СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЗабаваНајдено е решение- принцот Чарлс ќе ја допрати Меган Маркл до олтаротНа еден ден до кралската венчавка , најдено е решение за проблемот со отсуството на таткото на Меган Маркл.Принцот Чарлс утре ќе ја води до олтарот Меган Маркл на венчавката со неговиот син , принцот Хари. Татко и на Меган ,Томас не може да дојде поради операција на срцето. И принцот Филип на 96 годишна возраст , кој се опоравува од операција на колкот , утре ќе присуствува на венчавката во Виндзорската капела.До таму ќе ја допрати мајката на Маркл , Дориа Рагланд , која пристигна завчера заедно со нејзините најблиски пријателки . На свадбата ќе има десе деверици и девери , но не и кума , зашто Маркл не сакала да издвои ниедна од своите пријателки . Мајката на Маркла денеска за прв пат се сретна со кралицата Елизабета , придружувана од младенците. Претходно се запозна со принцот чарлс и неговата сопруга Камила .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб. Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ. Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб. Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор. Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори. Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб? Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска? Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРегистриран земјотрес во Србија Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје. Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи. „Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаТошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зонатаНа граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната имплементација на моделот „One Stop“ со Република Србија и Република Косово. Станува збор за значаен чекор во модернизацијата на граничното управување, кој овозможува поедноставени процедури, побрз проток на патници и возила и намалување на времето на чекање на граничните премини, без притоа да се намалат безбедносните стандарди и контролите. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека воспоставувањето на системот „One Stop“ со Албанија претставува исполнување на уште еден важен приоритет на Министерството за внатрешни работи, насочен кон олеснување на движењето на граѓаните и унапредување на регионалната поврзаност. „Со воведувањето на системот 'One Stop' со Република Албанија го заокружуваме она што го започнавме со Србија и Косово – воспоставување современ модел на заеднички гранични контроли со сите наши соседи надвор од Шенген-зоната. Нашата цел е едноставна: граѓаните да поминуваат побрзо, да нема непотребни задржувања, а граничните служби да работат поефикасно и покоординирано. Границите треба да бидат безбедни, но истовремено и функционални, особено во време кога мобилноста на граѓаните, туризмот и економската соработка постојано се зголемуваат“, истакна Тошковски. Дека ваквиот модел дава конкретни резултати покажува и досегашното искуство со Република Србија. На граничниот премин Табановце, каде што системот „One Stop“ беше воведен во јули 2025 година, времето на чекање во одредени периоди е намалено од неколку часа на околу 30 минути, и покрај зголемувањето на бројот на патници за 15 до 20 проценти. Позитивните искуства од заедничките контроли со Србија, како и од граничните премини Блаце – Хани и Елезит и Јажинце – Глобочица со Република Косово, претставуваат основа за натамошно унапредување на граничното управување и со Република Албанија. Со новиот систем на Ќафасан се овозможува координирано спроведување на граничните проверки на едно место, со што се избегнува непотребното повторување на процедурите и се создаваат услови за побрз и поефикасен премин на границата. Ова е особено значајно за граѓаните на двете држави, за туристите и за превозниците, имајќи го предвид интензивниот сообраќај на овој граничен премин, особено во летната туристичка сезона. Покрај олеснувањето на патувањето, системот придонесува и за подобра координација меѓу граничните служби, поефикасна размена на информации и зајакнување на прекуграничната соработка. Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на граничните премини, дигитализација на процедурите и унапредување на соработката со соседните држави, со цел обезбедување побрз проток на патници и стоки, повисоко ниво на безбедност и подобри услуги за граѓаните. Воведувањето на „One Stop“ со Албанија е уште еден конкретен резултат на регионалната соработка и потврда дека со заеднички решенија границите можат да станат побрзи, поефикасни и побезбедни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter