ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
АвтомобилизамНАЈБИТНИ МОМЕНТИ НА OPEL ЗА 2022 ГОДИНА:НОВАТА OPEL ASTRA ГО ЗАВЗЕМА ГЛАВНОТО МЕСТО ВО ЈУБИЛЕЈНАТА ГОДИНА• 160 години иновации на Opel: компанија богата со традиции слави роденден • Почеток на нова ера: шестата генерација на Astra пристигнува • 40 години Opel Corsa: претставено лимитирачко издание „Corsa 40“. • GSe се враќа: Opel открива динамичен и електрифициран под-бренд „Grand Sport electric“ • Наелектризирани перформанси: успешна сезона за Opel Corsa-e Rally и со. • Иновативно транспортно решение: првиот Opel Vivaro-e HYDROGEN веќе кај клиентите 2022 година беше наелектризирана година за Opel во секој поглед: 160 години брендот „Blitz“ ги прави иновациите достапни за широката јавност. Така беше и во јубилејната година - пред сè со новата Opel Astra, која ја прослави својата дилерска премиера во пролетта и оттогаш ги воодушевува и експертите и клиентите. Други бестселери на годината се Opel Mokka, најпродаваното електрично возило во својот сегмент во есента и Opel Corsa, која оваа година го прослави својот 40-ти роденден. Како Corsa-e Rally со електрична енергија со батерии, повторно ја прослави успешната кампања во ADAC Opel e-Rally Cup, првиот електричен куп ширум светот. Во иднина, Opel ќе нуди уште подинамично секојдневно возење со моделите на неодамна претставениот под-бренд GSe. Во исто време, Opel постојано ги унапредува иновациите за одржлива мобилност и во своите комерцијални возила: на пример, првиот Opel Vivaro-e HYDROGEN со погон на водородни горивни ќелии веќе се користи кај клиентите. Денес, Opel веќе има 12 електрифицирани модели во своето портфолио. Овие и уште повеќе акценти се прикажани во наелектризираното видео „ https://www.youtube.com/watch?v=RvrM7EGadr4 “ на Opel за најбитните моменти за 2022. „2022 беше исклучителна година за Opel“, рече извршниот директор на Opel, Florian Huettl. „Со лансирањето на новата Astra, електрифицирана за прв пат, чекориме во нова ера. Нашите модели Corsa и Mokka - кои се исто така електрични - покажуваат што прави вистински бестселери во сегментот на мали автомобили и субкомпактни SUV. Постојано ја спроведуваме нашата офанзива за електрификација - меѓу другото, со комерцијалното возило со водородни горивни ќелии Vivaro-e HYDROGEN. Во овој поглед, 2022 година исто така беше година во која продолживме да го придвижуваме развојот кон станување целосно електричен бренд во Европа“. Успешна приказна: 160 години Opel, 40 години Opel Corsa, 30 години Opel во Eisenach Во 2022 година, Opel прослави многу посебна годишнина: пред 160 години, Adam Opel го постави камен-темелникот во Rüsselsheim за компанија која се разви од производител на машини за шиење до најголемиот светски производител на велосипеди до меѓународно вреднуван автомобилски бренд кој секогаш прави технологии кои се достапни само за возила од повисоки класи достапни за широк спектар на купувачи. Во исто време, 160 години историја на Opel покажува дека одговорните отсекогаш размислувале надвор од кофор зоната и ги изненадиле клиентите со извонредни решенија. Покрај тоа, еден од најголемите бестселери го прослави својот 40-ти роденден: Opel Corsa направи револуција во класата на мали автомобили со својата премиера во 1982 година и сè уште ужива голема популарност меѓу клиентите денес со тоа што сега е шеста генерација. Сегашната Corsa е еден од најпопуларните мали автомобили досега. Електричниот Opel Corsa-e со батерии го освои и „Златниот управувач 2020“ и е успешна во мотоспортот како рели возило без емисија на штетни гасови. Opel ја прослави оваа годишнина со лансирање на лимитираното издание „Opel Corsa 40“ – со модел што ја комбинира модерната технологија со многубројните признанија на првата генерација на Corsa. Eisenach исто така прослави годишнина: моделите на Opel веќе 30 години излегуваат од производната лента во фабриката во Thuringian, лоцирана во централна Германија. Три децении кои го обликуваа целиот регион и за време на кои ултрамодерната локација се обновуваше одново и одново, така што денес овде се произведуваат возила за иднината како што е Opel Grandland, се разбира и како plug-in хибриди. Новата Opel Astra: Од импортерска премиера до „Златниот управувач 2022“ 2022 година ја одбележа и новата Opel Astra. Во мај, шестата генерација ја прослави својата импортерска премиера. Целосно нова, опремена со иновативни технологии како што е целосно дигиталниот Pure Panel cockpit или адаптивните Intelli-Lux LED® Pixel Light светла без отсјај, како и со елегантниот, смел дизајн, вклучувајќи го новото лице на брендот Opel Vizor, посетителите кај импортерите/дилерите можеа да го тестираат оваој модел - за прв пат, исто така, како електрифициран plug-in хибрид. Одзивот беше огромен, а нарачките големи. Читателите и стручното жири на AUTO BILD и BILD am SONNTAG се согласуваат дека Opel влегува во нова ера со Astra. Тие на есен им ја доделија на Astra и Astra Sports Tourer наградата „Златен управувач 2022“. Последната генерација на најпродаваниот модел ја победи силната конкуренција и ја освои една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија како „Најдобар автомобил до 50.000 евра во Германија“. Во исто време, "Auto Oscar" замина во Rüsselsheim по трет пат по ред. Во 2020 година, Opel Corsa-e ја освои посакуваната награда, а минатата година Opel Mokka-e ги освои највисоките признанија. Opel Mokka-e стана бестселер со својот дизајн, технологии и соодветност за секојдневна употреба. Во октомври и ноември беше најпродаваниот целосно електричен автомобил во сегментот B-SUV во Германија. Во ноември, не помалку од 65 проценти од сите клиенти на Mokka се одлучија за електричната верзија, без емисија. Динамичен, инспиративен и електрифициран: новиот под-бренд GSe Исто така наесен, Opel објави: „GSe“ се враќа - во ново, свежо руво. Онаму каде што порано кратенката значеше „Grand Sport injection“, таа сега станува нов спортски под-бренд на Opel и значи „Grand Sport electric“. Моделите на Opel GSe комбинираат одлична динамика на возење со иновативна електрификација и ќе бидат на врвот на соодветната серија модели во иднина. Plug-in хибридите Opel Grandland GSe (потрошувачка на гориво според WLTP: 1,3 l/100 km, емисија на CO2 31-29 g/km; комбинирано, прелиминарни вредности) како и Astra GSe и Astra Sports Tourer GSe (гориво потрошувачка според WLTP4: 1,2-1,1 l/100 km, емисија на CO2 26-25 g/km; комбинирано, прелиминарни вредности) ќе биде достапна наскоро. Opel го електрифицира моторспортот: импресивен рекорд на рели спортот во 2022 година Opel исто така буквално го електрифицираше меѓународното рели за сезоната 2022 година. Laurent Pellier и Opel Corsa Rally4 доминираа на јуниорското Европско рели првенство (JERC), освојувајќи ја петтата јуниорска европска титула за Opel. Во исто време, ADAC Opel e-Rally Cup се етаблира како првиот електричен рели куп и продолжи со својот подем. Во рели трките кои беа исто толку тешки и разновидни, тимовите се бореа за бодови и трофеи на Opel Corsa-e Rally. На овој начин, организаторите покажаа како електричниот рели спорт може да инспирира. Следната година купот влегува во третата сезона! Од Opel Rocks-e до Opel Vivaro-e HYDROGEN: Е-офанзивата во полн ек Дури и со најмалите и најголемите модели во гамата на Opel, производителот оди по својот пат во однос на електрификацијата. Opel Rocks-e, на пример, ги прави подвижни младите од 15-годишна возраст во Германија и носи свежина во сегментот на лесни возила како иновативно електрично возило за двајца. Од оваа година првите клиенти се зад управувачот на Opel Vivaro-e HYDROGEN. Пионерскиот транспортер на водородни горивни ќелии покажува колку е разноврсна електричната мобилност во комерцијалниот сектор. Тоа е идеално решение за клиентите на возниот парк кои сакаат да поминат долги растојанија без локални емисии и треба брзо да наполнат гориво. Кога е целосно наполнет со гориво, може да помине до 400 km (според WLTP). Полнењето гориво со водород трае само три минути. Сè на сè, Opel целосно ја искористи 2022 година, повторно преземајќи огромни чекори кон станување целосно електричен бренд во Европа до 2028 година. Токму тоа е патот по кој компанијата ќе продолжи да оди во наредната година - со модели како што е првата целосно електрична Astra Electric и многу други иновации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37