БалканНајдени се остатоци од паднатиот авион во Турција - меѓу патниците и началникот на Генералштабот на Либија (ВИДЕО)Остатоци од авионот, кој претходно денес го загуби контактот со Турција, се пронајдени.Дописникот на CNN Türk од Анкара јави дека спасувачите стигнале до остатоците од урнатиот авион. „Стигнавме до остатоците. Точната локација каде што се урна авионот е на рид 2 км јужно од селото Кесикавак во Хајмана. Се тврди дека имало експлозија на гориво кога се урна авионот. Затоа имало пожар во авионот. Летовите се обновени на аеродромот Есенбога“, рече тој. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека ги пронашле остатоците од авионот. 🚨🚨🚨 Uçağın enkazına ulaşıldı. İddialara göre görüntüler Libya Genelkurmay Başkanını taşıyan uçağın enkazına ait. Telegram: https://t.co/UTK3N35vQg#Libya #düştü #SonDakika https://t.co/Qy9hUOSWry pic.twitter.com/UIvivUnrM4 — Omerta Haber Ajansı 🇹🇷 (@omerta_haber) December 23, 2025 Тој претходно денес изјави дека во авионот имало пет патници, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на Либија, Мухамед Али Ахмед Ал-Хадад. Како се случила несреќата засега е непознато.Тагови: авион турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКадиров: Руската армија е способна да ја освои ПолскаЧеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри телевизиски изјави, во кои тврди дека руската армија е способна да ја освои Полска и да го продолжи напредувањето кон Германија и Франција, пренесува телеграм-каналот Niyso.Опозицискиот медиум на неговите зборови одговори со иронија, објавувајќи податоци според кои реалноста на фронтот во Украина е сосема поинаква. Наводно, блиски лица на руските војници масовно се молат за дожд, со надеж дека ќе се намали активноста на дроновите и дека ќе можат да ги извлечат ранетите. Додека Кадиров ваквите закани ги повторува веќе петта година, заменик-претседателот на советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати директни закани за напади врз германски одбранбени фабрики поради нивната поддршка за Украина. Медведев ги отфрли обвинувањата на Берлин за руски напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, нарекувајќи ги тврдењата измислена саботажа. Во меѓувреме, експерти предупредуваат дека тензиите во Европа се зголемуваат и дека русија би можела да го нападне стратешки важниот, но слабо заштитен норвешки архипелаг Свалбард.Тагови: Кадиров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваОпштина Аеродром се етаблира како центар на урбаните фестивали: Започнува AERO Street Food FestivalОд денеска до 8 септември паркот „Авионче“ ќе биде домаќин на пет фестивалски вечери со 20 гастрономски брендови, домашна музика, разновидни забавни содржини и бесплатен влез.Општина Аеродром сè појасно се позиционира како препознатлива дестинација за современи урбани фестивали и настани што ги обединуваат локалната заедница, културата, музиката и гастрономијата. Од 4 до 8 септември паркот „Авионче“ повторно ќе се претвори во голема сцена на отворено, со второто издание на AERO Street Food Festival. Во текот на петте фестивалски вечери посетителите ќе можат да избираат меѓу свежо суши, такоси, бургери, гиро, пица, фокача, ќебапи, печени компири, палачинки, сладолед, сутлијаш и бројни други солени и слатки специјалитети. Во фокусот на годинашното издание е разновидната гастрономска понуда. Дваесет различни концепти ќе претстават вкусови инспирирани од домашната, регионалната и светската кујна – од добро познатите скопски класици до современи рецепти за улична храна. На фестивалот годинава ќе учествуваат: Burgerslut, Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, 15 за 12, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey, Sweet Look и Жешко компирче. Концептот е осмислен така што секој посетител ќе може да пронајде нешто по свој вкус, да споделува порции со друштвото и да открива нови гастрономски комбинации. По летните одмори фестивалот ќе биде и одлична можност за повторни средби со пријателите, дружење и заедничко уживање на посетителите од сите генерации. За музичката атмосфера ќе се погрижат домашни бендови и диџеи. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, додека пред и по концертните настапи публиката ќе ја забавуваат Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и Sure Shotz. Секоја фестивалска вечер ќе биде дополнета со натпревари во брзо јадење, квизови и интерактивни предизвици со публиката, под водство на Бомбакис. Фестивалот ќе биде отворен за посетители секој ден од 17:30 до 00:30 часот, а влезот е бесплатен. Настанот е спонзориран од Општина Аеродром, се одржува под покровителство на Град Скопје, а го организираат Lions in Move и Cafe Mambo. Со поддршката на ваквите настани, Општина Аеродром го зацврстува својот имиџ на модерна, динамична и отворена општина, во која јавните простори стануваат места за култура, забава, дружење и создавање нови градски приказни. Пет вечери, 20 гастрономски брендови и една голема маалска трпеза на отворено. Се гледаме од 4 до 8 септември во паркот „Авионче“ – бидејќи финалето секогаш се игра во Аеродром! Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаЈанчев: Кавадарци е подготвено за Тиквешкиот Гроздобер 2026Градот на грозјето и виното повторно живее во ритамот на најголемата винска традиција!Улиците се украсени, атмосферата се загрева, а Кавадарци е подготвено да ги пречека сите гости со многу музика, вино, традиција и незаборавна забава. Тиквешки Гроздобер 2026 – празник на грозјето, виното, културата и гостопримството! 🍇 Добредојдовте на Гроздоберот! ❤️- напиша првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook