„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“
1„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
2Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
СкијањеНајдобрата американска скијачка се повреди на почетокот на сезонатаЛиндзи Вон повторно се повреди . Таа на својот Твитер профил напиша дека го повредила коленото на тренинг.Повредата значи дека Линдзи ќе го пропушти почетокот на својата последна сезона во Светскиот скијачки куп. ,,Вчера паднав на тренинг на Супер Г и го повредив коленото” , напиша Линдзи на Твитер . Yesterday I crashed training Super-G and hurt my knee. The good news; I do NOT need surgery. The bad news; I won’t be able to race in Lake Louise. LL has always been my favorite stop on the WC and I am devastated to not be coming this year.I am down but I am NOT out! #nevergiveup — lindsey vonn (@lindseyvonn) November 20, 2018 Во својата последна скијачка сезона 34 годишната Вон сакаше да го надмине рекордот на Ингемар Стенмарк со 82 победи . На Вон и недостигаат само четири за да го достигне легендарниот Швеѓанец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“За наградите одлучуваше жири во состав Емили Ришел, Елеонора Венинова, и претседателот на жирито, господинот Мирослав Митиќ. Синоќа во Дојран беа прогласени победниците и со доделување на големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобариот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, наградата за најдобар кинематографер, и наградата за најдобар краткометражен филм на медитеранот беше затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. За наградите одлучуваше жири во состав Емили Ришел, Елеонора Венинова, и претседателот на жирито, господинот Мирослав Митиќ. Наградата за најдобар филм ја доби кипарскиот „Држи се за мене“ во режија на Мирсини Аристиду, кој беше прикажан на отворањето на фестивалот. -Наградата се доделува на филм што постигнува исклучителна рамнотежа меѓу раскажувањето, режијата, актерската игра, филмскиот јазик и емоционалното влијание. „Држи се за мене“ („Hold On To Me“) ја претвора интимната семејна приказна во универзално размислување за простувањето, одговорноста и трајната врска меѓу таткото и ќерката. Неговата емоционална искреност, наративна зрелост и уметничка кохерентност го прават најзаокруженото остварување во овогодишната официјална конкуренција, велат од жирито. Режисерката се обрати со видео порака во која се заблагодари на наградата. Меѓународното жири му ја доделува наградата за најдобра кинематографија на медитерански филм на Душан Кардалевски за филмот „Кома“. -Преку внимателно компонирани кадри, суптилно визуелно раскажување и исклучително чувство за атмосфера, неговата кинематографија станува најсилниот уметнички израз на филмот.Оваа награда го вреднува визуелното раскажување што ѝ служи на емоцијата со елеганција, дисциплина и автентичност, рекоа членовите на жирито. Кардалевски ја прими наградата и посочи дека таа и припаѓа на целата екипа и се заблагодари на Агенцијата за филм, на Фестивалот „Преку езерото“ и на сите чинители кои придонеле за снимањето на филмот. Наградата за најдобра медитеранска филмска музика му беше доделена на Ѓорѓе Миљеновиќ, познат и како Скај Виклер за музиката во филмот „Кармадона“. -Неговата музика не е само придружба на сликите, туку суштинска драматична сила што ја обликува атмосферата, психолошката тензија и емоционалниот идентитет на филмот, смета жирито, кое признава дека музичко дело го збогатува кинематографското искуство со оригиналност, чувствителност и уметничка моќ. Миљенковиќ се обрати со видео порака во која се заблагодари за наградата и истакна дека му е особено драго што награда за музика доби во Македонија. Наградата за најдобар медитерански краток филм ја доби „Антигона“, кој со извонредна уметничка зрелост, претвора една безвременска класична тема во современо филмско искуство. Преку прецизно раскажување, сигурна режија и емоционална јасност, тој ја демонстрира уникатната моќ на форматот на краткиот филм да истражува длабоки човечки прашања, спојувајќи ја едноставноста со длабочината. Жирито ја препознава „Антигона“ како извонреден пример за филмско раскажување, кој се одликува со уметничка визија, емоционална резонанца и трајно влијание. Наградата за најдобра медитеранска филмска актерка и припадна на Пламена Гетова. -Нејзината изведба е извонредна по своето достоинство, емоционална прецизност и длабока човечност.Наместо да портретира болест, таа портретира комплетно човечко суштество чија интелигенција, ранливост и мирна сила остануваат присутни во секој момент од филмот, велат од жирито. Јаник Рение е награден за изведба што се одликува со извонредна сложеност и уметничка интелигенција. -Движејќи се со леснотија меѓу сеќавањето, идентитетот и филмската митологија, тој создава лик чија емоционална вистинитост останува впечатлива во рамките на исклучително стилизиран филмски свет, истакнуваат од комисијата и подвлекоа дека неговата изведба демонстрира извонредна прецизност, воздржаност и уметничка сигурност. Рение посочи дека е многу среќен за наградата и што е на фестивалот „Преку езерото“ кој му овозможи да допатува за прв пат во Македонија. Наградата за најдобар режисер им припадна на Александар Радивојевиќ за „Кармадона“ и на Бруно Форцањи и Хелен Катет за „Одраз во мртов дијамант“. -Меѓународното жири му доделува признание на Александар Радивојевиќ за бестрашна и несомнено оригинална режисерска визија. „Кармадона“ демонстрира извонредна уметничка храброст, комбинирајќи жанровско кино со филозофска рефлексија, создавајќи еден сосема свој посебен кинематографски јазик. Оваа награда го слави режисерот чија креативна амбиција ги проширува можностите на современото медитеранско кино. Меѓународното жири, исто така, им доделува признание на Хелен Катет и Бруно Форцани за извонредно достигнување во кинематографскиот режисер. Нивниот филм ја трансформира сликата, ритамот, звукот и меморијата во уникатно визуелно искуство каде што секој кадар одразува целосна уметничка контрола и единствена кинематографски визија, соопшти жирито и истакна дека оваа награда им оддава почит на филмските режисери чие мајсторство на кинематографскиот јазик претставува режија на највисоко уметничко ниво. Honorable mention од Советот нафестивалот му беше доделена на иранскиот филм „Коцкарот“ за исклучително креативно достигнување вонредни продукциски околности, издржливост и посветеност на филмското совршенство, остварени во особено тешки продукциски услови за време на војната, додека Special mention членовите на жирито му доделија на краткиот филм „Чекајќи го возот“ (Словенија) – режија: Армин Чулик, поради неговата извонредна уметничка сензибилност, суптилното раскажување и склучителната емоционална автентичност. -Преку својот воздржан филмски јазик и длабокото човечко набљудување, филмот покажува како едноставноста, искреноста и прецизноста можат да создадат траен емоционален впечаток, се вели во одлуката. Меѓународното жири ѝ додели Honorable mantion на Марија Петрова, за нејзината изведба во која внесува извонредна емоционална искреност, природност и автентичност во филмот, создавајќи лик чие присуство ја збогатува секоја сцена и го зајакнува емоционалното срце на приказната. Менторoт на работилницата за развој на дипломски и дебитантски краток филм, Дејан Милошевски и директорот на фестивалот на медитерански и балкански филм Јани Бојаџи, го соопшија овогодинешниот добитник на грант за развој и продукција на дебитантски краток филм. Станува збор за филмот на Горан Трифуновски, чие сценариот ќе добие можност да се снима. Следуваше проекција на краток филм произлезен од работилницата за дипломски или дебитантски краток филм „Нови Бранови“, премиерата на „Аналогни души“ во режија на Марија Грчева синоќа публиката во Амфитеатарот во Дојран ја поздрави со голем аплауз, по што следуваше проекцијата на филмот „Кармадона“ на Александар Радивојевиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБунт на лет на „Рајанер“: Лет од три часа траел речиси 12Летот на „Рајанер“ од Лондон до Тирана, кој требаше да трае околу три часа, се претвори во речиси дванаесетчасовна агонија обележана со лоши временски услови, принудни пренасочувања, недостиг на храна и пијалаци, како и конфликти меѓу патниците и екВо еден момент, ситуацијата ескалирала дотаму што била повикана полиција во авионот откако тој слета во Грција. Авионот на Летот RK8288 полета од аеродромот „Лондон Станстед“ на 3 јуни кон албанскиот главен град, но пилотот бил принуден да го измени планот на летот поради лошите временски услови. Само неколку часа по полетувањето, патниците биле известени дека нема да слетаат во Тирана, туку во Бриндизи, Италија. По слетувањето во Италија, авионот останал на пистата речиси три часа, а патниците тврдат дека во тој период добиле многу малку информации за ситуацијата. Подоцна, екипажот најавил продолжување на летот кон Тирана; сепак, само десет минути пред планираното слетување, било соопштено дека авионот повторно се пренасочува – овој пат кон Солун, Грција – поради невреме со грмотевици над Албанија, пренесува „Сан“ (The Sun). Тогаш меѓу патниците завладеало големо незадоволство. „Тоа беше моментот кога сите изгубија трпение и изби метеж“, изјави еден од патниците за британските медиуми. Група мажи се собраал пред пилотската кабина и почнала да го повикува пилотот. „Тој е кукавица. Пилотот треба да излезе и да се соочи со нас како маж“, викаа незадоволните патници. Поради сето ова во Солун морала да интервенира и полицијата. По слетувањето во Солун, околу 12 патници побараа да им се дозволи да излезат од авионот. „Не можете да нè задржите овде“, рекле тие. Според патниците, на крајот била повикана грчката полиција, која му препорачала на екипажот да им дозволи на патниците да излезат од авионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛевица: Не пропаднаа 4 милиони евра - ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони евра јавни средства. Во текот на целиот процес, Левица беше единствената партија што доследно инсистираше на суштинските изборни реформи - една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање. Наместо да се разговара за темите од лидерската средба и поради кои беше формирана Работната група, теми кои претставуваат вистинска демократизација на изборниот процес, ДПМНЕ во самиот финиш ја отвори темата за гласањето на дијаспората и ја прогласи за своја единствена црвена линија. Прашање што воопшто не беше предмет на четиримесечната работа на Работната група. Особено лицемерно е што токму една изборна единица беше едно од клучните ветувања на ДПМНЕ. За неа говореше и самиот Мицкоски, а е запишана и во програмата на партијата. Наместо да ја реализираат реформата што им ја ветуваа на сопствените гласачи, ДПМНЕ ја оттурна на страна и ја замени со тема што никогаш не беше предмет на разговорите во Работната група. За да не дозволи суштинските реформи повторно да пропаднат поради политички условувања, Левица понуди компромис. Прифативме гласањето по пошта да се примени за претседателските избори, доколку ДПМНЕ прифати една изборна единица. Со тоа падна во вода единствениот изговор дека токму дијаспората е пречката за нов Изборен законик. Откако ДПМНЕ ја префрли одговорноста врз опозицијата, Левица ја презеде иницијативата и ги повика сите опозициски политички субјекти на координативна средба за усогласување на ставовите околу една изборна единица. СДСМ одби да присуствува, без притоа да каже дали воопшто сè уште стои зад СОПСТВЕНИТЕ долгогодишни заложби за една изборна единица. Затоа - нема нов Изборен законик. Нема една изборна единица. Нема укинување на платеното политичко рекламирање. Останува истиот изборен модел што со децении создава изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и финансиска предност за најголемите политички партии. Додека јавноста слуша за изгубени европски средства, никој од ДПМНЕ и СДСМ не зборува дека со останувањето на стариот Изборен законик повторно ќе остане во сила системот преку кој најголемите партии ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Левица уште во Работната група предложи укинување на платеното политичко рекламирање, затоа што не прифаќаме државата со јавни пари да создава привилегирани и непривилегирани политички партии. Нашиот став беше јасен - ако нема еднакви услови за сите политички субјекти, тогаш не треба да има платено политичко рекламирање за никого. Или еднакви правила за сите, или јавни пари за никого. Ако со пропаѓањето на новиот Изборен законик повторно остануваат шесте изборни единици што ги фаворизираат најголемите партии и системот преку кој истите тие партии ќе поделат околу 10 милиони евра за платено политичко рекламирање, тогаш кому навистина му одговараше да нема изборна реформа? Истекот на рокот не ја ослободува власта од одговорност. Нов Изборен законик може да се донесе и утре, доколку постои политичка волја. Левица ќе продолжи да ја бара таа реформа сѐ додека изборните правила не престанат да бидат пишувани според интересите на политичките картели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook