Познаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваат
1Познаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваат
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
Шоу бизНајавен научно-фантастичниот хорор „Осмиот патник 9“Меѓу потврдените глумци засега се Дејвид Џонсон, Арчи Рено, Спајк Ферн и Ејлин Ву. Ридли Скот овојпат ќе биде продуцент на филмот. Веќе некое време се навестува деветтиот филм од серијалот „Осмиот патник“ (Alien), што се одржува во живот, со повеќе или помалку успех, уште од 1979 година, кога се појави првиот дел од научно-фантастичниот хорор-филм, во режија на Ридли Скот, и влезе во историјата. Но, овде станува збор за современиот Холивуд кој денес функционира во голема мера на преработки, видоизменети приказни со иста основа и продолженија. Меѓу потврдените глумци засега се Дејвид Џонсон, Арчи Рено, Спајк Ферн и Ејлин Ву. Ридли Скот овојпат ќе биде продуцент на филмот. Феде Алварез ја прифатил улогата на режисер. Пред неколку години, само неколку месеци по „Осмиот патник: Завет“ (Alien: Covenant) на Скот, правата за филмот ги купи „Дизни“, компанија што, според критичарите, е во вечна потрага по идеи за искористување - додека не ги истроши „до непрепознатливост“. Инаку, првиот филм стана класика, а седум години подоцна, во 1986, Џејмс Камерон, „на крилјата“ на успехот со „Терминатор“, реши да сними го сними и режира „Осмиот патник 2“ (Alienѕ) што ја подигна целата приказна на сосем ново ниво и според многумина - тоа е едно од најдобрите продолженија на сите време. Рипли и Камерон ја претворија Сигурни Вивер во меѓународна ѕвезда и една од најголемите акциони хероини на сите времиња. Новиот проект сѐ уште е во претпродукција, но обожавателите се надеваат дека глумицата ќе се врати во приказната во обид да ја врати славата што серијалот ја имаше со првите два филма. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПознаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваатСекое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години, кое користи интернет, било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба овозможена преку технологијата во период од една година. Тоа се околу 12.000 деца. Податоците се дел од новиот извештај на УНИЦЕФ кој денеска беше презентиран. 1 ОД 10 деца изложени на онлајн сексуална злоупотреба ≈ 12.000 деца 78% - сторителот бил познат на детето 48% - доживеале повеќе од една форма на злоупотреб Особено алармантно е што во 78% од случаите сторителот бил некој што детето го познава, додека само во 5% бил целосно непознат човек. 48% од децата биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација. Истражувањето, исто така, покажува дека момчињата и девојчињата биле погодени во слична мера, без значајни разлики во однос на полот, возраста, местото на живеење, дигиталните вештини или степенот на образование на родителите. -Несомнено е дека децата не можат и не треба од нив да очекуваме сами да се заштитат од ваква злоупотреба, но одговорноста е пред се кај нас возрасните за да спречиме штета, ефективно да одговориме и да создадеме побезбедна средина за децата. – Лесли Милер – Претставник на УНИЦЕФ Иако 88% од децата кои биле експлоатирани или злоупотребени раскажале некому за своето искуство, пријавувањето и барањето помош преку формални канали останало исклучително ниско (под 1%). Децата ги навеле срамот, стигмата, несигурноста во врска со процесите на пријавување и недостатокот на доверба во институциите како клучни пречки за барање формална помош. Институциите мора поефикасно да реагираат на ризиците со кои децата се соочуваат на интернет. Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени вели дека новото истражување треба да биде патоказ за конкретни мерки – од превенција во училиштата, до подобра размена на информации меѓу институциите и појасни процедури за пријавување и постапување по случаите. -Ни помага да ја согледаме реалната состојба во аншето општество, како се однесуваат младите онлајн, кои ризици се најчести и каде институциите треба да интервенираат поефикасно. Тој нуди насоки за зајакнување на законската рамка за подоцна на професионалците кои работат со доеца и за унапредување на практичните механизми за превенција и заштита. – Астрит Исени – Заменик министер за внатрешни работи Правни празнини има и во заштитата на децата од сексуална злоупотреба преку интернет. Во извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека законите мора да се приспособат на новите форми на дигитална злоупотреба, а институциите да имаат појасни механизми за пријавување, истрага и заштита на жртвите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеформската агенда ќе биде надградена и ќе предвидува околу педесетина чекори, најавува СалиОбемот на Реформската агенда ќе се прошири, најавува министерот за европски прашања Беким Сали, по како што појасни, позитивните пораки добиени од Брисел за динамиката на македонскиот евроинтегративен пат. Според Сали, освен редовните обврски, реформската агенда ќе биде надградена со дополнителен пакет од неколку десетици нови чекори, со што воедно, би се зголемила и финансиската поддршка за земјава преку европскиот План за раст. -Имаме повеќе чекори, тоа се 30тина кои што мора да ги исполниме и работиме со институциите имајќи во предвид дека нормалниот тек на реализација на реформската агенда треба да биде до крај на 2027 година со грејс период до декември 2028 година, а дополнително сега работиме на пакет кој што би опфатил околу 50тина чекори, се уште не е дефиниран бројот затоа што роковите се уште се отворени. Значи ние треба да понудиме дополнителни чекори кои што ние би можеле како институции да ги исполниме за да можеме тој пакет од 750 милиони евра да го зголемиме како можност за искористување на вкупниот буџет од 6 милијарди евра, предвиден за Западен Балкан.- Беким Сали, прв вицепремиер и министер за европски прашања Сали комуникацијата со Европската унија ја оцени за одлична, што не може да се каже и за онаа со Бугарија. Тој вели, не се градат добрососедски односи со изјави како неодамнешната на бугарската претседателка Јотова за време на одбележувањето на празникот Илинденско-Преображенско востание. -Добрососедските односи не се градат со давање на такви изјави, тие се градат со поддршка на држава која што има аспирации кон ЕУ. // Тоа е начинот како тие сакаат да покажат дека се посилниот „комшија„ кој што не условува во интегративниот процес, меѓутоа, јас сметам дека разумот на крај ќе надвладее над сите луѓе кои што одлучуваат во развојот на еден регион. - Беким Сали, прв вицепремиер и министер за европски прашања Во однос на новиот план за проширување предложен од еврокомесарката Марта Кос кој вклучува построги правила и нова методологија, ресорниот министер информираше дека од ЕУ се уште не пристигнал официјален документ ниту пак се воделе разговори за новите критериуми. Сали додаде дека новата методологија би се издефинирала по околу две години, а дотогаш како што вели, следи период на пораки до сите земји кандидатки, дека треба да се подготват за процесот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаПоставен камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце, треба да биде готов за 4 години По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце.По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце, стратешката делница која треба да ја зајакне инфраструктурната врска и сообраќајната безбедност кон и од Косово, граничен премин кој годишно го минуваат 54.000 камиони. Ваквите проекти се владин приоритет, и ќе донесат сериозен бенефит за граѓаните, како и иднина за младите, порача премиерот Христијан Мицкоски. Неговиот колега, косовскиот премиер Албин Курти, кој беше присутен на поставување на камен темелникот пак посочи инвестицијата ќе влијае врз економскиот развој и животот на граѓаните од двете земји. -После нешто повеќе од 20 години овој проект станува реалност. Ветување кое што беше дадено на почетокот на оваа Влада, беше дел од клучните приоритети на работата на оваа Влада и очекувам многу скоро од денеска да видиме значителен прогрес на работите на терен и во рекордно време да биде овој проект реализиран. Од особено значење ќе биде за нашите две земји, Косово и Македонија, за граѓаните помеѓу двете земји ќе значи подобра економија, подобро поврзување, подобар транспорт, подобра размена, нешто што претставува со исклучително важен атрибут, особено во 21 век. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада -Ќе се олесни протокот и ќе се создадат нови можности за соработка, за граѓаните и економиите на нашите две земји, ние сме две држави кои имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата. Семејствата, студентите, работниците, професионалците и нашиот бизнис се движат секој ден помеѓу Косово и Македонија.- Албин Курти – Премиер на Косово Механизацијата е веќе на терен, а изградбата на автопатот ќе биде сложен процес оти теренот е ридско-планински. Предвидени се виадукти, бројни мостови, галерии, потпорни ѕидови и тунели. Во двата правци ќе има по две коловозни ленти и по една помошна, а целосната ширина ќе биде околу 27 метри. Повеќе од половина од експропријацијата е завршена, а процесот се очекува да се заокружи за еден месец. Целта е Македонија да стане инфраструктурно срце на Балканот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. -Автопатската делница од 10,5 километри, исклучително тежок терен, ќе имаме пет тунели, четири галерии, 11 моста. Иако делницата во километри делницата е кратка, доста е комплицирана, но со завршувањето на оваа делница ќе имаме целосно автопатско поврзување помеѓу Скопје и Приштина, но исто така го отвораме Скопје и Македонија кон најмалце две пристаништа, ова е алтернативно поврзување со пристаништето Драч, но исто така и со поврзување со пристаништето Бар. - Александар Николоски – Вицепремиер/ Министер за транспорт На поставувањето на камен темелникот беше присутен речиси целиот државен врв, како и европски делегации. Проектот се финансира од ЕБОР со 167 милиони евра, а земен е и грант од околу 30 милиони евра од рамката на Западен Балкан. Со изградбата, овој пат ќе се поврзе директно со автопатот до Приштина, кој е веќе направен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook