграм. "Тој е прекрасен и добар човек и некој што многу го почитувам. Сепак, по многу размислување, решивме да одиме напред одделно. Ние секогаш ќе останеме пријатели и ќе се сакаме неизмерно", додаде таа. View this post on Instagram A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) Дефанзивецот на Ѓаволите од Њу Џерси исто така ги информираше своите следбеници дека парот повеќе не е во врска и истакна дека тие секогаш ќе го ценат заедничкото време. View this post on Instagram A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) Вон (36) се повлече од професионалното скијање минатата година. Таа ја заврши кариерата со 82 победи на Светскиот куп, што е за 20 повеќе од следната најдобра скијачка, Анемари Мозер-Прел од Австрија, а само шведската легенда Ингемар Стенмарк има повеќе победи од неа. Субан, по потекло од Торонто, важи за еден од најдобрите дефанзивци во НХЛ, пренесува Си-Ен-Ен. Вон беше во брак со американскиот скијач Томас Вон, а привлече големо внимание и кога беше во врска со Тајгер Вудс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаПет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекувањеПетмина лекари интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола ќе одговараат за несовесно лекување на 40-годишна пациентка која во јуни 2024 година починала по тешко влошување на здравствената состојба.Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против интернистите за тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинението, тие се товарат дека во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година не ја утврдиле вистинската здравствена состојба на пациентката и не презеле соодветни дијагностички и терапевтски мерки. „Во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, лекарите пропуштиле навремено да ја дијагностицираат и третираат состојбата на пациентката. Таа првично се јавила во болницата со упат од матичен лекар под сомнение за тромбофлебитис, односно воспаление на вените. Сепак, без детални анализи и целосна анамнеза, лекарите ѝ поставиле погрешна дијагноза, ревматоиден артритис, и ја пуштиле на домашно лекување“, соопштија од ОЈО Битола. Според Обвинителството, со ваквиот пристап била пропуштена реална можност навреме да биде откриен тромботичниот процес, да започне соодветно лекување и да се спречи неговото понатамошно напредување. Случајот датира од крајот на мај и почетокот на јуни 2024 година. Четириесетгодишната пациентка првпат побарала помош во битолската болница на 28 мај, со сомнение од матичниот лекар за воспаление на вените, но била дијагностицирана со ревматоиден артритис и пуштена дома. Само неколку дена подоцна, на 1 јуни, повторно се вратила во болницата со силни болки во стомакот и значително влошена општа состојба. Овојпат била хоспитализирана. Според обвинението, и покрај абнормалните лабораториски и биохемиски резултати, во следните четири дена не биле направени дополнителни испитувања за да се утврди причината за влошувањето и да се одреди соодветна терапија. Состојбата продолжила да се влошува, а попладнето на 4 јуни пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје. Таму итно била оперирана, при што лекарите констатирале тромбоза на горната и долната мезентерична артерија и комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Болеста веќе била во напредната фаза и состојбата била оценета како неоперабилна. Пациентката починала следниот ден, на 5 јуни 2024 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студентиНови почетоци, нови амбиции, но и прашање кое за многумина е клучно во годините што претстојат – што ќе им донесе академскиот живот? На платото на УКИМ свечено беше означен почетокот на новата академска година, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование Весна Јаневска. За бруцошите – пораки за знаење, истрајност и искористување на можностите што ги носат студентските години. Но, покрај факултетот, испитите и дипломата, бруцошите и годинава се исправени пред важен предизвик – дали својата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа. Дали по завршувањето на студиите планирате да останете во Македонија или би заминале во странство? На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Неговата порака до бруцошите – каде и да ги однесе образованието и животот, да се вратат дома. „Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму далеку од овде е подобро и дека таму е сѐ поинаку отколку тука дома.Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. / Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот.“ – Христијан Мицкоски. Околу 13 илјади бруцоши денеска го започнаа своето високо образование на универзитетите низ земјава, отворајќи ново поглавје во своето образование. Тагови: студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКос за новата стратегија за проширување: Повеќе Европа пред полноправно членство „Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување .„Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување која треба да биде објавена следната недела, а веќе одекна како проект без преседан. Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) и бесплатен роаминг се дел од примерите како земјите кандидатки ќе се интегрираат во ЕУ додека трае пристапниот процес, објаснува еврокомесарката. -Ќе се обидеме со таканаречениот претпристапен преглед да разговараме со земјите-членки кои се областите каде што за оние земји-кандидатки на кои ќе им треба повеќе време би можеле да понудиме повеќе Европа пред полноправното членство. // Тоа не е замена за членството. Бидејќи принципот базиран на заслуги бара време, ќе можеме, откако земјата кандидат ќе ги исполни критериумите за делумна интеграција во различни области, да го сториме ова и пред целосното членство. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување . Според нацрт-предлогот во кој увид имаше реномираниот бриселски медиум Политико, стратегијата значи дека Европската Унија ќе го отвори својот огромен пазар вклучувајќи и непречена трговија за земјите во европската чекална, под услов тие да се усогласени со европската надворешна политика против непријателските држави и индустриските соперници. Во спротивно, пристапот ќе се суспендира - се предупредува во предлогот. -Пристапувањето бара време: земјите-кандидатки мора да завршат ригорозен процес базиран на заслуги и да спроведат далекусежни и трајни реформи. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно. Пристапот треба да се суспендира или повлече каде што е потребно. - Политико. Новата стратегија за проширувањето ќе биде претставена на 6 октомври по што ќе биде проследена на пленарна сесија во Европскиот парламент, а на 16 октомври ќе се дискутира во Советот на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter