Најавена е целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје - Канал 5

Најавена е целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје

Железничката станица во Скопје повеќе нема да биде турбо фолк хаб и големо рекламно пано – вака првиот човек на железници инфраструктура, Синиша Ивановски, ја најави реконструкцијата на железничката станица.

Најавена е целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје

Во следната година и половина ќе треба да биде готов проектот, да се обезбеди финансирањето и истата да се заврши во следните 5 до 6 години, бидејќи планот е истовремено да се пушти заедно со брзата пруга на Коридор 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје.

Активностите ќе се спроведуваат во соработка со Градежниот и Арихитектонскиот факултет, параелелно со проектирањето на железничката ќе има и проекти за ремонт на пругата Зелениково – Велес, како и санација на неколку свлечишта и мостат на Црна Река, кој во 2022 година делумно се урна.

„Ако сметаме дека од прилика од почетокот на градбата на брзата пруга треба околу 5 години до крајот претпоставуваме дека околу 2 години би ни требало за градежни работи за целосна реконструкција на оваа станица што би значело ако завршиме со проект за година дена од денеска до година ипол после тоа за финансирање или ќе се оди со државниот буџет, или заем на класичните заеми што ги имаме до сега со ЕИБ, ЕБРД, со комерцијални банки, но не ја исклучувам можноста оваа железничка станица да влезе во стратешкото партнерство со Велика Британија...Железници транспорт го следи целиот процес и ќе имаме нови возови нови локомотиви...“- - Синиша Ивановски – директор на Железници Инфраструктура.

Во однос на брзата пруга, Ивановски вели во најголем дел ќе се задржи постоечката траса, а во студиите кои ќе се прават во следните неколку месеци ќе треба да се утврди каде ќе биде новата траса.

Задача на градежниот факултет ќе биде целосна реконструкција и рехбилитација на елемнтите на пругата на железничкиот коридор 10.

„Нас ние потребна и постојната железничка линија која што ја имаме таа може да се користи во најмала рака за тежок сообраќај и индустријата, додека брзата пруга ќе си има додадена вредност....Градежниот факултет веќе е екипиран излезен на терен ги знаеме проблемите ќе се одвиваат сегментно во фази уште ведаш ќе се започне со полесните фази....“ - Јосиф Јосифовски – декан на градежен факултет.

Реконструкцијата на железничката станива ќе се прави со зачувување на основниот изглед како што е направено во 1981 според проектот на Кензо Танге но со нови модерни елементри по

„Внимателно ќе иг преиспитаме оргиналните аспекти на проектот на Кензо Танге ќе бидеме многу внимателни, софистицирано да ги редизајнираме аспектите на дизајнот но исто така да пружиме нешто ново што сметаме ќе претставува додадена вредност на она што денес претставуваат железничките станици...“- европски стандарди,- Анета Христова Поповска – Декан на Архитектонски факултет.

Според најавите ќе се менуваат инсталациите, греењето, ладењето, ќе има промена на содржини, ќе има аптеки и други комерцијални содржини, но доградби нема да се дозволуваат и се што е сега надовр од првичниот прокет ќе биде отстрането.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерница

На 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола.

На Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерница

Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија.

Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам:

Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Најголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација.

Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции.

Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед.

Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата.

Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна.

Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер