ЖивотНајбогатите Французи годинава загубија 70 милијарди долариНајбогатите Французи годинава загубија 70 милијарди долари поради намалувањето на побарувачката за луксузни стоки.Најбогатите француски милијардери Бернар Арно, Франсоа Бетенкур Мејерс и Франсоа Пино изгубија околу 70 милијарди долари од своето богатство годинава, бидејќи се намали побарувачката за луксузни стоки и политичката нестабилност која ја ограничи потрошувачката. Компанијата LVMH на Бернар Арно, козметичкиот гигант „Лореал“ во сопственост на Бетенкур Мејерс и компанијата „Керинг“ контролирана од Пино се меѓу најголемите губитници за оваа година на париската берза, а акциите на „Керинг“, сопственик на брендот Гучи, паднаа за дури 41 отсто од почетокот на годината, пренесува Блумберг. Се очекуваше дека кинеските потрошувачи ќе бидат двигател на растот на продажбата во 2024 година, но овие предвидувања не се остварија, коментира Ариана Хајат, менаџер на фондови во финансиската групација Едмонд де Ротшилд. Според неа, постои и одреден „замор од луксуз“ на пазарот по три години исклучителен раст на побарувачката. Кинеските купувачи потрошија помалку од предвиденото, а нестабилната политичка сцена во Франција го намали интересот на инвеститорите за имотот на земјата. Продажбата на луксузни стоки и козметика се зголеми по пандемијата на коронавирус кога потрошувачите имаа повеќе пари за трошење по „локдаунот“, но сега тој тренд е обратен. Членот на инвестицискиот комитет на компанијата „Кармињак“, Кевин Тозе смета дека почнувајќи од 2023 година, луксузниот сектор едноставно се „враќа во реалноста“ по неколку многу успешни години. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураБалетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков на 19 септември во НОБНа 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков.На 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Балетот „Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со секоја сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир МаалоОпштина Центар изведува градежни активности за поставување на нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков" и „Кеј 13 Ноември" во Маџир Маало. Со овој зафат се прошируваат капацитетите на водоснабдувањето и одведувањето на фекалните води. Вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри. Станува збор за целосно нова инфраструктура која ќе овозможи поефикасно и постабилно водоснабдување на околу 200 жители на населбата, како и подобро одведување на отпадните води. „Ја подобруваме инфраструктурата во интерес на граѓаните. Со овој проект жителите на Маџир Маало добиваат современо и сигурно водоснабдување и трајно решение за одведување на фекалните води", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со инвестициите во комуналната инфраструктура, со цел сите жители да имаат подобри и поквалитетни услови за живеење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаУгината риба во реката ТрескаОд СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните мрежи пријавија угинување на риба во реката Треска кај Кичево и побараа итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот.Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста за загадување или друга интервенција што би можела да го загрози живиот свет во реката. Оттаму бараат веднаш да се земат примероци од водата и од угинатата рибаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter