Најбруталниот убиец во историјата: Овој човек убивал и по 300 луѓе на ден - Канал 5

Најбруталниот убиец во историјата: Овој човек убивал и по 300 луѓе на ден

Главен егзекутор на Сталин е вид на работа која ретко кој на овој свет би можел успешно да ја извршува.

Најбруталниот убиец во историјата: Овој човек убивал и по 300 луѓе на ден
Меѓутоа, тоа за Василиј Блокхин, не претставувало никаков проблем. Тој секој ден си ставал престилка, за да не се извалка од крвта, го чистел својот германски пиштол, ги чекал стражарите да му ги донесат жртвите, на кои еден по еден, им сместувал куршум во тилот.

Денеска со право се смета за еден од најголемите злосторници во историјата како Хитлер и Сталин.

Меѓутоа, останува фактот дека тие лично не го држеле орозот на пиштолот или го пуштале смртоносниот гас во коморите во логорите.

Некои од најлошите злосторства во историјата на човештвото не би можеле да бидат преточени во дело, доколку сите тие злосторници немале егзекутори кои наместо нив ги извршувале валканите работи, во кои по правило, пронаоѓале некое перверзно задоволство.

Еден од тие луѓе бил и Василиј Влокхин – главниот егзекутор на Сталин.

Немилосрдниот советски генерал, кој убил 10.000 луѓе во текот на Втората светска војна и за време на чистките на Сталин, Гинисовата книга на рекорди му ја додели титулата на “најпродуктивен крвник во историјата“.

За да ја освои оваа “титула“, Блокхин морал со нешто да се издвои од останатите конкуренти меѓу кои биле и нацисти и припадници на Црвените Кмери.

Неговата специјалност бил во тоа што целата валкана работа инсистирал да ја извршува лично!

Додека бил млад сонувал да стане фармер. Меѓутоа тој план му го нарушила Првата светска војна. Кога војната била завршена, Блокхин и се приклучил на комунистичката партија, а потоа и на тајната полиција на болшевиците – ЧЕКА.

Тука бил забележан од Сталин, кој го оценил како личност која не се плаши да ги “извалка рацете“.

Поради својата суровост наскоро е промовиран во главен човек во одделението за егзекуција.

Иако имал тим луѓе под своја команда, никогаш не престанал лично да ги извршува егзекуциите, а посебно уживал во убивањето на високопозиционирани непријатели на партијата, како што бил писателот Исак Бабел и новинарот Михаил Колстов.

Меѓутоа неговиот најголем злочин е масакрот во Катинската шума во 1940 година, кога по наредба на Сталин за само 28 дена се убиени 7.000 полски генерали. Блокхин ја извршил наредбата за која бил награден со посебно признание.

За Блокхин тоа била работа од соништата.

Блокхин толку ја засакал својата работа, што понекогаш знаел да убие и по 300 луѓе само во еден ден. А бидејќи со пракса се доаѓа до совршенство, советскиот убиец станал вистински виртуоз.

Тој сам си ја дизајнирал својата униформи и го одредил “алатот“ за неговата работа.

Неговиот прибор бил германски валтер пиштол, кој не се заглавувал како советското оружје, кожна престилка и ракавици.

Сметал дека таквата суровост ќе му обезбеди восхит кај колегите, но и доверба од инаку сомничавиот Сталин.


„Сталин бил прилично неповерлив, па според тоа е навистина неверојатно што овој човек го држел толку долго покрај себе“ – изјави Норман М. Наимарк, професор по историја од Стенфорд, и додаде дека за Сталин било карактеристично често да ги менува шефовите на полицијата за да не станат премногу моќни.

Конечно, правдата го стигнала после смртта на Сталин во 1953 година, кога Никита Хрушчов го лишил од сите титули, привилегии и награди.

Неколку месеци после деградацијата, сталиновата “машина за убивање“ извршила самоубиство.

Неверојатно е дека и покрај се што денес се знае за овој човек, гробот на Блокхин во Москва и понатаму е прекриен со цвеќе кое редовно го носат луѓе кои и понатаму го сметаат за комунистички херој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што треба да знаат жените за симптомите на менопауза?

Симптомите ги засегаат повеќето жени

Што треба да знаат жените за симптомите на менопауза?

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) за првпат по 12 години ги ажурираше своите упатства за третман на брановите на топлина, ноќното потење, проблемите со спиењето и другите симптоми на менопауза, притоа нагласувајќи ја важноста на хормонската терапија.

Симптомите ги засегаат повеќето жени

Менопаузата настапува кога кај жената месечниот циклус изостанува 12 месеци по ред; во Соединетите Држави, тоа обично се случува околу 50-тата година од животот. Периодот пред тоа се нарекува перименопауза, тогаш телото произведува сè помалку хормони естроген и прогестерон.

Според податоците на Американски колеџ за акушери и гинеколози (ACOG), повеќе од половината жени во менопауза доживуваат бранови на топлина и ноќно потење, до две третини пријавуваат нарушувања во сонот, а повеќе од една третина од жените ширум светот – како во перименопаузата, така и во постменопаузата, имаат симптоми на депресија.

Лекарите истакнуваат дека многу жени порано страдале во тишина. Д-р Џоен Менсон, професорка по медицина на Медицинскиот факултет при Харвард, посочува дека постои сè поголема согласност дека овие симптоми треба да се третираат. Според неа, новите упатства се усогласени со оние на другите медицински здруженија.

„Умерените до тешки, или пак непријатни симптоми на менопаузата, треба да се третираат со хормонска терапија како прва линија на лекување“, вели Менсон, додавајќи дека иако таквата терапија не е за секоја жена, сепак претставува добра опција за многумина.

Предупредувањето за лековите стоеше 22 години

Долго време, некои жени и лекари се резервирани кон хормонската терапија. Во 2002 година, едно големо истражување, во кое учествувале жени што земале таблети со комбинација од естроген и прогестин, било предвреме прекинато поради поврзаноста со рак на дојка, крвни згрутчувања и други сериозни здравствени проблеми. Подоцнежни студии покажале дека кај многу жени придобивките од современите хормонски терапии ги надминуваат ризиците, но сепак, загриженоста останала присутна. Повеќе од 22 години, сите хормонски лекови за менопауза содржеле предупредување од американските власти, факт што, според д-р Менсон, ги одвраќал и пациентите и лекарите. Минатата година, Агенцијата за храна и лекови (FDA) објави дека ќе го отстрани ова предупредување од преку 20 видови таблети, фластери и креми што содржат естроген и прогестин.

Како резултат на ова, интересот за овие лекови се зголемил, при што некои жени пријавуваат тешкотии во набавувањето на естрогенски фластери во одредени дози и форми. FDA наведува дека не е запознаена со каков било непосреден ризик од недостиг на национално ниво, притоа истакнувајќи дека производителите во текот на минатата година го удвоиле своето производство воведувајќи дополнителни смени и зголемувајќи ги капацитетите.

Одлука донесена заедно со лекар

„Неспорно е дека хормонската терапија е прва линија на третман и најефикасен начин за справување со брановите на топлина“, вели д-р Стефани Фобион, медицински директор на Здружението за менопауза (The Menopause Society).

Во упатствата детално се опишани различните видови терапија. Системските терапии – кои делуваат на целото тело – се достапни во форма на таблети, фластери, спрејови, гелови или вагинален прстен; тие внесуваат доволно хормони во крвотокот за значително да ги ублажат симптомите, како што се брановите на топлина. Вагиналниот естроген во ниски дози се применува локално, при што многу мала количина навлегува во крвотокот; затоа, тој најчесто им се препишува на жени чиј главен проблем е вагиналната сувост.

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози препорачува лекарот и пациентката заеднички да одлучат за планот на лекување, земајќи ги предвид придобивките и ризиците, врз основа на возраста и здравствената историја на пациентката. Доколку се процени дека хормонската терапија е соодветна, се препорачува таа да се започне пред 60-тата година од животот или во рок од 10 години од почетокот на менопаузата.

Нехормонски опции

За жените кои претпочитаат да не користат хормонска терапија, или за кои таа е медицински контраиндицирана, лекарите можат да препорачаат алтернативни лекови. Фезолинетант (fezolinetant) делува на делот од мозокот што ја регулира телесната температура, блокирајќи една од основните причини за појава на бранови на топлина и ноќно потење; елинзанетант (elinzanetant) делува на сличен начин. Одредени антидепресиви, исто така, можат да помогнат во ублажувањето на брановите на топлина и депресијата.

Од ACOG напоменуваат дека постојат и докази што ги поддржуваат нефармаколошките пристапи за справување со брановите на топлина, ноќното потење, како и проблемите поврзани со спиењето и расположението. Тука спаѓаат когнитивно-бихевиоралната терапија, свесното присуство (mindfulness), физичката активност, клиничката хипноза и акупунктурата, кои можат да се користат самостојно или во комбинација со лекови.

Д-р Клер предупредува и на присуството на дезинформации за третманот на менопаузата на интернет и ги повика жените сите свои прашања да ги упатат до лекар.

„Жените имаат избор – многу опции, како хормонски, така и нехормонски. Не смее да им се вели дека ништо не може да се преземе во врска со нивните симптоми“, изјави Фобион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

Невообичаен летачки објект кој личи на „медуза“ и суштество „слично на птеродактил“ – летачки влекачи од ерата на диносаурусите – го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи во последниве денови.

Крилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)

На интернет се појавуваат сè повеќе снимки за кои некои веруваат дека прикажуваат „непознати суштества“ или „летачки објекти“ на небото над различни делови од светот. Сепак, нивната автентичност не е потврдена и досега нема сигурни докази дека е снимено нешто „непознато“.

Откако Сара Џејн Осборн снимала НЛО на небото над Алјаска кое изгледа како „медуза“, сега има вирално видео од Мексико кое прикажува суштество кое изгледа како „праисториски птеродактил“.

„Заборавете го НЛО слично на медуза, птеродактил се појави во Мексико“, напиша еден корисник на платформата X, заедно со видео од наводното „суштество“.

Снимката покажува „голема, темна силуета со раширени крилја“, наводно снимена во близина на далноводи, дрвја, градски светла и планина што доминира во позадината. Сепак, врз основа на вакви слики, тешко е да се утврди за каков феномен всушност станува збор, објавува WIO News.

Објавата на истражувачкиот новинар Хаиме Масан привлече посебно внимание, кој сподели видео од наводното суштество и праша дали тоа може да биде „доказ за постоење на димензионален портал во долината Хуарез“ на далечниот север од Мексико.

Сепак, ваквите претпоставки не се поткрепени со научни докази. Експертите ја отфрлија можноста за сигурна идентификација врз основа на кратки клипови.

Не треба да се исклучува можноста снимката на крилест предатор да е создадена со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Со оглед на тоа што дигитално обработените и генерираните видеа сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, што може да изгледа многу убедливо, не е исклучено дека ваквите сцени се и резултат на напредна технологија.

Без независна анализа и верификација на потеклото, невозможно е со сигурност да се утврди дали станува збор за реални феномени, оптички илузии, монтажи или содржина создадена со употреба на ВИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!

Германскиот парламент усвои пакет законски мерки со кои се прошируваат овластувањата на разузнавачките служби, во време кога Русија води хибридна војна насочена, меѓу другото, и кон Германија.

Германските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!

Законот што го усвои Бундестагот во петокот им дава зелено светло и на домашните и на странските разузнавачки служби да вршат надзор со значително помалку ограничувања, како и, за прв пат во повоената историја, да преземаат операции насочени кон спречување, заведување и манипулирање на противниците, пишува „Фајненшл тајмс“.

„Германија е секојдневно нападната: зборуваме за сајбер напади, саботажи, шпионажа и беспилотни летала што летаат над нашите воени објекти и аеродроми“, рече Марк Хајнрихман, претседател на парламентарниот комитет одговорен за надзор на разузнавачките служби.

„Досега, разузнавачките служби можеа да ги детектираат и следат овие закани. Сега тие ќе можат и да интервенираат.“

На конечното гласање во петок, 13 ноември, 309 пратеници гласаа за законот, 190 против, а 71 воздржани. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која веќе е под надзор на разузнавачките агенции, и крајнолевичарската партија Ди Линке гласаа против неа.

Иако германската служба за надворешно разузнавање е најголема во Европа, нејзините операции честопати беа ограничени со рестриктивно законодавство поради историјата на Германија.

Правните предизвици и реформите усвоени во текот на изминатата деценија, по откритијата што ги разоткрија врските на Германската федерална разузнавачка служба (BND) со американските разузнавачки агенции, доведоа до сè посложена бирократија која стана сè потешка за управување. Како резултат на тоа, германските разузнавачки служби заостануваат зад оние на другите европски земји.

Затоа, законот за проширување на овластувањата на разузнавачките служби беше неопходен во време кога Кремљ ја засили својата агресивна кампања на хибридно војување и шпионажа. Во текот на 2025 година, беа регистрирани 474 случаи на политичка и технолошка шпионажа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер