ЖивотНајбарани професии лани во ЕУ биле во продажба, маркетинг и производствоНајвисока стапка на слободни работни места во ЕУ лани е регистрирана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој, со 8,4%. Ова значи дека оваа професија имала најголема незадоволена побарувачка за работна сила, што укажува на можни тешкотии при регрутирање персонал. Овие бројки се делумно составени со користење на нов извор на податоци за онлајн огласи за работа (OJA) и затоа се објавени како експериментална статистика на Евростат. Следните занимања со највисоки стапки на слободни работни места биле работници во производството и други помошни работници во канцеларии (7,3% секое), други работници во продажба (6,1%) и уметнички, културни и кулинарски соработници (6,0%). Околу 5,8% од непополнетите работни места биле работници во транспорт и магацини, 5,7 % менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% агенти за бизнис и услуги, 5,2% оператоти на постројки и машини и 5% инженерски професионалци, со исклучок на електротехнологија. Од Евростат, укажуваат дека иако занимањата во јавниот сектор, како што се здравствените работници и наставниците, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие имаат помала веројатност да бидат рекламирани онлајн, што значи дека се рангираат пониско или не се прикажани во овие податоци. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат премногу застапени во податоците за онлајн огласите за работа. Тагови: ЕУ Најбарани професии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter