Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“ - Канал 5

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градот

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Битола го добива својот прв фестивал посветен на чалгијата. На 14 и 15 август, градот ќе пулсира во ритамот на традиционалната чалгиска музика, низ настанот „Битолски чалгиски денови“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар - Битола.

Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градот - таму каде што со децении се создавале и пренесувале музичките приказни, традициите и духот на некогашна Битола. Преку богата дводневна програма, чалгијата ќе биде претставена не само како музика, туку и како дел од културното наследство и препознатливиот градски идентитет.

Првиот фестивалски ден, 14 август, започнува во 11:00 часот во Офицерскиот дом, со семинарот „Канон - Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски. Едукативната содржина ќе биде можност за запознавање со традицијата, структурата и спецификите на чалгиската музика.

Фестивалската атмосфера продолжува во 18:00 часот на Широк Сокак, со пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави големиот музички дел од програмата.

Вечерта, центарот на случувањата се сели во Старата Чаршија кај Монмартр, каде од 20:30 часот ќе настапат Чапче и Тајфата. Во 21:30 часот следува настапот на Филип Шурбевски Езгија Квартет, а во 22:30 часот вечерта продолжува со „Мерак чалгии“, Димитар Андоновски и Бојан Стојков.

На 15 август, чалгиската приказна продолжува во Старата Чаршија. Од 20:30 часот повторно ќе настапат Чапче и Тајфата, додека за 22:00 часот настапуваат Љубојна и Битолскиот Чалгиски Оркестар.

Со својата премиерна фестивалска програма, „Битолски чалгиски денови“ отвора нов простор за афирмација на чалгијата и нејзино приближување до новите генерации, истовремено потсетувајќи на богатото музичко наследство на Битола.

Два дена чалгија. Два дена традиција. Една Битола.

Првиот фестивал на чалгијата во градот е покана за битолчани и гостите на Битола да ја почувствуваат музиката на чаршијата, да ја доживеат традицијата на поинаков начин и заедно да бидат дел од создавањето на една нова фестивалска традиција.

„Битолски чалгиски денови“ - 14 и 15 август, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно - информативниот центар - Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. 

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат?

Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици.

Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже.

Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото.

Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето.

Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла.

Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај.

Наскоро повеќе информации.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

​Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси.

Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари.

Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката.

И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката.

Сето ова се случувало додека СДС беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив.

Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси.

Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДС кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер