3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
КултураНаидува “Топол културен бран”Во рамки на манифестацијата “Топол културен бран” оваа година ќе се реализираат над 100 културни настани во 31 општина во државата. Програмата која содржи повеќе театарски претстави, концерти, фестивали и настапи на помали културни друштва ќе се реализира во две етапи, од 20 до 31 јули и од 21 до 31ви август. Целта на оваа манифестација е да го збогати културното живеење на граѓаните, како и привлекување на вниманието на домашната и странската публика. Во рамки на 9. манифестација „Топол културен бран“ годинава ќе се реализираат повеќе од 100 културни настани во 31 општина. Програмата ќе се реализира во две етапи, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август во Вевчани, Валандово, Кавадарци, Ресен, Маврово-Ростуша, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Крива Паланка, Могила, Неготино, Кочани, Демир Капија, Македонска каменица, Кратово, Делчево, Берово, Кичево, Богданци, Виница, Чашка, Демир Хисар, Новаци, Свети Николе, Гостивар, Крушево, Кривогаштани, Охрид, Гевгелија, Ресен и општина Петровец. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека имало голем интерес од општините. - Министерството за култура во април годинава објави конкурс за учество во програмата на „Топлиот културен бран“, кој беше отворен за сите општини во Република Македонија. Големиот број пристигнати апликации го потврдија интересот на општините да ги вложат сите свои потенцијали во изработката на програми со кои ќе ја анимираат публиката во летниот период. Критериумите според кои се вршеше изборот на понудените програми беа квалитетот и инфраструктурниот капацитет на општините, рече Канческа-Милевска. Додаде дека од буџетот на Министерството за култура се издвоени 4 милиони денари, распределени за сите општини, врз основа на настаните што ќе се реализираат. Од големиот број случувања, таа ги издвои театарски претстави од репертоарот на националните театарски куќи Македонскиот народен театар, Театарот Комедија, Охридскиот, Штипскиот и Албанскиот театар. Концерти ќе имаат етно групите „Монистра“, „Синтезис“, „Љубојна“, концерт на ансамблот „Танец“ и настапи на помали фолклорни друштва преку кои, како што рече, ќе се промовира македонскиот фолклор и македонската изворна песна. Граѓаните ќе можат да ги проследат и настапите на Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, потоа рок концертите на ДНК и Ај Кју, на македонските естрадни уметници Даниел Кајмаковски, Сара Мејс... Министерката за култура потсети дека досега во рамки на оваа манифестација се реализирани повеќе од 800 проекти. Таа изрази задоволство што нашата држава во изминатиот период беше и на агендата на големите музички ѕвезди како Дејвид Гета, Енрике Иглесиас, Џон Њуман. До крајот на летото, со поддршката на Министерството за култура во Охрид ќе ги видиме и Ники Ромеро, Ал Ди Меола и легендарните Продиџи. Таа потсети дека во текот на летото во нашата држава се реализираат и голем број на фестивали- Охридско, Скопско, Битолско и Прилепско лето, „Струшките вечери на поезијата“, „Балканскиот фолклорен фестивал“, „Галичката свадба“, фестивалот на античката драма „Стоби“, „Офф-фест“, „Крушево-етно-град“. Од неодамна започнавме и со реализацијата на проектот „Културно лето“ кој ги промовира потенцијалите на туристички атрактивните општини како Берово, Крушево, Ресен и Дојран, кој годинава е град на културата. Градоначалничката на Богданци Анастасија Олумчева истакна дека поддршката од Министерството за култура за малите општини е многу значајна. Секоја година, како што рече, се повеќе даваме акцент на млади автори, студенти, професори, локални групи и автори. Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе, нагласи дека на своите граѓани ќе им понудат повеќе културни настани-театарски претстави, концерти... Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезоски информира дека во рамки на „Преспанското културно лето“ ќе се реализираат повеќе настани во Стење, Крани, Сливница и Ресен. Според него, целта е да се овозможи збогатување на културното живеење на граѓаните, зголемување на свеста за културата и нејзините вредности и подобрување на туристичката понуда за време на летото во Ресен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд 15 ноември задолжително поседување на зимска опремаЗимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.: - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4x4): - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. За моторни возила кои надминува 3.500 кг: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм. - пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; - автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци. Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.Тагови: зимска опрема Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Шоу бизЏенифер Лопез „уловена“ со мистериозен мажИма 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж. На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж. Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво. Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера. Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок. Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 19 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21