Најбрзата лимузина на светот е на продажба- Ауди старо 32 години (ВИДЕО) - Канал 5

Најбрзата лимузина на светот е на продажба- Ауди старо 32 години (ВИДЕО)

И покрај фактот дека просечната моќност на моторите на автомобилите драстично се зголеми во последните години, најбрзиот седан во светот е произведен во 1993 година.

Најбрзата лимузина на светот е на продажба- Ауди старо 32 години (ВИДЕО)

Треба да биде фер да се каже дека овој автомобил е сè уште далеку од сериската верзија. А сериската се вика S4, што во тие години беше ознака за спортската верзија на моделот 100 (C4). Да, тоа е прекрасниот модел на Aуди кој беше и останува синоним за класична бизнис лимузина, а потоа неколку месеци подоцна беше преименуван во A6.

Првично, овој автомобил беше напојуван од 2,2-литарски петцилиндричен турбо бензински мотор кој произведуваше 230 КС како стандард. Секако, quattro погонот е додаден, а максималната брзина од 240 км/ч беше постигната.

Овој конкретен примерок е опремен со турбина Borg Warner S400SX, што резултира со драстично подобрување на излезните карактеристики на моторот. Максималната моќност скокна на 1.171 КС, а вртежниот момент на 957 Nm.

Сопственик на автомобилот е Џеф Гернер, локален специјалист за реставрација на Ауди од Мисури. Во 2012 година, тој учествуваше на Неделата на брзината во Бонвил со овој автомобил. Автомобилот достигна максимална брзина од 420 км/ч со просечна брзина на делницата од 383 км/ч.

Покрај модификациите на моторот, автомобилот доби и бројни други модификации. Од безбедносна страна, инсталирани се заштитен кафез и композитно противпожарно стакло. Автомобилот има и систем за противпожарна заштита и вграден заден падобран за подобро запирање при екстремни брзини.

YouTube video

Автомобилот беше понуден на аукција, а досега највисоката понуда беше околу 25.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

На социјалните мрежи се појави објава со фотографии од двајца рибокрадци во Дојранското Езеро. 

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

Во објавата се вели и дека езерото нема концесионер. Во коментарите на ФБ се бара итна реакција на надлежникте и казни за рибокрадците.

Секако, побарано е Министерстото за екологија и Општината да се грижат повеќе за езерото и што е можно побргу преку транспарентна постапка да биде избран концесионе, кој одговорно ќе стопанисува со Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво.

Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо.

Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век.

Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други.

Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница.

Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Почитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови.

Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер