Награди за најдобариот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје - Канал 5

Награди за најдобариот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје

Гоце Николовски е најдобар полицаец, Бранислав Трајчевски е најдобар пожарникар, а Томче Симјановски е најдобар крводарител за 2015 година во Скопје.

Награди за најдобариот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје
Наградите на најхрабрите и најхуманите луѓе во Град Скопје за 2015 година денеска им ги врачи градоначалникот Коце Трајановски.

- Градот Скопје традиционално на крајот од секоја година ги наградува најдобриот полицаец, крводарител и пожарникар. Ги наградуваме најхрабрите и најхуманите во оваа област во Градот Скопје. Наградата ќе биде по 10.000 денари и нашата цел е да ги поттикнеме граѓаните и професионалните служби да бидат што похумани и што похрабри, се во интерес на граѓаните на Скопје, рече Трајановски.

Најдобриот полицаец за 2015 година, Гоце Николовски, вработен во Пријавно одјавна служба во Полициска станица од општа надлежност „Центар“- Скопје има 22 години работен стаж, а во текот на изминатата година остварил натпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.

Најдобар пожарникар за 2015 година е Бранислав Трајчевски- водич на група во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кој во текот на измината година учествувал во гаснење повеќе пожари, односно во над 200 интервенции. Имено, во текот на неговиот работен стаж од 33 години учествувал во гаснењето на повеќе пожари и технички интервенции каде што придонел за намалување на материјалните штети и спасување човечки животи.

Најдобриот крводарител Томче Симјановски во изминатите години има 101 дарување крв, а активно учествувал во сите редовни и вонредни крводарителски акции. Неговата хуманост претставува пример и поттик за сите млади да станат повеќекратни дарители и да ја продолжат хуманата мисија спасувајќи нечиј живот.

Град Скопје ги награди најдобрите со благодарници и со 10 илјади денари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранети

Јеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.

Јеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранети

Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомври

По речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.

Распишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомври

Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење.

-Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата.

-Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“

Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата.

-Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“

-Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“

Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Пет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер