Најчудното интервју на Новак Ѓоковиќ

Критичарите замолкнаа, а Новак доби симпатии заради реакцијата откако две деца од Австралија играа тенис под неговиот балкон, но и за разговорот со медиумите откако видел дека кришум го снимаат додека тренира.

По писмото кое најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, им го испрати на своите критичари во средата, во кое тој вели дека неговата намера да им помогне на играчите во Мелбурн кои се во строг карантин, е погрешно протолкувана, се чини дека ситуацијата во медиумите во Австралија се промени.

Критичарите замолкнаа, а Новак доби симпатии заради реакцијата откако две деца од Австралија играа тенис под неговиот балкон, но и за разговорот со медиумите откако видел дека кришум го снимаат додека тренира.

Медиумите ја искористија приликата и целосно се приближија до терасата на Новак, а тој реши да се интервјуира од балконот, што веројатно е најнеобичното интервју во неговата кариера.

-Чудно е да се биде затворен во соба 14 дена, но во исто време сме многу среќни во однос на играчите од Мелбурн, бидејќи имаме повеќе часови кои можеме да ги поминеме надвор и на теренот - истакна Новак Ѓоковиќ и продолжи:

- Првото нешто што ќе го сторам во петок наутро е трчањето до овој парк и таму ќе поминам еден час - рече Ѓоковиќ за време на разговорот од терасата со медиумите.

Околу хотелот се собраа многу навивачи на најдобриот тенисер во светот, кои ја искористија можноста да го фотографираат и воедно да разговараат со него, бидејќи тој беше многу расположен.

Митреска: Монетарната политика и натаму ќе биде олабавена

Монетарната политика и натаму ќе биде олабавена, како поддршка во процесот на закрепнување на економијата и одржување на кредитниот циклус.

Вицегувернерката Ана Митреска на панел-дискусијата на „Вуд и компанија" за монетарната политика во 2021 година

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата нa тема „Монетарната политика во 2021 година", организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија". На панел-дискусијата се разговараше за прашања поврзани со последиците од корона-кризата врз економскиот раст во изминатата година и економските изгледи за оваа година, а особено се разгледаа досегашните монетарни мерки и очекувањата за монетарната поставеност во следниот период.

Во своето излагање, Митреска истакна дека имајќи ја предвид силината и исклучителноста на корона-кризата, македонската економија ја поминува релативно подобро во однос на дел од земјите во регионот.

„Со олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот и повторното активирање на глобалните синџири на производство, падот на економијата во втората половина од годината значително забави. Со оглед на вклученоста во глобалните синџири на производство и со помалото учество на услугите во вкупните текови, економијата на кус рок полесно го издржа товарот на кризата." – посочи вицегувернерката.

Во однос на изгледите за оваа година, на панел-дискусијата беа посочени очекувањата за закрепнување, при глобални очекувања за подобра епидемиолошка состојба, задржување на поволните финансиски услови и натамошно зајакнување на довербата, што ќе има позитивни преносни ефекти и врз домашната економија.

„Слично како и другите централни банки, Народната банка во 2020 година обезбеди монетарен стимул и регулаторна флексибилност, со што ѝ даде важна поддршка на економијата преку олабавување на финансиските услови и обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем." – истакна Митреска во поглед на прашањето за монетарната политика.

Во однос на идната монетарна поставеност, вицегувернерката посочи дека монетарната политика и натаму ќе биде олабавена како поддршка во процесот на закрепнување на економијата и одржување на кредитниот циклус, а во услови на комфорно ниво на девизните резерви. Притоа, таа истакна дека задржувањето на кредитниот циклус е одраз и на поволната ликвидносна и капитална позиција на банкарскиот систем, заради чиешто понатамошно дополнително зајакнување е и одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределувањето и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Почна реконструкцијата на 110-киловолтниот делекувод Штип-Овче Поле

 АД МЕПСО денеска започна со реконструкција на основниот 110 киловолтен далекувод од Штип до Овче Поле во дложина од 17,88 километри, вреден 1,41 милион евра што треба да биде готов до крајот на октомври годинава.

Официјалниот почеток на изградбата на далекуводот денеска го означија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Анди Аранитаси.

-Всушност станува збор за изградба на нов далекувод на постојната траса од стариот далекувод што е во функција од 1960 година кој ги поврзува трафостаниците Штип и Овче Поле во должина од 17,88 километри, поставен на 71 столб од кои 55 се бетонски, а 16 се челично-решеткасти. Изградбата на новиот далекувод опфаќа отстранување на старите бетонски столбови и изградба на нови челично-решеткасти столбови, како и замена на опремата на постојните 16 челично-решеткасти столбови, односно замена на старите со нови проводници, заштитно јаже и изолатори, рече директорот Рамадани.

Станува збор, за како што рече, капитален проект во кој АД МЕПСО вложува 1,41 милион евра што е поддржан со средствата од заемот од ЕБОР.

-Со реконструкцијата на овој далекувод значително ќе се зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот дел од државата и на минимум ќе се сведат трошоците за одржување и ќе се намалат загубите во преносната мрежа. Со инвестицијата се поддржува зелената транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кој обновливи извори на енергија (ОИЕ), бидејќи на овој далекувод во иднина ќе биде приклучена ветерната централа Богословец со моќност од 36 мегавати, рече Рамадани.

Аранитаси од ЕБОР посочи дека средствата за реконструкција на далекуводот се дел од заемот на банката до МЕПСО од 25 милиони евра со кои се предвидува рехабилитација на четири трафостаници и седум 110-киловолтни далекуводи низ државата.

-Заедно овие проекти ќе придонесат за намалување на техничките загуби, оптимизација на преносните системи во регионот со цел да се обезбеди доверливост на мрежата и сигурност во напојувањето, како и натамошна интеграција на ОИЕ, создавајќи можности за тргување, пренос на резервни капацитети, поддршка на системот, зголемување на прекуграничната размена на електричната енергија и развој на регионалниот пазар, рече Аранитаси.

Тој посочи дека ја поздравуваат посветеноста на Владата кон зеленото сценарио на Енергетската стратегија и постепеното затворање на термоелектраните во Осломеј и Битола и целосното исфрлање на јагленот од употреба за производство на електрична енергија.

Министерот Бочварски рече дека станува збор за значајна инвестиција за регионот која ќе придонесе за економски раст и развој.

-Со реконструкцијата испраќаме јасна порака до сите инвеститори дека е јакнеме преносната мрежа и создаваме поволен инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори што сакаат да го искористат економскиот потенцијал на овој регион. Изградбата на овој далекувод е од огромно значење за стабилноста на електричната енергија во целиот регион каде има многу компании кои имаат потреба од сигурна и стабилна енергија, рече Бочварски.

Додаде дека реконструкцијата на далекуводот е дел од изнвестицискиот циклус од 100 милиони евра на МЕПСО за модернизација на преносната мрежа.

Потсети дека се инвестира во реконструкција и модернизација на шест далекуводи во должина од 130 километри, минатата година целосно се завршија, како што рече, и обемните реконструкции на трафостаниците во Валандово, Осломеј, Дуброво и Прилеп, а во тек е реконструкција на трафостаниците во Битола, Струмица, Вруток и Скопје 4.

-Круна на оваа голема инвестициска активност на МЕПСО е проектот за изградба на нов 400-киловолтен далекувод од Битола до Елбасан и нова трансформаторска станица во Охрид, вредни над 35 милиони евра за кои веќе се склучени договори и течат подготвителните работи, нагласи Бочварски и додаде дека Министерството за транспорт и врски дава континуирана поддршка на сите овие проекти.

Премиерот Заев истакна дека денешното отпочнување на реконструкцијата на далeкуводот е неопходно за енергетската транзиција и замена на јагленот со ОИЕ, особено во штипско-светиниколското подрачје кое нуди одлични можности за производство на електрична енергија од сонце и ветер.

-Со реализацијата на предвиденото ја јакнеме преносната мрежа и создаваме погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори кои можат и знаат како да ги искористат економските потенцијали во нашата земја. Инвестицијата ќе донесе придобивки за населението и за реалниот сектор. Новата и модернизирана преносна мрежа значи инвестиција во подобро утре и олеснување на животот и работата на населението, рече Заев и додаде дека низ цела земја се одвиваат активности за реализација на големи проекти за реконструкција на преносниот систем и за изградба на нови интерконектори со соседните земји со кои ќе се овозможи пренос на енергија од Бугарија до Албанија и Италија.

Врските со соседите, како што нагласи, значат електроенергетска стабилност што е основа за секоја просперитетна економија.

Посочи дека годинава ќе се заврши и реконструкцијата на трансформаторската станица Скопје 4, која како што кажа, е многу важен енергетски јазол од каде се напојуваат со електрична енергија потрошувачите во Скопје и oколината, а во завршна фаза е и проектот за релејна заштита на хидроцентралите Вруток, Тиквеш, Глобочица и Шпилје.

Владата, потенцира, ги поддржува заложбите за осовременување на нашата татковина во сите полиња, најголем фокус во овој период покрај здравството е создавање услови за економски развој на долг рок, а токму ваквите инвестиции како денешната, како што рече, се трајни добра и за идните генерации.

Нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно обезбедување

Нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување.

Триесет комплети, нова мотоциклистичка опрема, прв пат два вида на опрема зимска и летна, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР, им предаде на Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Новата опрема, по 12 години, како што соопштија од МВР, е во насока на континуирано подобрување на материјално-техничките услови и стандарди на работата на полицијата за потребите на Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Станува збор за чизми, заштитни чевли, кациги, виндјакни, подјакни, пантолони, појаси, ракавици, рефлектирачки елеци, чија што вкупна вредност изнесува 3.988.230 денари односно по 132.931 денари за еден комплет.

– Практично со ваквиот континуитет и динамика во опремувањето на полицијата во изминативе четири години, Министерството за внатрешни работи од сопствени средства, од буџетот наменет за потребите на министерството, не само што го обновивме сето она што деценија и повеќе беше запоставено и недостасуваше за нормално работење на полицијата, туку уште повеќе – дел по дел, плански, генерално се подобри нивото и стандардите на материјално-техничката и инфраструктурна опременост на министерството во многу сегменти од неговото работење, се наведува во соопштението од МВР.

притисни ентер