Најбаран натпревар на СП- за 24 часа пристигнале 5 милиони барања за билети - Канал 5

Најбаран натпревар на СП- за 24 часа пристигнале 5 милиони барања за билети

Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами утре навечер, од 1:30 часот по средноевропско време. 

Најбаран натпревар на СП- за 24 часа пристигнале 5 милиони барања за билети

Тоа ќе биде дуел за првото место во групата, но и натпревар за кој имаше најголем интерес кај навивачите во целата групна фаза од турнирот.

По победата против Узбекистан со 3:1 и ДР Конго со 1:0, Колумбија веќе обезбеди пласман во нокаут фазата и има шест бода. Португалија има четири бода по нерешениот резултат 1:1 со ДР Конго и убедливата победа од 5:0 против Узбекистан. Со победата, Португалците го заземаат првото место, додека нерешениот резултат е доволен за Колумбија да ја предводи групата.

Најбараниот натпревар на турнирот

ФИФА објави во декември, по почетокот на рундата за продажба на билети, дека натпреварот помеѓу Колумбија и Португалија е најбараниот натпревар од групната фаза. Во првите 24 часа од продажбата, пристигнале вкупно пет милиони барања за билети за натпреварите од Светското првенство, а натпреварот во Мајами бил на врвот на интересот на навивачите.

ФИФА подоцна објави дека примила повеќе од 500 милиони барања за билети за време на тој циклус на продажба, а натпреварот Португалија - Колумбија остана најбараниот натпревар во таа фаза на продажба.

Мартинез: Морав да купам билети за моето семејство уште во ноември

Португалија очекува атмосфера пријателска за Колумбија во Мајами поради многуте колумбиски навивачи кои живеат во Флорида. Португалскиот тренер Роберто Мартинез рече дека поради огромниот интерес, морал да обезбеди билети за членовите на семејството пред неколку месеци.

„Тоа значи дека морав да купам билети за моето семејство уште во ноември. Знаев дека ќе биде тешко да се добијат билети“, рече Мартинез. Тој додаде дека Португалија го доживува натпреварот како натпревар на гости, без оглед на фактот дека се игра во САД.

„Тоа ќе биде нашиот прв натпревар во кој ќе бидеме како на гости поради големата колумбиска заедница во Мајами“, рече португалскиот тренер. Португалија се подготвува за натпреварот во Мајами уште од пристигнувањето во САД. Мартинез рече дека неговиот тим направил 13 тренинзи таму за да се аклиматизира на топлината, влажноста и различниот терен.

„Почнавме да се подготвуваме за натпреварот против Колумбија уште во март. Играчите се подготвени за физичкиот предизвик да играат на различен стадион и на подлога различна од онаа на која сме навикнати во Европа“, рече Мартинез.

Натпреварот може да го одреди хрватскиот противник

Исходот од натпреварот во Мајами може да биде важен и за Хрватска. Хрватска игра против Гана вечерва во 23 часот, додека Англија игра против Панама во исто време. Доколку Хрватска ја победи Гана, а Англија ја победи Панама, Хрватска ќе заврши втора во Групата Л. Во тој случај, тие би играле против второпласираната екипа од Групата К во осминафиналето.

Португалија моментално го држи второто место во Групата К. Нерешено против Колумбија сигурно би ја задржало на таа позиција, додека победа за Португалија би ја ставила Португалката на првото место и би ја спуштила Колумбија на второто место.

Доколку Колумбија победи, Португалија би завршила со четири бода, а ДР Конго би можела да го постигне истиот резултат со победа против Узбекистан. Пред последното коло, Португалија има гол-разлика од +5, а ДР Конго -1, па исходот од вториот натпревар од групата К би можел да го одлучи второпласираниот тим.

Мартинез на прес-конференцијата изјави дека не сака да се занимава со можниот пат до крајот на турнирот. „Ако сакате да го освоите Светското првенство, мора да ги победите сите. Мораме да ја прифатиме сложеноста на натпреварувањето и да се фокусираме на тоа да играме најдобро што можеме“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Финансиска независност, посилни надлежности и поголема функционална самостојност на Народниот правобранител. 

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Ова се клучните цели на предложените измени на Законот, за кои денеска се дискутираше во Собранието. Целта е институцијата поефикасно да ги штити човековите права, со соодветни финансиски средства и професионален кадар. Предлогот опфаќа и поголема пристапност за лицата со попреченост и зајакнување на надзорот во одредени постапки што ги водат лица со јавни овластувања.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека за квалитетно законско решение се потребни пошироки консултации со политичките партии и граѓанските организации.

-Ако сме чекале 10 години, можеме да чекаме уште еден месец, уште два месеци, но да ги исцрпиме сите можности, сите знаења, секое искуство кое го имаме во државата да го вклучиме во овој процес,- Африм Гаши, претседател на Собранието .

Народниот правобранител, Фатон Сељами, оцени дека досегашните законски измени не ги дале очекуваните резултати во практиката. Според него, институцијата мора да има предвидливи финансиски средства и доволно професионален кадар за самостојно и ефикасно да ги извршува своите надлежности.

-Нам праксата ни покажа дека токму одредбите кои во 2016 година се изменија или додадоа, а кои беа во оваа насока на исполнување на Париските принципи, не ги дадоа очекуваните резултати во пракса и дека затоа мора истите да се изменат. Фатон Сељами, Народен правобранител.

Зајакнувањето на Народниот правобранител е важно и за европскиот пат на земјата., потенцираше евроамбасадорот Рокас.

-За Македонија зајакнувањето на институцијата Народен правобранител е исто така важен дел од патешествието кон Европската Унија. Во годишниот извештај Европската комисија континуирано ја истакнува потребата за осигурување соодветни финансиски и човечки ресурси за институцијата да може да функционира независно и ефективно,- Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија.

На тематската сесија, каде учествуваа и експерти и претставницие на граѓанскиот сектор Симонида Кацарска од Институтот за европска политика предупреди дека, и покрај долгогодишното постоење, институцијата располага со ограничени финансиски ресурси во споредба со некои земји од регионот.

-Нашиот омбудсман е еден од најстарите во регионот, а ако ги погледнете споредбено буџетите коишто ги има на располагање, ако споредиме со земја како што е и Босна, процентуално од буџетот стоиме многу, многу лошо,- Симонида Кацарска, Институт за европска политика.

Предложените измени треба да поминат низ понатамошни консултации и собраниска процедура. По дискусијата се очекува да бидат усвоени заклучоци за унапредување на законската рамка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела, на кои како никогаш претходно владеачка елита не се соочува со можност за пораз од студентско движење кое прерасна во најсилна опозициска сила. И студентската листа и листата Обедината Србија последните пораки ќе ги испрат од Белград, пред стапувањето на изборниот молк. Александар Вучиќ кој влезе во трката за премиер, синоќа од Ниш ги повика граѓаните на масовност, за како што рече, да докаже дека не стравува од голем одѕив, кој според анализите би им одел во прилог на студентите. Поддршка му дадоа и поранешните претседатели на Србија и на Републкика Српска, Томислав Николиќ и Милорад Додик.

-Кога ќе ги прашате дали ќе ѝ воведете санкции на Русија: „туц“, „мух“, „ух“, „их“, но одговор нема. Ја покажавме разликата меѓу нас и нив, и така треба да се однесуваме во недела. Ајде, победа во недела, убедлива победа, победа во Ниш, победа во цела Србија. , изјави Александар Вучиќ.

И додека Вучиќ го држеше говорот во Ниш, реки студенти и граѓани марширајќи од повеќе српски градови, допатуваа во Белград, пред денешниот главен митинг на плоштадот Славија. Илјадници граѓани френетично ги поздравија на улиците студентите, предводени од носителот на нивната листа, кадиологот Илија Срдановиќ.

-Екслозија на повеќедецениското акумулирање на среќа, на нашата несреќа, гнев, очај, сега конечно излегува на виделина.

-Мислам дека ова е фантастичен настан. Нема веќе назад. Ова е победа и пред гласањето. Мислам дека во недела само треба да потпишеме и тоа да се потврди.

-Немам зборови, затоа сум тука. И мислам дека допрва ќе биде добро. , изјавија жители на Белград.

Анкетите во Србија во изминатиот период покажаа спротивставени бројки. Последното истражување на „Нова српска политичка мисла“, објавено вчера, покажа предност за студентите во однос на Српската Напредна партија на Вучиќ од два процента, но и прогноза за огромна излезеност од 80 проценти. Токму поради тесните бројки во дел од анкетите, експертите по безбедност очекуваат атмосферата да се вжештува во текот на 48-часовниот молк, која би кулминирала на денот на изборите.

-Веројатно некои поединци ќе се одлучат на такви чекори да излезат и да кажат дека изборите се „украдени“ и на некои места да предизвикаат хаос, треба да знаат дека ќе има голем број припадници на безбедносните сили. Тоа е воиграна тактика и тие активности се подготвуваат однапред. , изјави за Курир, Мирослав Беговиќ, професор по безбедносни науки

Изборниот молк почнува на полноќ и ќе трае до 20 часот в недела. За 250 места во Собранието се натпреваруваат 18 изборни листи. Право на глас имаат речиси шест и пол милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани термини

Втор ден од вакцинацијата против сезонски грип. Во поликлиниката „Бит Пазар“ вакцинацијата тече без застој, а граѓаните пристигнуваат еден по друг на закажаните термини. 

Вакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани термини

Вчера се вакцинираше медицинскиот персонал, а денеска граѓаните пред нашата камера кажаа зошто се одлучиле на вакцинација.

Во првите денови од имунизацијата приоритет имаат најранливите категории граѓани. Кој сè има право на бесплатна вакцина и како се одвива процесот, објаснува доктор Соња Ралева.

„Вакцинацијата поминува со уреден тек, закажаните граѓани си доаѓаат во регуларните термини. Од Мој термин се закажани на 10 минути и нема ниту гужви ниту чекања.Во првите неколку дена се закажани најризичните граѓани, возрасни од 65-годишна возраст и во оваа група припаѓаат и ризичните групи, пациентите со хронични заболувања, бремените жени и малите деца од шест месеци до петгодишна возраст – за оваа група вакцинацијата е бесплатна.“- изјава – д-р Соња Ралева.

Доктор Ралева дополнително појаснува дека поради големиот интерес, особено кај повозрасната популација, граѓаните мора претходно електронски да се пријават преку веб-страницата vakcinacija.mk. Без регистрација и закажан термин, не е можно директно да се дојде на вакциналниот пункт и да се прими вакцина.

Интересот за вакцинација е голем. За само една недела се пријавиле над 55 илјади граѓани. Во земјава пристигнаа првите 30 илјади вакцини, а дополнителни количини се очекуваат во ноември. Здравствените работници апелираат граѓаните да немаат страв од вакцинацијата, посочувајќи дека досега не се пријавени сериозни несакани реакции и дека вакцината го намалува ризикот од компликации од сезонскиот грип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер