3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотНајдени се остатоците од подморница, направена во 1907 година од американски милионер (ВИДЕО)Нуркачите во Конектикат ги пронашле остатоците од експерименталната подморница изградена во 1907 година од милионерот Сајмон Лејк, која што потонала во областа Лонг Ајленд Саунд.Подморницата Дефендер долга 28 метри била откриена во неделата од тим нуркачи предводени од Ричард Сајмон, комерцијален нуркач од Ковентри. Сајмон со години се интересирал за приказната за подморницата. Тој поминал месеци барајќи ги познатите податоци од сонар и испитувањата за подводни мапи, како и владините документи добиени според Законот за слобода на информации, за да ги идентификува сите аномалии во согласност со големината на подморницата. „Подморницата има многу посебен облик. Долга е околу 30 метри со пречник 4 метри. Направив листа на сè од таа големина и ја најдов целта“, рече тој. После тоа, тој собрал група врвни нуркачи и во неделата ја пронашол руината во близина на брегот на Олд Сејбрук, пишува The Guardian. „Таа се криеше на видно место, тоа можете да го видите на мапите“, рекол Сајмон и додал дека не сакал да ја открие длабочината на која е пронајдена подморницата бидејќи може да ја открие локацијата. Подморницата, првично наречена Лејк, ја изградил милионерот Сајмон Лејк преку неговата компанија Lake Torpedo Boat со надеж дека ќе добие договор со американската морнарица. Тоа било експериментално пловило, со тркала за движење по морското дно и врата која дозволувала нуркачите да бидат пуштени под вода. Сепак, компанијата не победила на тендерот и Лејк одлучил да ја пренамени подморницата за да може да се користи за расчистување мини. Тој и дал ново име - бранител, но никогаш не нашол купувач. И покрај тоа што не можел да ја продаде, подморницата стана позната и во 1929 година ја посети познатата авијатичарка Амелија Ерхарт. Подморницата долги години била закотвен во Нов Лондон, а потоа стоела напуштена на пристаниште со кал во близина на Олд Сејбрук. Била потопена од инженерскиот корпус на американската армија во 1946 година, но точната локација никогаш не била откриена. Сајмон и неговиот тим планираат да ја истражат подморницата во текот на летото. Засега немаат планови за финансиска корист од ова откритие. Сајмон ја контактирал американската морнарица и ги прашал дали се заинтересирани да помогнат во зачувувањето на потонатото пловило. Според законот од 1988 година, потонатиот брод треба да се третира како археолошки или историски локалитет. Recreational divers may have found the wreck of the experimental submarine Defender in Long Island Sound. Built in 1907, the sub had wheels to roll along the ocean floor to support salvage and rescue operations. The Navy declined to buy Defender, and she was scuttled in 1946. pic.twitter.com/woB6zE35xu — U.S. Naval Institute (@NavalInstitute) April 18, 2023 „Значи, како нуркач, можам да одам и да ја посетам историјата, можам да ја допрам, можам да ја доживеам. Тоа е само една поинаква врска со историјата“, рече Сајмон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветСостојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е хоспитализиран откако одеднаш почувствувал силни болки во стомакот, а медицинските прегледи покажале дека има речиси целосна опструкција на цревата, изјави денеска неговиот син Карлос БолсонароКарлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека неговиот татко ненадејно добил силни болки во стомакот и бил пренесен во болница. Во една од следните објави, тој наведе дека стомакот на Болсонаро бил исклучително надуен при пристигнувањето во болницата, што предизвикало притисок и силни болки. Според него, по извршениот преглед и дијагностичките испитувања, била потврдена речиси целосна опструкција на цревата. Лекарите започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос изјави дека нови информации ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа. Тој изрази загриженост за здравјето на својот татко, тврдејќи дека неговата здравствена состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок на кој е изложен додека е во затвор. Тој, исто така, упати критики кон ограничувањата за посети што ги воведе судот, наведувајќи дека му е дозволено да го посетува татко си двапати неделно, при што секоја посета трае по два часа. Карлос Болсонаро оцени дека неговиот татко е изложен на политички прогон и ги повтори тврдењата дека целта на владата е тој да биде убиен. Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банкиГраѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година. Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември. Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ФудбалКатастрофа за Баерн М: Хари Кејн поради повреда надвор од теренот неколку месециГолем шок за германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест. Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава. „Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци. Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд. Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф. По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата. Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08