Најдобар спортист на годината! - Канал 5

Најдобар спортист на годината!

На крајот на годината вообичаено се сумираат спортските достигнувања и се прогласуваат најуспешните.

Најдобар спортист на годината!
Агенцијата за млади и спорт вечерва ќе ги додели признанијата на најдпбрите спортисти кои дадоа посебен белег на изминатата година и обезбедија афирмација на државата на меѓународната сцена. Зоран Цветановски разговара со директорот на Агенцијата Маријан Спасески.

Разговорот погледнете го во видеото.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Денеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Јаневски за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на градските гробишта во бутел во периодот од 10 до 11 часот.

Синоќа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.

Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач.со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја нАјголемиот хит на Јаневски, „некогаш и негде“.присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа ги соопшти новите министри во рамки на владината реконструкција.

Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа

По седницата на Извршниот комитет, тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со министерството за социјална политика, кое ќе го предводи досегашниот заменик министер Ѓоко Велковски.. За министер за здравство, кое исто така го презема неговата партија, е именуван Сашко Клековски, досегашен директор на ФЗОМ.

Од ВРЕДИ нови министри ќе бидат поставени во министерствата за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ ќе номинира нов кандидат во земјоделие.

Освен кадровските решенија, Мицкоски објави и дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Познати три осминафинални довојки, кој ќе им се придружи?

23 Светското фудбалско  првенство влегува во својата најинтересна фаза, веќе третиот ден се играат мечеви од премиерната нокаут фазата, утринава ги добивме новите три селекции патници во  осминафиналето.

СП2026: Познати три осминафинални довојки, кој ќе им се придружи?

Норвешка, Франција и Мексико им се придружија во осминафиналето на веќе пласираните Канада, Бразил, Парагвај и Мароко,

Во нокаут шеснаесетинафиналето Норвешка го победи тимот на Брегот на Слоновата Коска со 2:1 и во осминафиналето ја очекува големиот фаворит, Бразил.

Француската репрезентација лесно ја победи Шведска со 3:0, и најави меч против Парагвај во борбата за четвртфиналето.

Третиот пар од осминафиналето го сочинуваат Канада и Мароко, додека Мексико го чека подобриот од натпреварот помеѓу Англија и ДР Конго.

Останатите натпревари од 1/16 финалето се: САД - БиХ, Белгија - Сенегал, Аргентина - Зелено'ртски Острови, Австралија - Египет, Швајцарија - Алжир и Колумбија - Гана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер