Најатрактивната спортска новинарка на празничен тренинг во теретана (ФОТО) - Канал 5

Најатрактивната спортска новинарка на празничен тренинг во теретана (ФОТО)

Кралицата на Серија А, Италијанката Дилета Леота, на своите друштвени мрежи се пофали дека не мирува кога е во прашање вежбањето ниту на празници.

Најатрактивната спортска новинарка на празничен тренинг во теретана (ФОТО)

Така, на Божиќ објави неколку фотографии и кратко видео од теретана, додека во описот напиша „Божиќен тренинг.“

Дилета со години е позната како најпознатата и најатрактивна спортска новинарка, а љубовта кон фудбалот ја доведе во прегратките на германскиот голман Лорис Кариус, со кого има и дете.

Кариус моментално е без клуб, откако летово му истече договорот со Њукасл. Најмногу е познат по тоа што бранеше за Ливерпул и направи голем кикс во финалето на Лигата на шампионите против Реал.

Од друга страна, неговата девојка е позната по веќе споменатиот атрактивен изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Мицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. 

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно.

Народот не е наивен. Сметката е проста.

За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи.

Цевките со Грција и Србија ги најавува. Капацитетот што го ветува - три, шест, осум милијарди кубици - не постои денес.

Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери.

Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име.

ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува.

Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери.

Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата.

Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка.

Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја "пие" струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата.

Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа.

Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација.

Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција.

Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата.

Скопје, 19.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против шест лица за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Првата обвинета е вработена во Министерството за внатрешни работи, како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи – Скопје, која во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, внесувајќи дополнителни категории.

Останатите петмина опфатени со обвинението се возачи кои, иако знаеле дека немаат положено за Ц и Д категорија, во договор со првата обвинета, поднесувале барања за издавање дозволи во кои им биле впишувани дополнителни категории.

Ваквите невистинити исправи тие ги користеле за да аплицираат и да добијат сертификати за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки, а потоа во повеќе наврати управувале со автобус или товарно возило во меѓународен сообраќај.

За тројца обвинети, вклучувајќи ја и вработената во МВР, јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. За останатите тројца кои се недостапни на органите на прогонот предложи да им биде определен притвор од нивното пронаоѓање, а постапката против нив ќе продолжи во нивно отсуство.

Во меѓувреме, во рамките на истиот предмет, продолжуваат да се преземаат дејствија за обезбедување докази и против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи, а обвинителството продолжува да истражува и други можни злоупотреби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Најмалку 30 лице загинаа во самоубиствен напад врз полициски комплекс во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Нападот бил извршен со автомобил наполнет со експлозив, кој бил насочен кон објектот во момент кога полицајци и членови на нивните семејства биле собрани на молитва во џамија во рамките на комплексот.

Експлозијата предизвикала големи материјални оштетувања, а спасувачките екипи продолжиле да го пребаруваат подрачјето. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми.

Пакистан во последните години се соочува со зголемен број напади врз полицијата и безбедносните сили, особено во областите во близина на границата со Авганистан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер