„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

Необичен протест на млади во Тирана, упаднаа во Парламентот

Необичен протест се одржа денеска во албанскиот Парламент, каде група млади луѓе упаднаа за да ја изразат својата поддршка за иселениците од албанската дијаспора да имаат право на глас на следните избори во земјата, објави Еуроњуз Албанија.

Тие, како што пренесуваат медиумите, се качиле на една од терасите во пленарната сала на Парламентот, од каде фрлале летоци кон пратениците држејќи транспарент со натпис „Сакам да гласам во 2025 година“.

Тие истакнаа дека власта ја прекршува одлуката на Уставниот суд што им даде рок од една година да го решат прашањето за гласањето на дијаспората на изборите во 2025 година, кога се очекува да се одржат редовни парламентарни избори.

Во изјава за медиумите, младите додаваат дека се активисти кои сакаат да го информираат јавното мислење и владејачкото мнозинство за гласањето на дијаспората./МИА

притисни ентер