Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
ЖивотНајбизарната трка во историјата: Како Османлиите ги казнувале агитеЏелатите на Османската империја никогаш не биле познати по милосрдието.За тоа може да посведочи и примерот со младиот султан Осман II, кој во мај 1622 година е убиен на тој начин што тестисите му ги ставиле под преса. Отоманската империја со векови владеела на просторите на денешна Турција, Северна Африка и Блискиот исток, делумно благодарејќи на насилните методи, со кои втерувала страв и во најбунтовните членови на општеството. Доволно е да ја прочитате книгата „На мостот на Дрина“ од босанскиот писател Иво Андриќ, па пред очите да ви оживеат бруталните техники на казнување на непослушниците од кои најстрашно било набивањето на колец. Меѓутоа, од грозните начини на убивање не биле поштедени ни најблиските луѓе на султанот. Од средината на 15 век во Османското царство важел “законот за братоубиство“, кој го напишал Мехмед II. Бил тоа “правилник“, во кои се опишуваат условите за преземање на власта. Братот кој би дошол на тронот, ги убивал останатите браќа и сестри, што се сметало не само за дозволено, туку и пожелно, бидејќи делумно се спречувал ризикот од побуна и граѓанска војна. Иако не секогаш се применувал, законот на Мехмед, довел до смртта на повеќе од 80 Османлии во периодот од 150 години. Меѓу жртвите се сите 19 браќа и сестри на султанот Мехмед III, од кои некои буквално биле доенчиња. Сите биле задавени со свилен гајтан, непосредно по стапувањето на власт на нивниот брат во 1595 година. Поради сите недостатоци, законот за братоубиство обезбедувал и најсуровите принцови да дојдат на власт. Новиот закон кој го сменил не бил нешто подобар: сите браќа и сестри на новиот султан се заклучувани во Топкапи палатата во Истанбул, каде живееле и по неколку децении. Од почетокот на 17 век, генерациите на Османлиите времето го поминувале најчесто во една соба. И таа палата била сведок за суровоста на османлиското владеење. За да влезат во неа, посетителите морале да поминат низ Царската капија, во која од двете страни се нишале главите на последните убиени криминалци. Во комплексот во кој се наоѓал и Првиот суд, низ кој можеле да поминат сите поданици на султанот и да побараат правда за себе. Меѓутоа, пред Вториот суд кој се наоѓа во истиот круг, стоеле мермерни столбови со отсечени глави на старешините, кои на било кој начин го навредиле султанот. Биле пополнети со памук, доколку некогаш биле везири или слама, доколку имале помало влијание во општеството. Потсетниците на спорадичните масовни егзекуции кои султанот ги наредувал, повремено биле излагани пред централната капија како додатно предупредување што може да ги очекува сите што ќе го прекршат законот: отсечени носови, уши, јазици.... Смртната казна била толку вообичаена, што во Првиот суд е подигната Фонтана на егзекуциите, каде џелатот и неговиот помошник ги миеле крвавите раце, после отсекување на главите на жртвите. Фонтаната била најстрашниот симбол на моќта која султанот ја имал над поданиците, пишува историчарката Барнет Милер. Користена е често, посебно во текот на владеење на султанот Селим I (1512-1520). Во текот на осумте кратки години владеење, убил седум големи везири и одредил повеќе од 30.000 смртни казни. Милер истакнува дека една од најчестите клетви во тогашното Отоманско царство била: „Да даде Господ, да станеш везир на султанот Селим“. Можете да претпоставите дека поради големата побарувачка постоело посебно работно место за џелатите. Меѓутоа, крвавата работа за султанот ја извршувале ни помалку ни повеќе туку, бостанџи-башите, односно главните градинари. Овие градинарите, меѓутоа, немале исти опис на работа како денешните: покрај тоа што ги негувале рајските градини на султаните, тие биле и царински инспектори и полицајци. Исто така биле и џелати. Тие ги зашивале непослушните осудени жени во вреќа со камења и ги фрлале во Босфор. Така умреле 280 жени од харемот на султанот Ибрахим (познати како Ибрахим Лудиот), бидејќи сакал да ужива во одбирањето на нивните наследнички. Меѓутоа, можеби и најнеобичниот случај кој се однесува на смртните казни во Османлиската империја, е оној во кој градинарот и неговата жртва се тркаат. Исходот е буквално од животно значење за старешината (кои инаку единствени и ја добивале оваа шанса) и за нивните егзекутори. Никој не знае како настанал овој обичај. Во секој случај, бостанџи-башата имал задача да го повика осудениот, кој нормално знаел многу добро зошто е повикан, но морал да молчи поради пристојност. Тогаш морал да испие чаша со шербет. Доколку шербетот бил бел, тогаш немало зошто да се грижи, но ако бил црвен, тогаш можел да ја очекува трката за живот или смрт. Повеќето жртви паѓале непосредно после пиењето на фаталниот шербет – им пресудувале јаничарите. Меѓутоа, големите везири можеле да трчаат на растојание од околу 300 метри од палатата, низ градината и кон рибниот пазар од јужната страна на комплексот, кој гледа кон Босфор, каде се наоѓало местото назначено за извршување на пресудите. Доколку везирот успеал да стигне до рибниот пазар пред главниот градинар, би бил само протеран. Но доколку бостанџи башата стигнал пред него, тогаш можел да очекува дека неговото тело набрзо ќе биде изедено од рибите на дното на Босфор. Отоманските архиви покажуваат дека овој чуден обичај траел се до почетокот на 19 век. Последниот човек кој трчал за својот живот бил големиот везир Хаџи Салих-Паша, кој бил босански паша. Тој во ноември 1822 година добил право на живот и не само тоа- бил именуван за главен гувернер на Дамаск. После тоа, овој обичај исчезнал, како и самото царство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook