Најава за годишен концерт на ансамбл „Танец“ - Канал 5

Најава за годишен концерт на ансамбл „Танец“

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува својата кулминација на сезоната-Годишниот концерт-„Ритамот на душата, бојата на традицијата“

Најава за годишен концерт на ансамбл „Танец“

Дата: 20.12.2025 Сабота

Место: Национална Опера и Балет

Време: 19:30 часот

Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива тековната концертна сезона.

Подгответе се за незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор. На програмата ве очекуваат:

Мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни.

Раскош на народни носии од сите краишта на Македонија.

Кореографски решенија кои ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз.

Врвни играорци, пејачи и музичари на Ансамблот кои го носат македонскиот идентитет низ светот.

Не ја пропуштајте оваа свечена можност да бидете дел од традиционалниот празник на народната уметност, што е идентитетскиот код на Македонија!

Билети: Билетите се во продажба преку kupikarta.com

Повелете да го прославиме фолклорот заедно!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесени се кривични пријави против три лица од Струмица и струмичко за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“

СВР Струмица расчисти повеќе кривични дела.

Поднесени се кривични пријави против три лица од Струмица и струмичко за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

Пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни случаи ја искористувале тешката финансиска состојба на лица од Струмица и пошироко и им давале парични средства на заем, кои договарале да им бидат вратени со несразмерно високи камати и неповолни услови, а воедно барале да им враќаат и дневна камата во износ од 3.000 денари или 50 евра за секој ден задоцнување. Л.К. и Н.К. се сомничат и дека со закани ги присилувале лицата да им ги исплаќаат паричните средства во износи кои повеќекратно ги надминувале првично позајмените суми. Додека, Д.К. се сомничи и дека во март 2026 година, откако лице му ги вратило паричните средства кои му ги должело, тој од раце му одзел и други парични средства ина тој начин сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Во изминатиот период, полициски службеници од СВР Струмица постапуваа по повеќе одделени случаи пријавени од оштетени лица, кои од пријавените земале пари под наем, при што се обезбедени материјални докази кои ги потврдуваат изјавите на оштетените и сомнението за сторените кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либанската армија се повлекува

Либанската армија се повлече од своите позиции во Кфар Тебнит во близина на јужниот либански град Набатија, додека израелските одбранбени сили (ИДФ) напредуваат во областа, објавија денес либанските медиуми.

Либанската армија се повлекува

Снимките објавени од либанските медиуми покажаа оклопни возила на либанските вооружени сили како се оддалечуваат од Кфар Тебнит, објави „Тајмс оф Израел“.

Градот Кфар Тебнит се наоѓа на периферијата на Набатија, град кој се смета за упориште на Хезболах. Неименуван функционер на израелските одбранбени сили изјави претходно оваа недела дека ИДФ е подготвен да започне офанзива против Хезболах во Набатија.

Порано денес, израелската армија (ИДФ) издаде наредба за жителите на 20 градови и села во јужен Либан да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката Захрани.

Според наредбата, евакуацијата опфаќа неколку локации во регионите Набатија и Џазан, вклучувајќи ги Деир ал-Захрани, ал-Намирија, Набатија ал-Тахта и ал-Фавука, Кфар Руман, како и други околни села, објави Ал Џезира претходно денес. Израелските одбранбени сили (ИДФ) подоцна соопштија дека над 70 локации на Хезболах во јужен Либан биле погодени во изминатиот ден и дека неколку оперативци на Хезболах биле убиени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Штип за заштита на шумите од пожари

Целта на превентивната активност беше да се подигне свеста кај граѓаните.

Превентивна активност на СВР Штип за заштита на шумите од пожари

На 13.06.2026, полициски службеници од ОВР Свети Николе спроведоа превентивно едукативно активност под мотото „Палење на шумите е криминал". Притоа, полициски службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максималната грижа за шумскиот фонд, односно да не се палат стрништа, да не се предизвикува пожар на отворен простор, каде и како да ги пријавуваат пожарите, односно за начините на превенција и заштита на шумите.

Целта на превентивната активност беше да се подигне свеста кај граѓаните за совесно и одговорно однесување во шумите. За време на активност на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер